До ФЗО досега нема стигнато известување за лекување на државјани до Косово во јавното здравство

До Фондот за здравствено осигурување досега нема доставено официјална информација за лекување на државјани до Косово во јавното здравство во Македонија.

Државјани кои користат приватни здравствени услуги плаќаат повисоки цени од осигурениците од фондот. Ако фондот за услугата плаќа илјада денари не може таа на приватно да е пониска, објаснува директорката на ФЗОМ Магдалена за Канал 5 Магдалена Филиповска Грашкоска.

Грашкоска потенцира дека засега Македонија само со Албанија од соседните земји има склучено договор за социјално осигурување. Ова осигурување се активира само во итни состојби доколку на пример државјанин на Македонија се повреди или има ургентна интервенција ќе плати само партиципација која е иста како корисниците на фондот во Албанија а остатокот од сумата го плаќа фонодот на државата Македонија и обратно за албанските државјани кои доаѓаат во Макеоднија.

Изјавата на министерот Меџити предизвика реакција откако тој даде изјава дека косовските граѓани плаќаат двојни цени и тоа само во јавното здравство, а не во приватното. Тој посочи дека дал наредба од Министерството за здравство ова да се израмни и да има исти цени како за државата, бидејќи всушност не доаѓаат странци во Македонија, тие се од Косово, особено за здравствени потреби. По реакциите во јавност од министерството за здравство вчера излегоа со соопштение во кое косовските државјани нема да се лечат на сметка на граѓаните на Македонија, туку дописот што е испратен до сите Клиники и институти се однесува на усогласување на цените за приватни здравствени услуги за странците со оние за македонските граѓани што не се осигурани и плаќаат приватно. Од фондот за канал 5 во допис потврдија дека во однос на Косово, Комисијата за склучување на Договори за социјално осигурување на Република Македонија на почетокот во 2023 година, по дипломатски пат, поднесе иницијатива за склучување на Договор за социјално осигурување со Косово.

Рекорден број мигранти се движи кон границата на САД, Бајден пред нов тест (ВИДЕО)

Илјадници мигранти преминаа во Соединетите држави последниве денови, од Калифорнија до Тексас, а многу други пристигнуваат со автобуси и товарни возови во мексиканските погранични градови, што претставува нов предизвик за претседателот Бајден. 

Драматичното зголемување долж границата, особено во Сан Диего, Калифорнија и во тексашките градови Ел Пасо и Игл Пас, означува пресвртница откако бројките драстично паднаа во последниве месеци и може да создаде нови политички проблеми за Бајден пред изборите.

Во мај, Бајден започна нови политики за да ги спречи илегалните преминувања, вклучително и депортирање на мигранти и забрана за повторен влез на пет години, додека неговата администрација се бореше со рекордната миграција. За еден месец построгите мерки ја намалија стапката на минување на границата за околу 70 отсто.

Но, неодамнешниот пораст на пристигнувања на границата, во комбинација со значително повеќе луѓе кои се упатуваат кон север преку Централна и Јужна Америка, со мигранти кои се возат на покривите на товарни возови низ Мексико, сугерира дека одвраќањето опаѓа.

Експертите велат дека САД немаат капацитет да ги приведат и обработуваат мигрантите на границата, што често ја оневозможува администрацијата да ги спроведе строгите казни што ги објавија во мај. Како резултат на тоа, некои баратели на азил кои нелегално преминуваат се пуштени во САД со иден датум на судење наместо да бидат депортирани.

„Администрацијата на Бајден излезе со паметна стратегија, но нема ресурси или капацитет да ја спроведе“, рече Ендрју Селе, шеф на Институтот за миграциска политика. Царината и граничната заштита на САД соопштиле дека ги обработуваат мигрантите безбедно и ефикасно и ќе наметнат последици, вклучително и депортација за мигрантите без правна основа да не останат во земјата.

Спасовски на „Неготински панаѓур” во чест на верскиот празник Мала Богородица

Со задоволство се одзвав на поканата на неготинци да го посетам познатиот „Неготински панаѓур”, едновековна традиција на овој град за време на гроздоберот во Тиквешијата, а во чест на верскиот празник Мала Богородица.

Оваа тридневна манифестација, со најдолга традиција во Македонија, привлекува голем број гости и посетители од сите краишта на државата, трговци кои ги промовираат своите производи, карактеристични за поднебјето.

На овој ден се дава предност на доброто расположение, радоста на живеењето и другарувањето - нека е за многу години!, објави на ФБ министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Бајден се премисли- сепак на Украина ѝ испраќа моќен ракетен систем со голем дострел

Американскиот претседател Џо Бајден го информирал украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Вашингтон ќе му достави на Киев ракети АТАКМС со долг дострел, објави Ен-Би-Си њуз, цитирајќи тројца американски претставници и член на Конгресот.

Киев долго време бара од администрацијата на Бајден воени тактички ракетни системи (ATACMS) за да ги нападне и прекине линиите за снабдување, воздушните бази и железничката мрежа на територијата окупирана од Русија.

Зеленски вчера го посети Вашингтон за да разговара со Бајден. По тој повод, САД најавија нов пакет воена помош за Киев во износ од 325 милиони долари. Но, советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, на прес-конференција вчеравечер рече дека САД ќе ја снабдат Украина со „важни“ системи за воздушна одбрана, но „засега“ не ракети со долг дострел ATACMS што ги бара Киев.

Пентагон не одговорил веднаш на барањето за коментар. Претходно беше објавено дека администрацијата на Бајден размислува за испраќање на ATACMS, кој има домет од 306 километри, во Украина. Системите ATACMS се дизајнирани за напади доста далеку од линијата на фронтот.

Бајден вчера го увери Зеленски дека силната американска поддршка за одбивањето на руските агресори ќе продолжи и покрај противењето на некои републикански пратеници кои се противат на испраќање помош од милијарди долари.

притисни ентер