Џонсон: Самитот Г7 е можност да ги научиме лекциите од пандемијата

Премиерот на Британија, Борис Џонсон, им порача на лидерите на најиндустријализираните земји (Г7) дека нивниот самит е можност да ги научат лекциите поврзани со пандемијата на коронавирус и да се осигурат дека грешките нема да се повторат.

Обраќајќи им се на лидерите на Г7, како и на Европската унија, Џонсон истакна дека тој смета дека ова е состанок што „навистина мораше да се случи затоа што треба да се осигураме дека ќе ги научиме лекциите од пандемијата на коронавирус“ и да се осигураме дека „нема да ги повториме грешки што ги направивме во последните 18 месеци ".

„И ние мора да бидеме сигурни дека нашите економии сега ќе закрепнат“, додаде британскиот премиер, поздравувајќи ги учесниците на отворањето на самитот.

Лидерите на Г7 го започнаа тридневниот самит под сенка на пандемијата на коронавирус, за да разговараат за глобалното закрепнување, фер дистрибуцијата на вакцината против ковид-19 и климатските промени.

На првиот ден, лидерите треба да разговараат за закрепнувањето од пандемијата, фокусирајќи се на прашања како што се донациите на вакцини против ковид-19 и финансиската помош за изградбата на фабрики за производство на вакцини низ целиот свет, пишува германската агенција ДПА.

Утре ќе разговараат за економската отпорност и надворешната политика, а четвртата дискусија е посветена на здравството.

Во недела, темите ќе бидат климата и природата и ќе биде прикажана претходно снимената видео порака од натуралистот Дејвид Атенборо.

Тоа е прв физички состанок на лидерите во овој формат во последните две години, откако лидерите на Г7 се состанаа онлајн минатата година заради пандемија, но и прв голем меѓународен самит за американскиот претседател Џо Бајден.

Џонсон на отворањето на самитот исто така рече дека состанокот требало да биде неформален разговор затворен за јавноста, но дека станал „огромен медиумски циркус“.

Г7 се состои од САД, Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија и Јапонија, а на самитот учествуваат и претставници на Европската унија.

Притвор од 30 дена за битолчанец за поседување кокаин и марихуана

Основното јавно обвинителство Битола, постапувајќи по поднесена кривична пријава, донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице на возраст од 26 години.

Лицето е осомничено за кривичо дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори" од член 215 став 1 од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО Битола.

– Осомничениот, на 18 јуни, во автомобил марка Ауди А6, неовластено за продажба држел наркотична дрога – 11,02 грама кокаин во повеќе полиетиленски пакувања. При претрес на неговиот дом, пак, полицијата пронашла и 2,59 грама марихуана, информираат од битолското Обвинителство.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, поради проценката дека постои опасност да се даде во бегство или да го повтори делото. Судијата го прифати предлогот на Обвинителството и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

Довербата во судството и обвинителството и понатаму најниска, во банките најголема

Само 3 % од граѓаните целосно веруваат во ефикасноста на правосудните органи, покажува најновото истражување на Меѓународниот републикански институт (ИРИ).

Според анкетата, довербата е ниска во речиси сите институции, а судовите и јавното обвинителство се речиси на дното.. Целосна или делумна доверба имаат едвај четвртина од луѓето.. На слично ниво се и партиите и Парламентот..

Во истражувањето на ИРИ, дури 29 отсто од испитаниците одговориле дека силно не се согласуваат дека има владеење на правото, исто како на нивото во 2016 година. Тогаш имало и еден процент помалку недоверба. Дека има владеење на правото во Македонија се убедени едвај 12 % од испитаниците..

Освен во судството и обвинителството, граѓаните не веруваат ниту дека антикорупциската комисија си ја врши работата.. Силна доверба во инситуцијата имаат само 4 % од граѓаните...

Нешто подобро котира владата, во која некаква доверба имаат 35% од испитаниците, а на слично ниво, со 34% доверба е и опозицијата...

Од институциите, на листата најдобро стојат полицијата и здравството со околу 50% доверба.. Изненадувачки, први на листата со најголема доверба се банките.. Во нив цврсто веруваат 13 % од граѓаните, а делумно 44%..

Стопанственици: Неработна недела ќе предизвика отпуштања и неизвесност

Прогласувањето недела за неработен ден од октомври ќе донесе сериозни проблеми и негативни последици за голем дел од секторите на кои ќе им биде забрането да работат на овој ден.

Со тоа што не се влезени во групата на работници кои смеат да работат во недела некои од секторите најавуваат дека ќе претрпат штети и до 70% од падот на прометот и ќе мора да отпуштат и до 30% од вработените како вишок.

Секторите како градежништво, фармација, секторот за преработка на млечни, кондиторската индустрија, алкохолни и безалкохолни пијалаци и спортските обложувалници се само дел од секторите кои се директно погодени од новиот предлог закон според кој тие не смеат да работат во недела. Градежниците се жалат дека тие се условени од времето и временските услови како и од роковите за изведба, млечната индустрија не смее да го остави млекото не преработено како и други преработувачки процеси кои не смеат да имаат прекин во работата но сепак не се предвидени во законот дека смета да работат и да платат повисоки дневници и давачки кон државата туку ќе мора да го запрат процесот целосно во недела.

Стопанствениците своите аргументи против можноста на некои клучни сектори да работат и во недела со плаќање на давачките и повисоки плати на дваесетина страни до владата и сите релевантни претставници ги испратиле во два наврати во февруари и во април но нивните ставови и забелешки се пожалија дека не се земени во предвид при подготовката на законот.

притисни ентер