Џонсон: Климатската конференција на ОН е страшно важна, но успехот е неизвесен

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска предупреди дека претстојната климатска конференција на ОН, COP26 ќе биде „многу тешка“ и дека постои опасност да пропадне и покрај ветувањата на многу земји да се ангажираат за намалување на емисиите на CO2.

„Се разбира, точно е дека COP26 е во исто време неверојатно важна за нашата планета, но исто така многу тешка и може да кажам дека виси на конец“, им рече премиерот на британските пратеници.

По отворањето на COP26 на 31 октомври во Глазгов, британската влада ќе мора да убеди околу 200 земји-учеснички да направат повеќе за да ги намалат емисиите на CO2 за две недели, надевајќи се дека ќе го ограничат глобалното затоплување под 1,5 степени Целзиусови од прединдустрискиот период, што е многу амбициозен праг поставен во 2015 година со Париските договори.

Пред самитот на Г-20 во Рим овој викенд, Борис Џонсон рече дека 17 од 20-те земји-членки претставиле планови за намалување на емисиите на јаглерод диоксид, но Кина и Индија, два многу големи загадувачи, не го сториле тоа.

Џонсон потсетува дека земјите кои сочинуваат 80 отсто од светската економија оваа година ветија дека ќе станат јаглеродно неутрални до 2050 година, во споредба со 30 отсто од оние што претходно ветија дека ќе го сторат тоа.

„Секој ден разговарам со светски лидери кои зборуваат за нови ангажмани. Но дали е тоа доволно? Се плашам дека е рано да се каже“, признал британскиот премиер.

Уште во понеделникот, Борис Џонсон предупреди на ризикот од можен неуспех на конференцијата, велејќи дека е „многу загрижен бидејќи сè може да тргне наопаку“.

„Ова е многу, многу тешко, но верувам дека сепак ќе успееме.“

120 светски лидери планираат да присуствуваат на најголемиот самит за климата по преговорите во Париз во 2015 година, но кинескиот претседател Си Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин нема да се појават.

Владата ги „замрзна“ цените на основните производи до 31 јануари 2022 година

Во пресрет на новогодишните празници и најавениот ценовен шок, Владата по примерот на Србија денеска одлучи да ги замрзне цените на основните продукти.. Деталите ги има Дејан Трајковски.

За кои производи станува збор и до кога ќе важи одлуката?

Целосниоит извештај погледнете го во видеото.

Реакција од ВРМО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Славјанка Петровска

Зоран Заев воспостави режим во СДСМ, па назначува наследник - управител, како Ковачевски, кој треба да го одржува во живот заевизмот.

Празната прес конференција на Славјанка Петровска за дефокус на катастрофалните политики на СДСМ кои негативно се одразија и врз државата веќе не поминува кај граѓаните.

Граѓаните па дури и членовите на СДСМ гледаат дека Зоран Заев со СДСМ се однесува како да е нејзин сопственик. Зоран Заев воспостави режим во СДСМ, па назначува наследник - управител, како Ковачевски, кој треба да го одржува во живот заевизмот.

Зоран Заев преку својата политика донесе само штети во партијата и во државата. ВМРО-ДПМНЕ не сака да го коментира расколот кој што се случува сега во СДСМ, но најважно е со заминувањето на Заев да замине и заевизмот од власта, затоа што тој е сидрото кој не и дозволува на Македонија да оди напред.

Заевизмот е најголема закана за европските вредности и европската иднина на Македонија. Пиуните кои треба да го продолжат заевизмот треба да си заминат заедно со Заев. Тоа може да се случи само преку брзи предвремени парламентарни избори.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Се одбележа Меѓународниот ден на лицата со попреченост: Дали државата прави доволно?

Да се воведат во образовниот процес децата со попреченост за професеионалните тимови е посебн предизвик,труд внимание  љубов но и хуманост. 

Со ваков ентузијазам со години работат и наставниците во прилепското училиште Климент Охридски. Од 750 ученици во 8 посебни паралелки во образовниот процес успешно се воведуваат 23 деца кои сега се згрижени во центарот за подршкана учењето.

Времето и часовите тука брзо минат. Седумте едукатори и рехабилитатори велат во прилепскиот регион има 176 деца со посебни потреби. Тие пак на секој ученик дали е во овој центар или во училиштата во Прилеп, Кривогаштани, Долнени и Крушево му посветуваат толку а некогаш и повеќе од времето и планираните третмани.

Деновиве овие деца со своите едукатори ја покажаа својат добронамерност и со хуманитерна акција „Од децата за децата“ а тие пак подршка добиваат и од локалните власти..

Во југозападниот регион вакви центри за подршка на учењето има и во Битола, Охрид,Струга и Кичево. Меѓусебната соработка е според потребите, но сепак преку консултативните услуги, искуства, преку едукација и рехабилитација се настојува да се постигне целта.

притисни ентер