Џо Бајден ги измеша Трамп и Буш (ВИДЕО)

Изгледа како Џо Бајден да заборава против кого се бори на овие претседателски избори, пишуваат медиумите.

„Уште четири години со Џорџ“, рече демократскиот кандидат за време на директен пренос, додека одговара на прашањата на модераторите Џорџ Лопез и аналитичарот на Си-Ен-Ен, Ана Наваро, веројатно мислејќи на поранешниот претседател Џорџ В. Буш.

„Според мое мислење, ние ќе гласаме буквално за карактерот на земјата. „Каква држава ќе бидеме? Уште четири години Џорџ …Џорџ ... ќе се најдеме во позиција дека, ако биде избран Трамп, ќе бидеме во поинаков свет“, рече тој.

Охрид СОС ја достави до Владата петицијата за спас на Преспанското Езеро

 Здружението Охрид СОС достави 5.522 потписи од петицијата „Барање за преземање итни мерки за спас на Преспанското Езеро" до Владата и Министерството за животна средина и просторно планирање.

Потписите, како што соопшти Здружението, биле собрани во период од 25 септември до 25 ноември, а петицијата е поддржана од 31 граѓанска организација.

– Во прилог кон потписите беше доставен допис, во кој се осврнавме на активностите за кои дознаваме преку соопштенијата на МЖСПП, како и дописот кој Министерството го испрати до нас на 28 септември. Од тогаш, па до денес забележуваме напредок во однос на експертската група, која работи на изготвување акциски план, стои во соопштението.

Забележуваат дека нема информација за трилатералното тело, кое, како што е наведено, треба да работи на координирани мерки и активности со оглед на тоа што Преспанско Езеро припаѓа на три држави. Сооред соопштението на Охрид СОС, не се реализирала ниту најавата за можно прогласување кризна состојба во Преспанскиот слив која била најавена за 1 октомври годинава.

– Го повторивме барањето за посветена страница со сите поврзани документи, тајмлајн, каде секој, во секое време ќе може да се информира за состојбата, најновите сознанија, мерките, што точно се работи и каков е напредокот. Ја реафирмиравме и потребата од прогласување кризина состојба за непречено и ефикасно спроведување на мерките, како и интензивирање на прекуграничната соработка и дефинирање на работни задачи до крајот на годината. Очекуваме акциски план, кој беше најавен за крајот на ноември, а за кој сè уште нема информација, да биде објавен и ставен во акција час поскоро, посочуваат од Охид СОС.

Петицијата, како што е нагласено, е отворена и Охрид СОС повикува на поддршка со цел да се најде одржлив начин на управување за Преспанското Езеро.

Кандидат со име Адолф Хитлер победил на избори во Намибија

На локалните избори во Намбија е избран еден кандидат кој се вика Адолф Хитлер, пренесе германскиот дневник „Билд“.

Овој 54 годишен Намбиац, Адолф Хитлер Уунона, освоил 84,88 отсто од гласовите во дисктиктот Опунџа во регионот Ошана, на сверот од Намибија.

Адолф Хитлер ја започнал својата политичка кариера во партијата „СВАПО“, со која победил на актуелните регионални избори.

Тој за „Билд“ објаснил дека името му го дал неговиот татко.

„Очигледно мојот татко не разбирал кој бил Адолф Хитлер“, реко тој.

Вели дека, додека бил дете, името му било сосема нормално, се додека не пораснал и дозјал чие име носи.

„Со сите тие работи кои ги правел тој човек чие име го носан немам никаква врска“, вели тој.

Во јавноста настапува најчесто како Адолф Уунона изоставувајќи го Хитлер.

Рекол дека името не може да се промени затоа што се наоѓа во сите негои официјални документи.

„За тоа е сега доцна“, додал тој укажувајќи дека името Адолф во Намибија, поранешна германска колонија, било сосема нормално.

Приведен сопственик на угостителски објект од тетовско

Полициски службеници на СВР Тетово во тетовска Мала Речица вчера го лишиле од слобода 39-годишниот З.А. од истото село, сопственик на угостителски објект, затоа што било констатирано дека објектот работи надвор од дозволеното време.

-При заедничка контрола на објектот од полициски службеници и инспектори од Државниот пазарен инспекторат, било констатирано дека објектот на 39-годишниот 3.А. работи надвор од дозволеното работно време, а во него биле затекнати шест гости, се наведува во соопштението на МВР.

Оттаму информираат дека З.А. е задржан во полициската станица во Тетово и против него ќе следува поднесок по член 206 од Кривичниот законик за сторено кривично дело „непостапување според здрaвствени прописи за време на епидемија".

притисни ентер