Џан Ѕуо: До крајот на месецов се очекува кинеската помош, заеднички без дискриминациjа да се бориме против Ковид-19

Со заеднички напори, без дискриминација да се бориме против пандемијата на Ковид-19 и со меѓусебна соработка на земјите во светот да го зајакнеме здравствениот систем за благосостојбата на целото човештво.

Бидејќи тоа нема да биде во корист на една земја, туку на целиот свет, порача денеска кинескиот амбасадор во Македонија, Џанг Ѕуо, кој истакна дека кон крајот на месецот се очекува да пристигне кинеската помош за земјава.

Тој денеска во кинеската Амбасада им додели донации на МИА, МРТВ и Вечер во заштитни ракавици, средства за дезинфекција на раце и површини и во таа прилика нагласи дека состојбата со пандемијата не смее да се политизира.

-Имаше обиди за политизација на пандемијата, на оцрнување на Кина. Кога гледам извештаи за починати од вирусот навистина сум многу трогнат, затоа сум против тоа Ковид-19 да се политизира, бидејќи вирусот не познава граници и ниту една држава сама не може да ја победи пандемијата, рече кинескиот амбасадор и додаде дека во текот на борбата против вирусот во Кина, неговата земја добила поддршка од над 140 држави.

Тој нагласи дека граѓаните на Македонија, како и кинеските граѓани се борат против пандемијата и додаде дека двете земји се заедно во таа борба и оти заедништвото е начинот на кој може да се извојува победа.

Кон крајот на овој месец, како што информира Џанг Ѕуо е планирано да пристигне кинеската помош за Македонија. Со властите на земјава се уште го договараат прецизниот датум, бијдеќи како што рече, тешко е во моментов да се организира транспорот.

Деновиве имало контакти и на ниво на збратимени градови за помош во справувањето со Ковид-19. Збратимениот град на Скопје, Нан Чанг планира да испрати 50 илјади маски, збратимениот град на Прилеп, Де Јанг планира да испрати заштитни одела.

– Велиме пријателот во неволја е поблизок и од брат и затоа ние заедно ќе победиме, рече кинескиот амбасадор при доделувањето на донациите и им се заблагодари на медиумите, бидејќи ја информираат јавноста за пријателството и соработката меѓу двата народа.

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер