Џафери - Соботка : Австрија останува силен поддржувач на Македонија

Претседателот на Собранието, Талат Џафери оствари видео средба со претседателот на Националниот Совет на Република Австрија, Волфганг Соботка, се наведува во соопштението од собраниската прес-служба.

Претседателот Соботка се заблагодари за телеграмата со сочувство упатена по терористичкиот напад во Виена на 2 ноември оваа година, истовремено изразувајќи сочувство за државјанинот на Македонија кој како жртва настрада во овој ужасен акт. Двајцата соговорници се согласија дека борбата против тероризмот бара вклучување не само на полицијата, туку и на целото општество, бидејќи тој не познава ниту религии ниту етнички заедници, а казнените мерки, се важни исто колку и механизмите за превенирање и рано идентификување на радикализацијата. Тие ја пофалија активната соработка и ефективната размена на информации меѓу институциите на двете држави во борбата против тероризмот.

Претседателите Џафери и Соботка разменија и мислења во врска со состојбите во двете држави со пандемијата Ковид 19. Заклучија дека ситуацијата е подеднакво тешка, дека притисокот кон здравството е силен, дека влијанието врз економијата е негативно и дека за справување со ширењето на вирусот потребно е координирано дејствување и целосно искористување на сите расположливи човечки и материјално - технички ресурси. За оваа цел, информираше Џафери, во Македонија е прогласена кризна состојба во траење од 30 дена.

Во однос евроинтеграциите, претседателот Соботка истакна дека Австрија останува силен подржувач на Македонија за што е можно побрзо отворање на преговорите и дека тој свој став цврсто го застапува на сите нивоа во институциите на Европската Унија. Во однос на бугарското вето, претседателот Џафери истакна дека каналите за комуникација остануваат отворени и дека се надева на надминување на разликите во преговарачкиот процес. Во спротивно, евроскептицизмот ќе расте, заклучи Џафери.

Двајцата претседатели изразија задоволство што и во овие вонредни околности на работење, продолжува соработката за формирање на Работилница за демократија во Собранието по примерот на онаа која делува во рамките на австрискиот Парламент, а која има за цел да сподели знаење и да го стимулира интересот за политика и за демократски процеси кај младите. Претседателот Соботка изрази желба лично да присуствува на отворањето на Работилницата во Собранието.

Пратеник од БиХ слушал турбо фолк за време на онлајн седница: Намали ја армониката (ВИДЕО)

Поради пандемијата, седниците на Претставничкиот дом на Парламентот на Босна и Херцеговина се одржуваат преку Интернет. За време на денешната сесија се случила невообичаена ситуација.

Имено, за време на гласањето за Предлог законот за „Швајцарец“, пратеникот Ифран Дуриќ гласно слушал музиката во позадина, односно песна од Халид Бешлиќ „Кога срцето бие од мерак”.

„Го молам Дуриќ да ја исклучи хармониката“, му рекол претседателот Мирсад Заимовиќ, што ги насмеало другите пратеници.

Инаку, ова не е прв пат политичарите во БиХ да не се однесуваат соодветно за време на онлајн сесиите. Така минатата година, пратеникот на СДА, Суад Какњо, заспа за време на седница.

Салма Хајек во бикини на 55 години доби половина милион лајкови за еден час (ФОТО)

Актерката Салма Хајек објави на Инстаграм две фотографии на кои позира во бикини, и покажа толку совршено тело што е тешко да се поверува дека е длабоко во педесеттите години.

На првата фотографија актерката позира во плитко миејќи си го лицето, а на втората медитира на песок.

„Треба да го зачуваме мирот“, напишала таа во описот.

Фотографиите добија скоро половина милион лајкови за помалку од еден час, а фановите ја опсипаа со комплименти.

„Божица“, „Убава како и секогаш“, „Ти си толку секси“, „Убавица“, беа некои од коментарите.

Инаку, Салма ќе наполни 55 години во септември оваа година.

Бербер бесплатно средил бездомник, никој не го препознава (ВИДЕО)

Барбер од Франција бесплатно ишишал и избричил бездомник, а неговиот нов изглед воодушеви многу корисници на социјалните мрежи.

Видеото објавено на TikTok од францускиот славен фризер Давид Кодат покажува маж пред и по неговото средување.

Снимката доби илјадници лајкови, а многумина коментираа дека човекот изгледа непрепознатливо.„Косата и брадата менуваат сè“, е еден од коментарите.„Ова толку многу го подмлади“, напишал друг.

Давид Кодат е познат француски фризер ,кој е сопственик на салон во Стразбур.

притисни ентер