Џафери се сретна со претставници на ромската заедница по повод Светскиот ден на Ромите

По повод Светскиот ден на Ромите, претседателот на Собранието Талат Џафери се сретна со Љатифе Шиковска, пратеничката, Зоран Димов, претседател на Интернационалната ромска група, Ферат Асан, стопанственик и Мухамед Точи, преставник од НВО „Месечина".

На средбата беше присутен и координаторот на пратеничката група на СДСМ и коалицијата, Јован Митрески.

Одбележувањето на Денот е уште позначајно бидејќи денеска се навршуваат и 50 години од одржувањето на Првиот конгрес на Ромите, како и 20 години од впишувањето на Ромите во Уставот на Македонија.

Како што се наведува во соопштението од Кабинетот на Џафери, на почетокот на средбата, гостите му врачиле на претседателот на Собранието свечен документ именуван како „Заложба за интеграција на Ромите во сите сфери на општественото живеење", како и Плакета за особен придонес.

Џафери, пак, им врачил честитка по повод денот од негово име и од име на пратениците на Собранието. Тој подвлекол дека за жал оваа година, поради пандемијата, одбележувањето на Меѓународниот ден на Ромите е во поинаква форма ако се потсети на искуството од минатите години кога би вклучен во работата на државните институции на повеќе нивоа, како и на искуството од Декадата на Ромите и долгогодишната соработка со преставници на ромската заедница кои биле активни политички и институционални чинители при што, настојувал да даде придонес за унапредување на нивната положба во општеството. Нагласил дека промени се потребни, и тоа, суштински и секако, присуството на координаторот на пратеничката група на СДСМ и коалицијата, Јован Митрески е потврда за оваа заедничка заложба, се наведува во соопштението.

Пратеничката Шиковска се заблагодарила за укажаната чест и сподели со Џафери впечатоци од остварената средба со претседателот и претставници на Владата и плодната дискусија во однос на процесите на инклузија и искажала оптимизам дека напредокот на ромската заедница, иако е бавен процес, сепак се движи по нагорна линија, особено во областа на образованието меѓутоа и здравствената, социјалната заштита и најважното достигнување досега, обезбедувањето на лични документи. Тоа што веќе има претставници на Ромите на раководни позиции во институциите, како што посочила, е од голема полза затоа што тие самите најдобро ги знаат проблемите со кои се соочува ромската заедница и само со системски пристап и политичка поддршка ќе се постигне Ромите да се чувствуваат еднакви.

Зоран Димов, со претставување на своето лично и професионално портфолио потврди дека работи на подобрување на положбата на Ромите на целиот Западен Балкан и е отворен за секаква соработка што би била од интерес на ромската заедница и нагласи дека учеството на претставниците на Ромите во процесот на донесување на квалитетни закони од таа област би било од голема полза повикувајќи се на деловничката можност која ја потврди и претседателот Џафери. Таа соработка секако е важно да се одвива и во бизнис секторот, во сферата на културата и поголемата застапеност на јавниот сервис. Во дискусијата учествуваа и другите присутни гости, Ферат Асан, Мухамед Точи, кои подвлекоа дека подобриот пристап до информации, решавањето на социјалните случаи и другите тешкотии со кои се соочува оваа заедница, е од суштинско значење.

Координаторот на СДСМ и коалицијата, Јован Митревски истакна дека се прават напори да се излезе во пресрет на Ромите на секој можен начин и воедно упати искрени честитки по повод 8 Аптрил.

Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо

Во синоќешните израелски напади врз северниот сириски град Алепо загинаа најмалку 38 лица, меѓу кои и борци од либанското шиитско движење Хезболах.

Претходно сириското Министерство за одбрана соопшти дека при израелските напади погодени се неколку области во и околу градот при што загинале одреден број цивили и војници.

По нападот на Хамас на 7 октомври, Израел ги засили нападите врз базите на проиранските групи на територијата на Сирија. Во некои операции мета беа и позициите на сириската воздушна одбрана и армијата.

Израел со години спроведува слични акции во Сирија, каде што влијанието на Техеран се зголеми откако Исламската Република почна да го поддржува претседателот Башар ал Асад во граѓанската војна што изби во 2011 година. Борците од групите сојузници на Иран, како што е Хезболах, сега се зацврстија на големи делови од источна, јужна и северозападна Сирија, како и во некои предградија на главниот град. /МИА

ЛДП организира „Pet Friendly“ ден во канцеларијата „Либерално ќоше“

„Pet Friendly“ ден за дружење, разговори и идеи на граѓаните со претседателката на Либерално-демократската партија Моника Зајкова, ќе се одржи денеска во новоотворената канцеларија на ЛДП „Либерално ќоше“ во срцето на Скопје.

- Водејќи се од нашата совесност, свесност и одговорност, покренавме иницијатива за носење на нов закон за благосостојба на животните. Милениците, се семејство, не потрошен предмет и затоа секој сопственик кој го остава својот миленик на улица треба да сноси одговорност и да се обезбеди регулиран систем на одговорно одгледување и размножување. Воедно да се обезбедат соодветни услови за бездомните кучиња и мачки и при тоа да ги заштити граѓаните од несакани повреди, е пораката на Зајкова, стои во соопштението од партијата.

Граѓаните се добредојдени на петочното дружење заедно со своите миленици, а своите идеи и предлози, се додава, може да ги споделат и во писмена форма.

На полето на заштита на животните, ЛДП до Собранието поднесе и предлог за изменување и дополнување на Законот за заштита и благосостојба на животните, којшто ќе воведе построги мерки против оставање животни на улица, поодговорно сопствеништво и ќе ги подобри нивните услови, стои во соопштението.

Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност

Амандманот 5 кон договорот влада со влада за набавка на лесни оклопни возила на тркала JLTV, е со важност до 07 јуни 2024 година.

Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за одбрана и безбедност, на која се очекува да се дискутира за Информација за потребата на доделување на Амандман број 5 (Amendment 5 to Letter of offer and acceptance-LOA MK-B-UCC JLTV) кон склучениот договор влада со влада за набавка на лесни оклопни возила на тркала JLTV, помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Соединетите Американски Држави.

Како што стои во образложението објавано на собраниската веб страна за Информацијата потпишана од министерката за одбрана Славјанка Петровска, Амандманот 5 кон договорот влада со влада за набавка на лесни оклопни возила на тркала JLTV, е со важност до 07 јуни 2024 година.

-Врз основа на член 8 став 5 од Законот за јавните набавки во одбраната и безбедноста и член 13 од Уредбата за начинот на доделување на договори со влади на странски држави и Извадокот од Нацрт-записникот од 12-та седница на Владата на Република Македонија, одржана на 26 март 2024 година, со број 41-3655/2 од 26 март 202 година, предметниот материјал има за цел да ја информира Комисијата за одбрана и безбедност во Собранието на Република Северна Македонија за потребата на доделување на Амандман број 5 Amendment 5 to Letter of offer and acceptance-LOA MK-B-UCC JLTV) кон склучениот договор влада со влада за набавка на лесни оклопни возила на тркала JLTV, помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Соединетите Американски Држави, се вели во Информацијата.

Имено, Министерството за одбрана на Република Македонија со Стратегиски одбранбен преглед ги согледа потребите за реформа на одбранбениот сектор за негова интеграција во НАТО. Со Долгорочниот план за развој на одбранбените способности се трасира патот на реформите во одбрана и дава рамка за модернизација и опремување на Армијата на Република Македонија за постигнување на целосна интероперабилност со армиите на земјите партнери во НАТО.

-Еден од клучните проекти за опремување на лесната пешадиска баталјонска група со современа борбена техника е проектот за набавка на лесни оклопни возила на тркала, кој е предвиден да се реализира во периодот 2019-2027 година. Со Извадок од Нацрт-записникот од Деведесеттата седница на Владата на Република Македонија, одржана на 25.09.2018 година, донесен е заклучок со кој се задолжува Министерството за одбрана во соработка со Канцеларијата за одбранбена соработка на САД, да ги искористи можностите кои ги нуди Програмата за набавка на нова и современа опрема со западни платформи ERIP (European Recapitalization Incentive Program), потребна з аопремување на декларираните сили, посебно за лесната пешадиска баталјонска група, стои во Информацијата.

Во Информацијата се посочува дека со Извадок од Нацрт-записникот од Сто и седумдесет и втората седница на Владата на Република Македонија, одржана на 24 декември 2019 година, Владата донесе заклучок се го прифати Договорот со владата на САД за набавка на лесни оклопни возила на тркала за потребите на Армијата на Република Северна Македонија согласно Писмото за понуда на прифаќање на понудата (Letter of Offer and Acceptance-LOA0 FMS Case MK-B-UCC од 12 декември 2019 година.

-Целокупниот проект се однесува за набавка на 96 лесни оклопни возила JLTV од производителот OSHKOSH. Во периодот од 2019 година заклучно со 2023 година, во однос на предметната набавка досега се склучени четири Амандмани кон договорот и вкупно се порачани 71 лесно оклопно возило JLTV. На ден 22 март 2024, од Владата на Соединетите Американски Држави добиен е Амандман број 5 (Amendment 5 to Letter of offer and acceptance-LOA MK-B-UCC JLTV) кон склучениот договор влада со влада за набавка на лесни оклопни возила на тркала JLTV, помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Соединетите Американски Држави, кој се донесува на набавката на преостанатите 25 лесни оклопни возила, со што ќе се комплетира набавката на овој вид на возила, се вели во Информацијата.

Се посочува дека Управната група во Министерството за одбрана го разгледала Амандманот број 5 и донесе заклучок дека текстот е усогласен помеѓу Канцеларијата за одбранбена соработка од Амбасадата на САД во Република Македонија и Министерството за одбрана, Амандманот 5 е во согласност со писмото за барање за конкретна набавка, претходните одлуки на Програмска и Управна група во Министерството за одбрана за набавка на лесни оклопни возила на трката JLTV, со што се исполнети условите од членот 11 од Уредбата, односно ги содржи елементите утврдени со ФМС процедурите и истото претставува договор за набавка и да продолжи постапката и пред Владата на Република Македонија, со цел негово донесување.

-Со набавката на преостанатите 25 лесни оклопни возила JLTV и со склучувањето на Амандман 5 кон договорот влада со влада за набавка на лесни оклопни возила на тркала JLTV, помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Соединетите Американски Држави, ќе заврши првата фаза за опремување на Армијата и лесната пешадиска баталјонска група со лесни оклопни возила на тркала JLTV, набавката ќе се изведе поекономично и поефикасно и како краен резултат ќе се реализираат причините поврзани со интероперабилноста на меѓународни операции и мисии, нужните потреби за функционирање на Армијата на Република Македонија во меѓународни операции и мисии, со што сметаме дека се исполнети условите утврдени во член 4 став 1 алинеја 1, 2, 3 и 6 од Уредбата, се посочува во Информацијата.

притисни ентер