Џафери: Пописот не е и не смее да биде политичка операција

Месец април да покаже дека сме созреале како држава.

Информирањето и охрабрувањето на граѓаните за важноста и за значајноста од нивното и вклучувањето на сите институции во успешното спроведување на пописот, не само што е потребно и неопходно, туку е и од витално значење за идното креирање на развојните политики на земјата, засновани врз прецизни податоци за да може да се направат макроекономски планирања кои ќе бидат од полза и за научните и другите истражувања меѓутоа и за напредокот на земјата.

Ова го истакна претсасдеталот на Собранието на Македонија Талат Џафери во обраќањето на денешната средба организирана од Државниот завод за статистика за координација со државниот врв и градоначалници за координација во спроведувањето на претсојниот попис.

-Се разбира, Република Македонија, како полноправна членка на Организацијата на Обединетите Нации, ги почитува обврските што произлегуваат од тоа членство и затоа спроведувањето на Пописот на населението, домаќинствата и становите ќе биде спроведено во согласност со донесените Меѓународни препораки подготвени од страна на Економската комисија за Европа на Обединетите нации и Евростат – статистички цели и за тоа, убеден сум дека се направени сите пред подготовки од страна на Државниот завод за статистика, како национален координатор на статистичкиот систем во земјава за спроведувањето на оваа операција, која за жал, во Република Македонија не е реализирана во последниве 20 години, иако имаше обид во 2011 година кој што обид беше прекинат, рече Џафери.

Според него, на пописот кој во демократскиот свет се гледа како на најскапа и најобемна статистичка операција кај нас се восприемна низ политичка призма.

-Дали е тоа така, зошто е тоа така, што доведе до тоа да во нашата земја, секоја постапка, секоја иницијатива, секоја вообичаена законска обврска се гледа низ политичкиот објектив, мислам дека нема да биде воопшто продуктивно и целисходно да зборувам сега за тоа. Затоа што за правата и обврските имаме Устав, имаме важечки закони, имаме ратификувани меѓународни Декларации. И затоа, во едно сум убеден и на тоа ќе инсистирам, Пописот не е и не смее да биде политичка операција. Редно е да се издигнеме над тој порив, редно е да се вброиме меѓу земјите кон чие што друштво и целиме, истакна Џафери.

Во прилог на ова, додаде, е сериозноста со која сите институции, почнувајќи од Државниот завод за статистика, Министерствата кои за целите на пописот соработуваат со Заводот, Единиците на локалната самоуправа и сите чинители се вклучени во планирањето и подготовката на Пописот кој се рангира како активност од висок државен интерес за кој што во Собранието беше донесен и посебен Закон и врз основа на кој е и оваа денешна активност на информирање и давање на адекватна поддршка и вклучување на институциите од највисоко ниво.

-Секоја од нив има и дава огромен придонес во квалитетното спроведување на пописот, а резултатите од истиот ќе бидат одлична основа за донесување на закони и развојни политики засновани врз прецизни податоци кои повторно, ќе бидат од директна полза на граѓаните во единиците на локалната самоуправа, кои што врз основа на прецизни статистички податоци ќе можат да исползуваат доволен удел од буџетот за финансирање на локалните училишта, градинки, здравствени установи, културни установи, јавен превоз, патна, енергетска и друга инфраструктура која е од суштинско значење за граѓаните затоа што токму тие, во нивните секојдневија ќе можат лично и реално да ја почувствуваат успешноста или пак неуспешноста на локалната власт во олеснувањето и подобрувањето на квалитетот и стандардот на живот на нивните семејства и домаќинства. Пописот ќе овозможи рамномерно распоредување на јавните здравствени установи, училишните, спортските и културни центри, нагласи спикерот на Парламентот.

Во овој контекст, додаде тој, од исклучителна важност е секој еден чинител во операцијата наречена Попис, да ја сфати неа со должна почит и сериозност и така и да пристапи, почнувајќи од институциите на централно и локално ниво, од инструкторите, попишувачите и последните, меѓутоа најважните, граѓаните.

-Апелирам до нив да дадат поддршка на лицата ангажирани за пописот, да даваат точни податоци за присутните и отсутните членови на семејствата, да не се обидуваат да дадат неточни податоци затоа што давањето на лажни податоци, освен што е дело казниво со закон, на овој или оној начин, повторно ќе ни се врати на нас самите, како бумеранг. Да смогнеме сили, да го оставиме настрана нашето себично размислување и да се издигнеме над ситуацијата, да ги прифатиме резултатите од пописот и да се поместиме веќе еднаш од таа мртва точка на која сме заглавени со нашиот анахрон ментален склоп за да не дојде ред да правиме попис на иселени и преостанати жители во Република Македонија. Се надевам дека месец април ќе биде потврда за тоа дека сме созреале како држава, после цели 20 години и дека сме спремни да бидеме полноправна членка на Европското семејство во блиската иднина, порача претседателот на Собранието Талат Џафери. /МИА

Филаделфија избори плејофот

Екипата на Филаделфија ќе игра во плејофот на НБА-лигата. Сиксерси ноќеска во плејин средбата ги совладаа кошаркарите на Мајами Хит со 105:104.

Најпродуктивен играч за Филаделфија беше центарот Џоел Ембид. Имаше 23 поени, 15 скока и пет асистенции.

Клучен играч од клупата во домашниот тим беше Николас Батум, кој постигна 20 поени и пет скока.

Најефикасен во Мајами беше Тајлер Херо со 25 поени.

Филаделфија во првото коло од плејофот ќе се соочи со Њујорк никс.

Мајами ќе има уште една шанса да избори учество во разигрувањето за титулата. Противник во вториот дуел од плејин ќе им биде Чикаго кој ноќеска го победи тимот на Атланта.

Американски и израелски медиуми: Израелските власти разгледувале опции за одмазднички напад

Американски и израелски медиуми: Израелските власти разгледувале опции за одмазднички напад врз Иран, но се повлекле од планот.

Израел разгледуваше опции да изврши напад врз Иран како одмазда за нападот без преседан минатиот викенд, но потоа ги откажале плановите, јавија израелски и американски медиуми.

Иран лансираше повеќе од 300 беспилотни летала и проектили против Израел во текот на викендот во напад што предизвика мала штета бидејќи повеќето проектили беа пресретнати.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети дека ќе одговори на нападот, што ги поттикна глобалните сили, вклучително и главниот сојузник САД, да повикаат на воздржаност за да се избегне каква било понатамошна ескалација или регионално прелевање од повеќемесечната војна во Газа.

Израелскиот јавен сервис Кан објави дека по разговорите со американскиот претседател Џо Бајден, Нетанјаху одлучил да не продолжи со однапред договорените планови за одмазднички напади врз Иран во случај на напад.

„Дипломатската чувствителност влезе во игра“, изјави за Кан висок израелски функционер кој сакаше да остане анонимен, додавајќи дека ќе има одговор, но дека ќе биде различен од првично планираното.

Цитирајќи три неименувани израелски извори, Еј-Би-Си Њуз објави: „Израел се подготвуваше и потоа ги прекина одмаздничките напади против Иран најмалку две ноќи минатата недела“.

Меѓу опсегот на можни реакции што ги разгледуваше израелскиот воен кабинет беа опциите за напад на ирански полномошници на друго место во регионот или за извршување кибер напад, изјавија изворите за Еј-Би-Си Њуз.

На состанокот на владата во понеделникот, израелските власти размислуваа да им дадат дозвола на израелските одбранбени сили (ИДФ) за напад врз Иран, но „од оперативни причини“ одлучија да не продолжат со тоа, изјавија двајца неименувани израелски функционери за американскиот портал Аксиос.

Вооружените групи поддржани од Иран ширум регионот извршија напади откако изби војната меѓу Израел и Хамас во октомври.

Нападот на Техеран викендот, неговиот прв директен напад на израелска територија, дојде како одговор на смртоносниот напад врз конзуларниот анекс на Иран во Дамаск на 1 април, за кој нашироко беше обвинет Израел.

Вашингтон и Брисел ветија дека ќе ги зголемат санкциите против Иран, додека иранскиот претседател предупреди на „жесток и остар одговор“ на каква било одмазда. Како одговор на дипломатскиот притисок, вклучително и од главниот воен поддржувач Вашингтон, Нетанјаху во средата инсистираше на тоа дека Израел ќе донесе сопствени одлуки и „да го направи она што му треба за да се одбрани“.

Саем на книгата под слоганот „Приказна се чита“

Во арената „Борис Трајковски“ во Скопје денеска ќе биде отворено 36. издание на Саемот на книга, кој во седумте саемски дена ќе понуди богата програма со повеќе од 30 промотивни настани и дружби со автори. 

Посетителите ќе можат да си одберат книги од разновидната понуда на домашни и странски автори од преку 60 издавачки куќи од земјава и регионот.

На официјалното отворање на Саемот на книга обраќање ќе има министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, а покрај претставниците на издавачките куќи на отворањето ќе присуствува и германската амбасадорка Петра Дрекслер.

Слоганот на манифестацијата е „Приказна се чита“, со цел да го доближи саемот до помладата популација, а покрај едукативно-културниот аспект, годинава се воведува и општествено одговорна компонента.

Со секоја купена редовна влезница ќе се донираат 15 денари за СОС детско село. Исто така, по повод 23 април - Светскиот ден на книгата, во СОС детско село и ДУЦОР „Партенија Зографски“ од Скопје - средно училиште за ученици со оштетен слух ќе бидат донирани по 100 книги и бесплатни годишни претплати од Boksy - изложувач на саемот, за година онлајн читање на книги.

Годинава во рамки на Саемот е востанопвување на Фелоушип програма, по примерот на сите поголеми светски саеми. Од Македонска асоцијација на издавачи (МАИ), информираа дека по отворениот повик, комисијата што ја формирале за оваа намена, избра пет учесници на Фелоушип-програмата: Флоранс Жири („Агенција „Флоранс Жири“, Франција), Петра Кавчич (издавачка куќа „Белетрина“, Словенија), Јанис Краниас (издавачка куќа „Ентипоис публикејшенс“, Грција), Ена Хасечиќ (издавачка куќа „Бајбук“, БИХ), Мирослава Уљаревиќ (издавачка куќа „Ободско слово“, Црна Гора).

Фелоушип-програмата е поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија, а нејзината цел е да ги запознае издавачите и книжевните агенти со домашното издаваштво, со трендовите во современата македонска книжевност, со нашите најистакнати писатели и да им „открие“ дела што можат да ги внесат во својата издавачка програма.

Годинава се воведува и нов концепт на поставка на штандовите, за подобра видливост на сите изложувачи и издавачи, а помалите издавачи во однос на квадратурата ќе бидат визуелно подостапни до публиката.

Промоциите и дружбите со автори ќе се случуваат во промотивниот центар како главна бина, во текот на седумте саемски денови. Во рамки на саемот ќе биде доделена наградите од Асоцијацијата на издавачи.

Годинава фокусот ќе биде и на детската програма, во која е предвиден посебен дел со маскоти, што ќе се одржува во викенд деновите на Саемот.

Саемот на книга ќе биде отворен за посетители од 18 до 24 април, секој ден помеѓу 10:00 и 20:00 часот, освен на денот на затворањето кога ќе работи до 18:00 часот.

Покровител на Саем на книга традиционално е Министерството за култура на РСМ.

притисни ентер