Џафери: Кај сте сега колеги фејсбукмејкери?

Претседателот на Собранието Талат Џафери даде пауза до 22 .00 часот.

По паузата , како што рече Џафери ќе се продолжи со 136 . седница на која прва точка ќе биде разрешувањето на министерката за труд и социјална политика , Рашела Мизрахи.

Џафери не прецизира кога ќе се гласа за законот за ЈО , откако беше исцрпена дискусијата и ги прекори дел од пратениците за синоќешната преписка на Фејсбук .

Тој остави на координаторите на партиите да решаваат кога ќе се гласа по Законот за Јавно обвинителство и предлог законот за Советот на јавни обвинители, откако координаторите ќе го обезбедат потребното мнозинство.

На 135. седница освен Предлог-законот за ЈО е и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавни обвинители.

Седницата на која прва точка е законот за ЈО почна синоќа, но беше одложена за денеска поради големиот број пратеници пријавени за дискусија. Расправата по предложениот текст почна попладнево по повеќекратни процедурални забелешки, тензични реплики, контрареплики, обвинувања и контраобвинувања за криминал, како и по две паузи од по еден час. Владејачкото мнозинство остана на ставот дека со носењето на законот почнува вистинската борба против корупцијата и криминалот, а според ВМРО-ДПМНЕ законот е неуставен и се турка на сила со единствена цел – Заев и други владини функционери да се заштитат за сторениот криминал. Реагираше и Независната пратеничка група со остри критики кон ВМРО-ДПМНЕ.

За изгласување на законот се неопходни најмалку 80 пратенички гласови, односно двотретинско мнозинство од парламентарниот состав. Гласањето мора да биде најдоцна до недела на полноќ, кога е последниот рок за распуштање на Собранието во пресрет на предвремeните парламентарни избори.

Спикерот Џафери вечерва рече дека Собранието ќе работи без прекин, додека не се распушти.

Седницата за распуштање е закажана за недела во 12 часот.

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Поради предизборни митинзи за претседателските избори викендов во централното градско подрачје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим. 

Како што информира Министерството за внатрешни работи од денеска од 19 часот до утре до 21 часот на улицата „Св. Кирил и Методиј“ ќе биде воведен посебен сообраќаен режим поради одржување на митинг што ќе се одржи утре во 13 часот пред седиштето на Европската унија. За сообраќај ќе биде затворена ул.„Св.Кирил и Методиј“ на потегот од крстосницата со бул.„Кочо Рацин“ до крстосницата со бул.„Св. Климент Охридски“.

Утре во 20 часот на плоштадот „Македонија“, пак, ќе се одржи митинг од изборната кампања за претседателските избори поради што Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје, а сообраќајот времено ќе се запира на сообраќајниците по кои ќе се движат учесниците на настанот.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.

Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње

 Два пожара на отворен простор се регистриранио во последното деноноќие, соопшти ЦУК. 

Гореле диви депонии во атар на с.Церово, Општина Желино и над расторанот „Дарданија“ кај с.Боговиње.

Интервенирале пожаникари од Тетово и ренеџер од Наионалниот парк „Шар Планина“. Според последните информции, пожарите се локализирани.

ЦУК апелира за внимателност заради најавените метеоролошки промени со дожд, ветер и снег на повисоките места.

Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.

Санкционирани 179 возачи во Скопје

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 179 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 51 санкција, 11 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкии за поминување на затворен сигнал - црвено светло, седум мерки за управување под дејство на алкохол.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.

притисни ентер