Џафери ја прекина собраниската седница, останува имунитетот на Вељаноски

Претседатело на Собранието , Талат Џафери на полноќ ,по жолчна расправија ја прекина седницата нма која единствена точка на дневниот ред беше одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Вељаноски. 

Кооординаторот на пратеничката група на ВМРО -ДПМНЕ , Никола Мицевски пред полноќ , до кога беше законскиот рок бараше пауза од 45 минута , што не ја доби . По тоа следуваше жолчна расправија за тоа кој повеќе го почитува Деловникот на Собранието,по што претседателот Џафери ја прекина седницата и рече дека доплнително ќе каже кога ќе продолжи.

Претходно , Мицевски побара симнување на точката од дневен ред, но со 61 глас против тоа не беше прифатено. Претседателот на Комисијата за мандатно имунитетни прашања , Павле Богоевски рече дека сите елементи од обвинението се исполнети и дека Собранието не треба да ја попречува работата на судот.

Претседателот на Собранието Талат Џафери ја закажа седницата за вечерва во 21 часот. Закажаната седница за одземање на имунитетот на поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски започна со половина час задоцнување.

По два дена жестока дебата, собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања синоќа не донесе одлука за барањето на Кривичниот суд за одобрување притвор на пратеникот и поранешен претседател на Собранието поради сомнение за вмешаност во настаните од 27 април.

Гласањето беше изедначено, односно четири гласа беа „за" и четири „против" што значи дека сега одлуката дали ќе му биде одземен пратеничкиот имунитет на Вељаноски ќе треба да ја донесе Собранието.

Барањето за одземање на пратеничкиот имунитет на Вељановски следи откако тој заедно со Миле Јанакиески и Спиро Ристовски во средата беа приведени на распит поради сомнение дека е сторено кривично дело-Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.Вељаноски тогаш се повика на пратеничкиот имунитет.

Рашфорд може да го пропушти ЕП 2024

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд би можел да го пропушти Европското првенство во 2024 година, пишува „Телеграф“.

Според изворот на изданието, на селекторот на Англија, Герет Саутгеј не му се допаднал настапот на играчот.

За да добие место во формацијата на „трите лава“, фудбалерот мора да покаже подогри игри на претстојните натпревари.

Оваа сезона 26-годишниот Рашфорд одигра 35 натпревари, постигна 8 голови и 6 асистенции.

Словенија, Данска и Србија ќе играат против Англија во групната фаза на ЕП 2024. /МИА

„Гответе со Дракче“ - Кумановска салата

Во четврток (28.03.2024) во емисијата гостин ни беше Нино Величковски.

Состојки за денешниот рецепт:

3 црвени домати

1 свежа краставица

1 главица кромид

1 морков

2 лажици лупен сончоглед

100 гр. сирење

балсамико, масло за јадење, сол по вкус

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

„Дубаи мол“ лани го посетиле рекордни 105 милиони луѓе

 Сопствениците на „Дубаи мол“ во Обединетите Арапски Емирати, сооопштија дека трговскиот центар лани го посетиле рекордни 105 милиони луѓе, што го прави најпосетуваното место во светот во 2023 година.

Така, трговскиот центар стана светска атракција, според управителите, привлекувајќи посетители од целиот свет. Управата наведува и дека е забележан скок од над 19 отсто во однос на 88 милиони во 2022 година. А пак, само во првите два месеци од оваа 2024 година, забележани се 20 милиони посетители, така што и годинава „Дубаи мол“ најверојатно ќе постави нов рекорди.

- Овие бројки го одразуваат импресивниот статус на трговскиот центар во Дубаи и го одразуваат напредното лидерство на Дубаи и силната економија. Нашиот трговски центар го отелотворува живиот дух на градот и посветеноста на извонредноста, претворајќи ја визијата на менаџментот во реалност. Како составен дел од економското ткиво на Дубаи, ние играме клучна улога во неговиот успех и иновативност, рече Мохамед Алабар, основач на компанијата „Емаар“ којашто управува со трговскиот центар.

„Дубаи мол“ има околу 1.200 продавници на познати брендови облека, обувки, модни додатоци, апарати за домаќинство итн, а тука се наоѓаат и околу 200 ресторани и кафулиња. Уште една причина за посетеноста е и аквариумот, каде што живеат 33.000 животни. /МИА

притисни ентер