Џафери: И на Албанците им е важно како ќе се нарекува државата

Неспроведувањето на рамковниот договор на локално ниво , во општините каде што Македонците се малцинство, се должело на фактот што дотогаш биле примани кадри по етничка припадност и морало да се направи рамнотежа,смета вицепремиерот Муса Џафери во интервјуто за Радио слободна Европа.

Нема причина да постои разлика во коалицијата по прашањето за името .

Прво мислам дека нема, и нема посебна причини да има разлики. Промената може да се види како ќе се произнесуваат лидерите на една или две или три партии, а во конкретниот случај на владината коалиција. Господинот Ахмети се произнесе дека нема да се согласиме со предлози од видот „Славомакедонија“ или „Национала Македонија“ или ФИРОМ. Но, за другите решенија ние сме отворени, зборуваме за оние кои би биле компромисно решение кое ќе го изберат двете страни - Скопје и Атина. Но, треба и од друга страна да се погледне, добрососедските односи се услов за сите нас, ако во тие добрососедски односи има отворени прашања и теми, тогаш треба да се решат преку дијалог и компромис и притоа ДУИ не прејудицира кое ќе биде решението, нема да ја направи таа грешка. Мислам дека во јавноста е наметната таа тема дека на Албанците не им е во интерес како ќе се нарекува државата во иднина, што не е точно.


Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1

Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1, изјави тајландскиот премиер Срета Тависин, кој денеска оствари средба со шефот на Ф1, Стефано Доменикали.

„Тајланд има капацитет да биде домаќин на Формула 1 во Бангкок“, напиша шефот на владата на социјалната мреќа Икс, по разговорите во Бангкок.

„Ако го направиме тоа, сигурен сум дека нашата земја ќе остави неверојатни спомени за другите, бидејќи имаме добар потенцијал, капацитет и гостопримство“, наведе Тависин.

Владиниот портпарол, цитиран од локалните медиуми, рече дека трката би се организира низ улиците на стариот дел на Бангкок, познат по големиот сообраќаен метеж и проблемите со инфраструктурата.

Тајланд е домаќин на трка во Светскиот шампионат во Мото ГП која секоја година се одржува во Бурирам, сиромашен, рурален регион на повеќе од пет часа возење од главниот град. /МИА

За една недела во Грција се уапсени 379 лица за семејно насилство

Минатата седмица грчката полиција уапсила 379 лица по поднесени пријави за семејно насилство, а 23 жртви биле пренесени во центрите за згрижување, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерството за заштита на граѓаните на Грција информираше за резултатите од спроведувањето на новиот план на полицијата за справување со криминал, семејно насилство и врсничко насилство.

Согласно неделниот извештај, во периодот од 15 до 21 април, полицијата примила 1.025 повици за семејно насилство, а на 81 жена – жртва на насилство ѝ била инсталирана специјалната апликација за помош „Panic Button“ на грчката полиција .

Биле пријавени 633 случаи на семејно насилство, при што биле уапсени 379 лица, а 23 жртви на насилство биле пренесени на безбедни локации.

Во однос на малолетничката деликвенција и врсничкото насилство биле извршени проверки на 6.004 лица, од нив 344 биле приведени, а 160 уапсени и биле потврдени 270 прекршоци.

Како на младите да им се врати љубовта кон книгата?

Некогашната парола, книгата е прозорец кон светот, за младите повеќе не важи. 

За нив прозорец кон светот е интернетот, книги читаат само понекогаш, ако тоа од нив го побараат наставниците.

Дека е така потврдуваат и дел од издавачите на овогодинешниот саем на книга.

Најмалку читаат средношколците, и основците, а книги купуваат најчесто кога се на попуст. Слободното време, најчесто го поминуваат на интернет. За разлика од нив, за повозрасните, технологијата не е предизвик.

36 издание на Саемот на книга завршува утревечер, во 20 часот.

притисни ентер