Џафери : Дебарскиот конгрес е конгресот на будењето на националната свест на Албанците

Поздравно обраќање на претседателот на Собранието Талат Џафери на Свечената академија по повод 111-годишнината од Дебарскиот конгрес.  

,,Дозволете да го споделам задоволството што денес сум тука помеѓу вас, на одбележувањето на 111-годишнината од Дебарскиот конгрес, конгресот на будењето на националната свест на Албанците за независност каде силата на националното чувство, со сета волја, визија, моќ и храброст на албанските делегати од сите вилаети, успеа да ги стави на маса за дискусија интересите, потребите и правата на Албанците и по шестдневна работа, покрај усвојувањето на мерките кои беа во однос на вкупниот економски и културен развој на вилаетите на Европска Турција, се опфатија и посебни мерки кои беа во однос на Албанците а кои беа поднесени од претставниците на оваа национална албанска струја. И, ако се занимаваме со историските толкувања кои се најразлични, од оние дека барањата беа недоволни, дека малку се доби, и дека всушност овој конгрес е конгрес организиран од младотурските сили, сепак, познат факт е дека истиот се претвори во огнена трибина на поднесување со сила на кардиналните проблеми кои ги тиштеа Албанците. Тука спаѓаа оние економските меѓутоа и културните, како градењето на железници, сушењето на мочуриштата, изучувањето на современите сознанија, отворањето на основните и средните училишта со настава на албански јазик, одделувањето на училиштето од црквата и џамијата, одвивањето на верските церемонии на мајчин јазик, признавањето на законите и на албанскиот јазик од државната власт. И, доколку на овие барања се додаде и одлучувачката тежина што ја даде Дебарскиот конгрес, тогаш овој конгрес со право може да се смета за прв масовен собир на Албанците кој успеа да поднесе барања со нагласено политички карактер и придобивање на конкретни резултати на национален план во рамките на отоманската империја. Покрај ова, одлуките од конгресот, идната година беа објавени со унифицираната азбука на албанскиот јазик која што беше усвоена на Битолскиот конгрес, и дозволете да ја искористам приликата и да изразам срдечни честитки по повод празникот 22 Ноември, и да посакам да прославиме уште многу идни годишнини.

Дозволете да им честитам и на организаторите, Општина Дебар, градоначалникот Хекуран Дука, и Здружението „Дебарски сојуз“ од Тирана, за овој исклучителен настан во олку невообичаени услови. Дебар се справуваше со исклучително тежок здравствен предизвик, меѓутоа го надмина, се надевам дека набрзо сѐ ќе се врати во нормала, тука, во земјава, во регионот и во целиот свет.

Ви посакувам добро здравје и Ви благодарам на вниманието, рече Џафери во Дебар, сооппшти прес службата во Собранието.

Димитриеска Кочоска: Платформа 1198 значи повисок стандард, раст на БДП од 5% на среден рок

Состојбата е катастрофална во секоја сфера. Главниот проблем е тоа што државата не е функционална и тоа што граѓаните воопшто не можат да имаат никакво влијание и немаат влијание врз одлучувачките процеси.

Ако немаме економија, тогаш не можеме да очекуваме развој во ниту еден сегмент.

Не смееме да дозволиме и понатаму, државата да биде киднапирана од стотина луѓе од власта кој што носат одлуки само за нивни лични интереси и за нивно богатење.

И токму поради тоа, народот треба да стави стоп на ваквото однесување. Да излезе масовно и да гласа, затоа што се потребни промени, промени кои што ќе ја направат Македонија твоја.

Денес сум во Македонски Брод, кој што можам комплетно да кажам дека е целосно заборавен од централната власт и токму тоа треба да се промени.

Имав средби со граѓани, имав средби со стопанственици. Едногласно е секаде размислувањето и одлуките на луѓето дека промени мора да да има. При тоа, го искористивме периодот од денот да ги презентираме мерките и решенијата кој што ВМРО-ДПМНЕ ги има во својата Платформа 1198, кој што и всушност значат многу подобар живот за граѓаните, повисок животен стандард, раст на БДП од 5% на среден рок, повеќе пари за малите и средби бизниси, повисоки пензии.

Затоа, масовно треба да излеземе и да гласаме на 24 април и на 8 мај, со цел да има промени и за повторно Македонија да биде твоја, односно да биде наша, рече Гордана Димитриеска Кочоска, кандидат за пратеник во изборна единица 1.

Напад со нож во Шведска: Застрелан е напаѓачот, кој им се нафрли на три постари жени

Шведската полиција соопшти дека застрелала маж во врска со нападот на три постари жени во градот Вастерас.

Полицијата соопшти дека мажот ги нападнал жените на возраст меѓу 65 и 80 години со остар предмет, пренесува Ројтерс. Шведската агенција Експресен објави дека една од жените и напаѓачот се во болница со сериозни повреди.

Очевидци велат дека слушнале десет истрели. Нападот се случил денеска околу 12:25 часот.

"Многу полицајци беа на местото на нападот. Мислевме дека станува збор за петарди. Не знаевме за што се работи. Автомобилот на нашиот сосед беше уништен. Полициско возило удри во него", рекол еден од очевидците.

Г7: Ќе ја зајакнеме противвоздушната одбрана на Украина

Земјите-членки на Г7 се решени да ја зајакнат воздушната одбрана на Украина, изјавија денеска нивните министри за надворешни работи кои се собраа на состанокот во Капри.

Седум суперсили - Италија, Канада, Франција, Германија, Јапонија, Велика Британија, САД и ЕУ - силно ја критикуваа руската инвазија на Украина, која трае повеќе од две години.

Киев, сепак, ги предупредува дека мора да ја сменат својата стратегија доколку сакаат Украина да издржи сѐ подеструктивни руски воздушни напади. Русија негира дека цели цивили, но смета дека енергетскиот систем на Украина е легитимна цел. Во тие напади беа убиени стотици цивили.

„Г7 ќе ја зајакне воздушната одбрана на Украина за да спаси животи и да ја заштити критичната инфраструктура“, рекоа министрите за надворешни работи, додавајќи дека ќе ја зголемат одбранбената и безбедносната помош за Киев.

„Ние сме решени да продолжиме да обезбедуваме воена, финансиска, политичка, хуманитарна, економска и развојна помош за Украина и нејзиниот народ“, додаваат тие. Изјавата е објавена на крајот од тридневниот министерски состанок во Капри, каде главни теми беа Украина и воените конфликти меѓу Израел и Иран.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен по самитот изјави дека на Украина ѝ требаат веднаш повеќе ресурси и го предупреди Пекинг дека односите на Кина со Европа ќе настрадаат доколку ѝ помогне на руската одбранбена индустрија.

„Кога станува збор за руската одбранбена индустриска база, главниот придонесувач во моментов е Кина“, рече Блинкен. „Ако Кина од една страна тврди дека сака добри односи со Европа и со другите земји, од друга страна не може да ја поттикне најголемата закана за европската безбедност од крајот на Студената војна.“

Воената помош за Киев е забавена во последните месеци бидејќи на европските партнери им снемува муниција, а американската помош е блокирана од републиканците во Конгресот. Претставничкиот дом на САД овој викенд конечно би можел да гласа за пакетот помош од 60,8 милијарди американски долари за Киев.

Друго прашање што се разгледува е како да се искористи профитот од 300 милијарди американски долари замрзнати руски средства на Запад за да ѝ се помогне на Украина. Министрите рекоа дека се уште размислуваат како тоа може да се направи.

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани рече дека постои правна основа за користење камата од замрзнатите средства, а експертите сега размислуваат дали би можел да се искористи самиот капитал.

Во врска со нападот на Израел врз Иран по неодамнешниот ирански напад со беспилотни летала и ракети врз Израел, министрите рекоа дека ќе работат на спречување на ескалација на конфликтот.

„Политичката цел на Г7 е деескалација. Работиме и ќе продолжиме да работиме за да бидеме активни играчи за да обезбедиме деескалација на целиот Блиски Исток“, рече Тајани.

притисни ентер