Директорот на ТикТок ја брани апликацијата пред американскиот Конгрес

Извршниот директор на TikTok денеска одговараше на тешки прашања на американските конгресмени кои бараат да се забрани кинеската социјална мрежа бидејќи ја гледаат како закана за националната безбедност на САД.

Сведочењето на Шу Зи Чоу пред Конгресот доаѓа по еднонеделните напори на кинеската компанија да ги убеди Американците и нивните законодавци дека апликацијата носи економска вредност и ја поддржува слободата на говорот.

TikTok, кој има повеќе од 150 милиони корисници во САД, се соочи со обвинувања дека ги споделува податоците на своите корисници со кинеската влада и дека не прави доволно за да ги заштити децата кои ја користат мрежата.

Републиканецот Кети МекМорис Роџерс, претседателка на Комитетот за енергија и трговија на Претставничкиот дом, го започна сослушувањето тврдејќи дека „ТикТок ги собира речиси сите податоци што може да се замислат - од локациите на корисниците и она што тие го пишуваат и копираат и со кого разговараат до биометриските податоци и многу повеќе. .

„Не веруваме дека TikTok некогаш ќе ги прифати американските вредности - вредностите на слободата, човековите права и иновациите“, рече републиканката, додавајќи дека кинеската комунистичка партија може да го користи TikTok „како алатка за манипулирање со цела Америка.“ .

Чу рано во своето сведочење зборуваше за неговите корени од Сингапур и тврдеше дека компанијата „не промовира или отстранува содржина на барање на кинеската влада“. Тој им вети на одборот и на корисниците дека нема да има „никаква манипулација од која било влада“.

Некои политички експерти веруваат дека забраната на TikTok може да им наштети на демократите кои ја користат платформата за да допрат до помладите гласачи. Тројца демократи во Горниот дом на Конгресот се спротивставија на забраната.

Сепак, повеќето пратеници сакаат TikTok да биде забранет. Кинеската апликација минатата недела објави дека администрацијата на претседателот Џо Бајден побарала од кинеските сопственици да ја напуштат својата сопственост или ќе се соочат со забрана.

Кинеското Министерство за трговија објави денеска дека принудувањето на продажбата на TikTok сериозно ќе ја поткопа довербата на инвеститорите ширум светот, вклучително и Кина, да инвестираат во САД. „Доколку веста е вистинита, Кина решително ќе се спротивстави на тоа“, соопшти Министерството.

Роналдо е амбициозен да игра на Светското првенство во 2026 година

 Кристијано Роналдо има намера да игра и на Светското првенство во 2026 година, објави во понеделникот „Релево“.

39-годишниот напаѓач на Португалија планира да продолжи да настапува на највисоко можно ниво и дава најава за следното Светско првенство. Турнирот во 2026 година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.

Кристијано Роналдо во моментов се подготвува со селекцијата на Португалија за ЕП 2024. Иберијците во првиот натпревар од групната фаза на турнирот во Германија ќе се соочат со Чешка.

Напаѓачот оваа сезона постигна 35 гола и даде 11 асистенции на 31 натпревар за Ал-Наср во лигата на Саудиска Арабија.

Роналдо со португалскиот тим стана европски шампион во 2016 година. До денес, стрелецот учествувал и се пријавил на пет последователни Светски првенства, а своето деби на Светското првенство го имаше во 2006 година.

Топлотен бран во Саудиска Арабија, во Мека измерени 51,8 степени, расте бројот на смртни случаи

 Саудиска Арабија денеска предупреди на екстремно високи температури во Мека, каде што се потврдени повеќе од десетина смртни случаи поврзани со жештините за време на аџилакот, а температурите надминуваат 50 степени Целзиусови.

Годишниот аџилак, еден од најголемите верски собири во светот, се одржува оваа година во лето, кога е особено жешко во Саудиска Арабија.

Само вчера имало повеќе од 2.700 случаи со „исцрпеност поради жештина“, објави саудиското Министерство за здравство.

Температурите во Мека денеска, каде што аџиите го завршуваат хаџот, треба да се достигнат 49 степени Целзиусови.

„Денес светите места бележат највисоки температури од почетокот на хаџот и можат да достигнат до 49 степени. Ги советуваме Божјите гости да не се изложуваат на Сонце“, соопшти Министерството, а пренесува државната телевизија.

Саудиската метеоролошка служба објави на платформата „Икс“ дека температурата во Мека достигнала 51,8 степени.

Јорданското Министерство за надворешни работи вчера соопшти дека поради сончаница предизвикана од екстремна жештина починале 14 јордански аџии, а 17 се водат како исчезнати.

Техеран соопшти дека загинале пет ирански аџии, без да ја прецизира причината за нивната смрт. Дакар објави дека загинале тројца сенегалски аџии.

Аџилакот годинава собра речиси 1,8 милиони луѓе, од кои 1,6 милиони од странство, објавија саудиските власти.

Мицкоски: Нема да дозволам ВМРО-ДПМНЕ да стане тоа што е СДСМ

Нема да дозволам ВМРО-ДПМНЕ да стане тоа што е СДСМ, ниту пак ќе дозволам „Вреди“ да стане тоа што беше ДУИ. 

Ќе има работа, но и одговорност, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар Христијан Мицкоски од Велес, на прославата на која партијата одбележа 34 години постоење. Мицкоски пред членството вети дека новата Влада наместо со штетни договори, ќе ја води Македонија напред со многу труд, борба со криминалот и корупцијата и достоинствен живот за сите граѓани. „Немаме сто дена, ниту грејс период… Не може никој од вас да има приватни бизнисни и да води институции – порача Мицкоски.

-Во изминатиот период кога се договараше оваа влада внимателно ги следев оние пораки од одредени политички центри од новата опозиција дека премногу им се дало на коалицијата Вреди што е ноторна измислица, замислете тие кои коленичеа во Речица кои 7 години беа главни измеќари на ДУИ нам кои повративме најмалку три четвртини од позициите кои ги изгубија ни велат дека сме дале премногу. Се додека албанските и другите коалициони партнери работат по закон и во интерес на државата ќе бидеме еднакви партнери во Владата, изјави Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ упати повик и до СДСМ за национално единство за најважните државни прашања, им посака побрзо да се консолидираат во успешна опозиција и покрај длабоката поделеност во партијата кажа дека во него имаат партнер за иднината на државата.

-Им подавам рака за македонско национално единство за сите важни прашања за државата. Посакувам да ги надминат огромните проблеми и да седнеме на маса да разговараме за иднината на нашата татковина. Секако ова никако не треба да го сфатат како амнестирање од одговорноста за криминалите, но значи дека во нив ќе гледам партнер со кого имаме одговорност поради сегашните и идните генерации да работиме на создавање на единствени државни позиции кога станува збор за суштинските прашања од важност за Македонија, изјави Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ според Мицкоски во изминатите 34 години имала многу светли моменти кои ги направиле горди, но имало и моменти кога се грешело и кои нанесувале штета. Но, како актуелен претседател кажа дека ќе се однесува со еднаква почит кон секој претходен претседател на ВМРО-ДПМНЕ - и кон Љубчо Георгиевски и кон Никола Груевски, како што рече без оглед на тоа колку се далечни или блиски нивните ставови со она што е ВМРО-ДПМНЕ денес.

притисни ентер