Директорот на СЗО за Европа со охрабрувачки пораки

Ханс Клуге, директор на Светската здравствена организација за Европа, рече дека гледа охрабрувачки промени откако Италија објави дека регистрирала помалку заболени од коронавирус, пренесува „Гардијан“.

- Италија, која има најголем број случаи на коронавирус, има помала стапка на инфекција, иако сè уште е рано да се тврди дека пандемијата во таа земја се намалува, - рече Клуге на прес-конференцијата пред да дојде веста за помалку смртни случаи од коронавирус во Шпанија .

Според Светската здравствена организација, во Европа се пријавени над 200.000 случаи на инфекција со коронавирус, при што починаа 11.987 луѓе.

Ова значи дека на глобално ниво, околу шест од секои 10 случаи и седум од 10 смртни случаи се пријавени во Европа, а бројот на потврдени заразени со коронавирус ширум светот сега надминува 400,000.

Бидејќи коронавирусот се шири низ европскиот континент, многу земји воведоа строги мерки за борба против епидемијата. Клуге тврди дека овие земји наскоро ќе можат да ја утврдат ефективноста на овие мерки.

Но, ги предупредува европските влади и граѓаните да бидат свесни за „новата реалност“ создадена од глобалната пандемија и да се подготват за долгорочни последици.

„Ова нема да биде спринт, ова ќе биде маратон“, рече Клуге.

притисни ентер