Многу водечки здравствени експерти сметаат дека постои голема веројатност дека ковид-19 ќе стане ендемска болест, односно, дека ќе биде трајно присутна, но веројатно во помали нивоа на зараза отколку денес.
Директорот на „Модерна“, компанијата која произведува вакцини против коронавирус, вели дека овој вирус не оди никаде.
„Ќе живееме со овој вирус, мислам дека засекогаш“ рекол, тој за време на конфенреција.
Песимистичката прогноза ја даде и СЗО, која објави дека втората година од пандемијата на ковида-19 може да биде потешка од првата, со оглед на брзината на ширење на вирусот, особено на северната хемисфера каде што циркулира заразен вид..