Директорот на „Биосенс“ ексклузивно за Канал 5: Васко Саздовски беше одличен научник и човек

Одличен научник и човек, секогаш насмеан и оптимистичен, вака од институтот Биосенс во Нови Сад го опишуваат Васко Саздовски... Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Над 230 Палестинци осудени на доживотен затвор во Израел за да бидат ослободени

Над 230 Палестинци осудени на доживотен затвор во Израел за да бидат ослободени и испратени во егзил во трети земји.

- Договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, што стапи во сила вчера, предвидува повеќе од 230 Палестинци осудени на доживотен затвор да бидат меѓу ослободените во замена за 33 израелски заложници.

Израел објави список од 734 затвореници кои би можеле да бидат ослободени според првата фаза од договорот за прекин на огнот за ставање крај на 15-месечната војна во Појасот Газа, со посредство на Катар и со помош на САД и Египет.

Меѓу имињата на списокот - 296 се на затвореници осудени на доживотен затвор за извршување или учество во напади или бомбашки напади во кои беа убиени израелски државјани. Двесте триесет и шест од нив треба да бидат депортирани, главно во Катар или Турција, откако ќе излезат од затвор.

Првата фаза од договорот предвидува ослободување на околу 1.900 Палестинци затворени од Израел во замена за 33 израелски заложници држени во Појасот Газа.

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче уште го штитат Груби

СДС се соучесници на Груби и ДУИ и креатори на деструктивните политики, криминалот и корупцијата во Македонија.

Тоа што СДС и Филипче молчат и не се извинуваат за криминалот на Груби значи дека знаеле, го одобрувале и се соучесници во осиромашувањето на македонските граѓани.

На СДС наместо државните интереси на прво место им беше интересот да останат на власт затоа дозволија Груби да краде.

СДС мудро молчи по однос на бегалецот од правдата, Груби. Ниту се оградуваат од него, ниту го повикуваат да се врати во Македонија за да се соочи со правдата.

Филипче не се оттргна од менторот Заев и е продолжение на погубните политики за државата како во минатото така и денес.

СДС е партија заробена во минатото, со иста политичка матрица во континуитет Заев, Ковачевски, а сега и Филипче.

Во СДС ништо не е сменето тоа истата партија која ја поткопува македонската државност со деструктивните политики, која го уништи системот, а народот го осиромаши.

Се додека СДС и Филипче не се извинат на граѓаните за криминалот на Груби не можат да бидат сериозна и конструктивна опозиција која има политичка одговорност.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Новата криптовалута на Трамп расте во цената, неколку часа пред почетокот на неговиот мандат

Новата криптовалута на Трамп расте во цената, неколку часа пред почетокот на неговиот нов мандат.

Криптовалутата, објавена од Доналд Трамп на крајот на минатата недела, денеска ја зголеми својата цена за 73 отсто на 46,06 долари и пазарна капитализација од над 9 милијарди долари.

Позната како $TRUMP, таа достигна пазарна капитализација од 9,2 милијарди долари.

Трамп го најави лансирањето на новата криптовалута, чиј токен го носи неговиот лик од времето на неуспешниот обид за атентат врз него во јули минатата година.

Дури и играчите на пазарот на криптовалути беа изненадени од лансирањето на токенот, јавија американските медиуми.

Трамп вети дека ќе биде „криптопретседател“ и се очекува да издаде извршни наредби насочени кон намалување на регулаторните пречки и промовирање на широко усвојување на дигитални средства. Изгледите за олеснување на регулативата во секторот беше дочекана со ентузијазам од индустријата и го поттикна брзиот пораст на цените на биткоинот по изборната победа на Трамп во ноември.

По новоизбраниот американски претседател, неговата сопруга Меланија исто така објави свое меме за криптовалута. Токенот на идната прва дама се вика $MELANIA.

притисни ентер