Посетата е на иницијатива на родителите на седумнаесетгодишното момче, кое го преживеа пожарот што се случи во ноќнио клуб.
Младиот штипјанец се здобил со потешка форма на труење од чад и изгореници од втор степен, по што на 18 март, два дена по пожарот во дискотеката бил пренесен на лекување во Педијатарска Клиника во Парма. Директорот на ФЗО Сашо Клековски за Канал 5 вели во соработка на ФЗО и системот Цивилната заштита на Италија, младиот Симон Крстев бил пренесен на лекување во Парма, заедно со неколкумина други повредени пациенти.
„Симон не само што е лекуван во Парма, туку ја добил сета емотивна поддршка во тие тешки моменти. Поддршка толку силна да ја донесе проф. Сузана Езпосито во Штип. Ѝ се заблогодарив на проф. д-р Сузана Езпосито за сѐ што е направено за Симон и ѝ порачав дека секогаш е добредојдена во Македонија!“ -Сашо Клековски, директор на ФЗО.
Болницата во Парма на својата веб стана објави дека во текот на хоспитализацијата, Симон бил следен од мултидисциплинарен тим составен од педијатри, пластични хирурзи, ендоскопски пулмолози и психолози.
Инаку ФЗО има воспоставено и директна соработка со неколку болници од регионот, за третман на изгореници од повисок степен..
Пет недели по пожарот, уште 40 тина пациенти се лекуваат во болниците во странство, а еден од нив се’ уште е во критична состојба. За жал борбата за живот овој период ја изгубија тројца пациенти, со кои вкупниот број на жртви во трагедијата достигна 62.