Директор на клиника во Љубљана: Ниту една држава, не може сама да се справи со ваква трагедија - Канал 5

Директор на клиника во Љубљана: Ниту една држава, не може сама да се справи со ваква трагедија

Директор на клиника во Љубљана: Ниту една држава, не може сама да се справи со ваква трагедија
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во Љубљана искажа благодарност за грижата за нашите пациенти хоспитализирани во Словенија. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Финска донесе закон за ограничување на употребата на мобилни телефони за време на настава

Финска усвои закон со кој се ограничува употребата на телефони и други мобилни уреди за време на наставата во основните и средните училишта, поради страв од нивното влијание врз благосостојбата и учењето на учениците.

Финска донесе закон за ограничување на употребата на мобилни телефони за време на настава

Според измените, кои финскиот парламент ги одобри вчера, а ќе стапат во сила на 1 август, мобилните уреди ќе бидат строго ограничени за време на наставата, пренесува Гардијан.

На учениците ќе им биде дозволено да ги користат само со дозвола на наставникот поради здравствена причина или за учење.

Финска е најновата европска земја која воведе законски ограничувања за употребата на телефони и други мобилни уреди во училиштата поради сè поголемиот број докази за нивното влијание врз децата и младите, вклучувајќи го вниманието и самодовербата.

Претходно годинава, Данска соопшти дека ќе забрани мобилни телефони во сите училишта.

Претседателот на финската комисија за благосостојба, Расмус Мејер за Гардијан изјави дека мерката е неопходна за да се спречи училиштата да бидат „колонизирани од дигитални платформи“ и го повика остатокот од Европа да го следи нивниот пример.

Ограничувања за мобилните телефони воведе и Франција, која во 2018 година им забрани на учениците од основните и средните училишта користење телефони во училишните простории, како и Норвешка, која неодамна објави строга минимална старосна граница од 15 години за користење социјални мрежи.

Полскиот режисер Кемпински ќе режира претстава во Македонија

Грзегорз Кемпински е еден од најреномираните полски режисери, добитник на голем број меѓународни награди од областа на театарот и филмската уметност.

Полскиот режисер Кемпински ќе режира претстава во Македонија

Еден од најдобрите полски режисери Грзегорз Кемпински ќе режира македонска претстава. Во продукција на независниот театар „Отпишани“, македонската публика, наесен, ќе има можност да ја види претставата „Животот е краток и нејасен“, чиј автор е македонскиот драмски писател Марјан Анѓеловски.

Сатиричната драма „Животот е краток и нејасен“, како што посочуваат од театарот „Отпишани“, преку еден апсурден начин зборува за системот на загубени вредности, кој го разорува корупција и колективно безумие. „Животот е краток и нејасен“ доаѓа по успехот на претставата „Среќен мртовец“ во продукција на театарот „Отпишани“, каде главната улога ја толкува легендарниот актер Благој Чоревски.

Грзегорз Кемпински е еден од најреномираните полски режисери, добитник на голем број меѓународни награди од областа на театарот и филмската уметност.

Келог: Киев и Вашингтон составија список на услови за завршување на војната

Украинската и американската страна составија список на услови за завршување на војната, кој вклучува 22 „многу конкретни акции“, изјави специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина, Кит Келог.

Келог: Киев и Вашингтон составија список на услови за завршување на војната

„На Украинците не им се допаднаа сите услови, но никому нема да му се допадне конечниот став што ќе го заземете. Тоа е во ред кога имате преговори. Но, ние сме во прилично добра позиција со нив“, изјави Келог за Фокс њуз.

Одговарајќи на изјавата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров дека Русија ќе ја добие војната против Украина, Келог рече дека тоа не одговара на реалноста.

„Руската Федерација нема да ја добие оваа војна. Русија не постигна никаков напредок во последната година и пол. Тие изгубија стотици илјади војници, напредуваат во метри, а не во километри. А Украинците се борат жестоко на своја територија. Па кога Руската Федерација вели дека победува, тоа не е така“, рече Келог.

Тој оцени дека Русија треба „да ја препознае промената на околностите“, односно дека Украина, според него, добро се држи, дека европските партнери зајакнуваат и формираат нови сили без помош на Соединетите Американски Држави.

„Тие сега се подготвени да ја зголемат својата поддршка за Украина доколку е потребно“, смета Келог.

Како што наведе, војната нема да заврши „воено“, туку само по дипломатски пат.

„Украинците ова сега многу добро го разбираат, а и Русите би требало тоа да го сфатат“, додаде Келог. /МИА

притисни ентер