Директор на градинка во кина осуден на смртна казна за труење на две девојчиња

Директор на една градинка во Кина и уште едно лице се осудени на смрт поради случај на труење од кои умреа две девојчиња.

Директорот на градинката бил изнервиран бидејќи во конкурентската градинка имало повеќе запишани деца, па ставил отров за глувци во шише за јогурт.

Потоа од својот соучесник побарал шишињата да ги стави на улицата која води до конкурентската градинка. Две сестрички починале кога го испиле јогуртот кој бил ставен во пластична кеса заедно со училишна тетратка и молив.



Во Бутел утрово со експлозив е разнесен банкомат

Во Бутел утрово со експлозив е разнесен банкомат .

Инцидентот се случил кај „Алпи“ на улица „Христијан Тодоровски-Карпош“. Во моментов полицијата е на терен и се врши увид на местото на настанот. Повеќе за инцидентот во следото издание на вестите .

Угостителските услуги поскапи за 13,4 отсто во однос на лани

Цените на угостителските услуги во мај годинава, во споредба со април, се зголемени за 1.2 %. 

Во однос на мај лани, пак, растот на цените е 13,4 %. Кумулативно, во периодот јануари − мај 2023, во споредба со истиот период од минатата година, цените на угостителските услуги се покаќени за 13.5 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Споредено по групи на услуги, во мај во однос на април зголемување е забележано во групите Храна за 0.7 %, Алкохолни пијалаци за 0.1 %, Безалкохолни пијалаци за 0.9 % и Ноќевања за 3.7 %.

Санкционирани 180 возачи во Скопје, 47 за брзо возење

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. 

На територија на град Скопје изречени се вкупно 180 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 47 санкции, седум мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, соопшти МВР.

Изречени се 10 мерки за користење мобилен телефон при возење, 14 санкции за непрописно престигнување и обиколување, четири мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила... Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

притисни ентер