Димовски: Тој што одземал право во нашата држава е СДСМ - Канал 5

Димовски: Тој што одземал право во нашата држава е СДСМ

„Вие како партија решивте да носите одлуки во кои ние како Македонци немавме право на глас“

Димовски: Тој што одземал право во нашата држава е СДСМ

Тој што одземал право во нашата држава е исклучиво вашата партија во најмалку два случаи. Јас како Македонец немам право да одлучувам за албански прашања без бадентерово мнозинство, но вие како Албанец имате право да донесувате одлуки за македонски прашања без бадентерово мнозинство. Тоа е расликата што беше злоуотребена не од Албанците туку од СДСМ за да протуркаат и Преспански и Француски предлог и потоа се чудите зошто граѓаните Македонци се чувствувале дека државата им била одземена затоа што некој ги довел до ќош и им го одземал правото да одлучуваат за себе. По устав и по закон тој референдум е не уставен, не сакале Македонците да се искажат, немаш право да промениш име, да натераш историска комисија да разговара за идентитет и историја. За среќа, нити збориме дали Гегите и Тоските имаат ист јазик, чиј е Хасан Приштина или Скендер Бег. Не дај Боже да ти се случи на своја кожа, да ти мешаат дома тоа што си учел од дедовците и прадедовците, рече Илија Димовски во Само Вистина.

Ангелов: Не ни е неопходна ЕУ да ги подобриме состојбите дома

„Не очекувам дека САД ќе се повлечат од Балканот“

Ангелов: Не ни е неопходна ЕУ да ги подобриме состојбите дома

Не доаѓаат предвид уставни имени без гаранции, ние не само што не ги добиваме, туку имаме анти-гаранции. Нам не ни е неопходна ЕУ да ги подобриме состојбите дома. Помали сме и понемоќни ос САД, државите од БРИКС се „малку“ далеку. Секој сака билатерална спогодба со САД, не секој сака со Македонија. Суровата реланост налага пат кон ЕУ и НАТО, плативме скапа цена но надворешно сме безбедни. Не очекувам дека САД ќе се повлечат од Балканот. Договорот со Британија е се' замо не е про-руски чекор, вели Стојанче Ангелов во Само Вистина.

Вучиќ на клупа за вежбање: Да бидам за нијанса помалку дебел (Видео)

Александар Вучиќ објави видео на Инстаграм од парк каде што седи на клупа за вежбање.

Вучиќ на клупа за вежбање: Да бидам за нијанса помалку дебел (Видео)

„Далеку сум од добра форма, но Србија е повторно на вистинскиот пат“, напиша српскиот претседател во описот на објавата. Во видеото, тој почна да ги наведува проектите што има намера да ги заврши во наредниот период.

Потоа рече:

„И треба да го искористам ова кратко време пред ручек како да правам нешто, за да биде помалку забележливо она што ќе го јадам. Во секој случај, Србија е повторно на вистинскиот пат. И време е да ги подобрам моите физички карактеристики, да бидам за нијанса помалку дебел и со малку повеќе енергија отколку во претходните неколку месеци.“ Тој не правеше никакви вежби.

Неговото видео набрзо се прошири на социјалните мрежи, а луѓето му пишуваа дека се бламира.

„Лошо се храниш“, се пошегуваа некои во коментарите со емотикони за сендвичи.

Алмеида нoв тренер на Севиља

Шпанскиот фудбалски прволигаш Севиља го назначи денеска поранешниот аргентински репрезентативец Матијас Алмеида (51) за нов тренер, потпишувајќи тригодишен договор.

Алмеида нoв тренер на Севиља

За време на неговата фудбалска кариера, Алмеида мина една сезона во Севиља, што беше негова прва европска станица по пристигнувањето од Ривер Плата, а подоцна играше во Италија за Лацио, Парма и Интер.

Алмеида го постигна најголемиот успех во својата тренерска кариера досега со грчкиот АЕК, со кој ја освои грчката титула и трофејот во Купот во својата прва сезона на клупата на клубот од Атина./МИА

притисни ентер