Димковски: Откупот на јагнето намален, очекуваме со мерката сточарите да го зголемат бројот на стадото

Откупот на јагнето во моментот е со забавено темпо и е намален, за разлика од минатата година.

Со што очекуваме дека преку мерката што пред неколку денови беше донесена на Влада, самите сточари ќе го зголемат бројот на основното стадо, а со тоа и ќе го ублажиме притисокот на пазарот којшто се зголемува, истакна денеска на прес-конференција министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски.

Тој информира дека до денеска се откупени близу 85 илјади јагниња, за разлика од минатите години кога откупот бил околу 180 илјади.

– Ние дел од сет мерките веќе направивме, од тоа што би ја напоменал мерката која пред само неколку дена беше донесена на Влада, а тоа е следејќи ја состојбата околу откупот на јагнињата, каде што се овозможи, се направи зголемување на дополнителната мерка, каде што севкупно излегува дополнителната мерка е само 1.500 денари и со основната 1.000 денари што значи дека за оставено женско јагне за 2020 година вкупната финансиска поддршка по глава ќе изнесува 2.500 денари, појасни Димковски одговарајќи на новинарско прашање.

Цената, вели тој, сепак ја регулира пазарот, додавајќи дека како Влада може да интервенираат во делот на субвенциите.

– Затоа ја споменавме како прва антикризна мерка каде што се овозможи зголемување на субвенциите према оставеното женско јагне се со цел да се амортизира притисокот на пазарот за земјоделците да се решат за оставање, а секако со намалување на самата понуда ќе дојде и до регулирање на цената. Очекувам максимално да се направи откупот, бидејќи нашето јагне се извезува на регионалните пазари состојбата ја знаеме каква е и во соседните држави, но ве уверувам дека јас разговарав и со министерката за земјоделство на Бугарија г-ѓа Танева, која што искажаа исти проблеми околу пласманот, така што со сите проблеми со кои се соочуваат нашите сточари, се соочуваат и сточарите во регионот, рече министерот.

Тој додаде дека веќе се во разговори со претставниците на земјоделците околу концесиите и се надева дека фирмите кои се дел од прехранбениот сектор ќе можат да користат и други еконсмкиите мерки кои веќе Владата ги донесе во тој сегмент.

– Искрено очекувам дека секторот земјоделство во оваа состојба ќе даде максимум со сите сили кои се на располагање фирмите и самите индивидуални земјоделци и ќе бидеме во една поволна состојба со тоа што загубите ќе бидат некаде минимални, а додека таму се појавуваат секако дека ќе се интервенира и со дополнителни мерки, посочи Димковски. /МИА

Герасимовски: Не е целта да се конфискуваат тераси, или доградби за социјално загрозени лица

Не е целта да се конфискуваат тераси, или доградби за социјално загрозени лица, туку оние кои оставруваат профит.

Со законско решение за конфискација на дивоградбите, ќе се одземат нелегалните објекти кои оставруваат профит и ке се пренаменат во непророфитни објекти или во места каде ќе се одржуваат културни манифестации, ова утринава го соопшти градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, по повод новото законско решение за регулирање, конфискација и ре-употреба на бесправно изградени објекти.

Според градоначалникот со законот ќе се реши урбанистичкиот хаос

Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски во „Дуел за Македонија“

Дами и господа, во Среда на 3 април, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви го претстави долгоочекуваниот и одлучувачки ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА.

Дами и господа, во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви го претстави долгоочекуваниот и одлучувачки ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА, помеѓу најголемите политички опоненти и претенденти за премиер - Димитар Ковачевски лидер на СДСМ и Христијан Мицкоски лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

Каков претседател и на треба на државата? На каква платформа ќе не’ качува ВМРО-ДПМНЕ, а која година во ЕУ може да се надеваме со СДСМ? Уставни измени или нов договор со ЕУ и Бугарија – кое е поверојатно сценарио за земјата да остане на европскиот колосек?

Граѓанска, мултиетничка или бинационална – во каква Македонија ќе живееме? Има ли етика во политиката или целта да се стигне до 61 пратеник ќе ги оправда сите коалиции?

Како да се стави крај на корупцијата и младите повторно да гледаат перспектива дома?

Кој се „бори“ за Македонија, а кој за фотелјата на Илинденска... Што се црвените линии на Ковачевски, а од што на Мицкоски, дилемите се задача на Гоце Михајлоски, а под жешките рефлектори во студиото на Канал 5 ќе бидат Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски во ДУЕЛОТ ЗА МАКЕДОНИЈА, во Само Вистина, Среда 03 Април 18.30 часот!!

Ципрас: Потребни се дополнителни дејствија од Косово за приемот во Советот на Европа

Ципрас: Потребни се дополнителни дејствија од Косово за приемот во Советот на Европа да придонесе за мир.

Потребата Косово да преземе дополнителни дејствија за неговото членство во Советот на Европа да придонесе за мир, но и потребата за дополнителна дискусија со земјите кои не го признаваат околу статусот под кој би бил приемот, ги истакнал поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, кој воедно е и претседател на поткомитетот за Западен Балкан на Советот на Европа за време на расправата во Париз на Политичкиот комитет на Парламентарното собрание на СЕ, јави дописничката на МИА од Атина.

На расправата и гласањето на извештајот на грчката пратеничка Дора Бакојани за приемот на Косово во Советот на Европа, Ципрас ги поздравил извештајот, перспективата за членство на Косово и фактот што земјата ја призна правната сопственост на манастирот Високи Дечани.

Сепак, истакнал дека тоа не е доволно како единствен услов и дека се потребни дополнителни активности од Приштина особено во однос на формирањето на Заедницата на српските општини и законот за експропријација на малцинските имоти за интеграција на Косово во организацијата.

Паралелно потенцирал дека тензијата е многу зголемена во регионот со заемна одговорност на страните и потребни се повеќе авансни гаранции за приемот на Косово во Советот на Европа вистински да се придонесе за мирот на Балканот.

Додал дека е потребна дополнителна дискусија со земјите кои не го признаваат Косово за статусот под кој ќе се приклучи на организацијата.

Извештајот за Косово вчера беше усвоен од Комисијата за политички прашања, а следен чекор е пленарна расправа, која ќе се одржи на 18 април.

Како што вчера јави дописникот на МИА од Белград, вицепремиерот и министер за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ изјави дека за одлуката на Политичкиот комитет на Парламентарното собрание на Советот на Европа за препораката за прием на Косово во членство во Советот на Европа е срамна и скандалозна.

притисни ентер