Димковски денеска изврши увид во подготовката на дополнителната канцеларија во Росоман наменета за потребите на земјоделците од оваа општина

Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски беше во посета на општина Росоман.

Заедно со градоначалникот на општина Росоман Бранко Јанев, извршија увид во подготовката на дополнителната канцеларија од времен карактер, која е наменета за потребите на земјоделците од оваа општина.

МЗШВ се подготвува за почеток и реализација на Програмата за директни плаќања за 2020 година. Во следниот период, пред почетокот на аплицирањето за субвенции, ќе се отварат дополнителни канцеларии од времен карактер за потребите на неколку подрачни единици на МЗШВ, кои имаат голем обем на работа во екот на поднесување на Барања за субвенции. Допонителните канцеларии ќе бидат во фунција само додека трае периодот на аплицирање. Целта е да се растерети работата на подрачните единици на МЗШВ во услови на Ковид-19 и да им помогнеме на земјоделците полесно да можат да ги завршат обврските без загрозување на нивното здравје и здравјето на нашите вработени .

МЗШВ ќе отвори дополнителни канцеларии од времен карактер во следниве општини: Росоман, Босилово, Василево, Ново Село, Облешево, Богданци, Старо Нагоричане, Могила и Новаци. За непречено одвивање на активностите канцелариите ќе бидат комплетно опремени со канцелариски мебел и материјали за работа. Сите дополнителни канцеларии ќе бидат снабдени со средства за дезинфекција.

Датумот за почеток на пријавувањето на земјоделците за субвенции, во најскоро време ќе го одреди Платежната агенција соодветно на периодот за кој службите ќе ги обработат податоците од промените направени во земјоделските стопанства, бидејќи рокот за измени во ЕРЗС оваа година беше продолжен до денес - 30. јуни. Точниот датум кога ќе се започне со аплицирање за субвенции, ќе биде соопштен на транспаратен начин, преку објава на веб станата на МЗШВ и преку медиумите.

Со цел да се спречат вообичаените гужви кои се создаваат во подрачните единици додека трае рокот за поднесување на барањата за субвенции, ќе се изготват списоци по азбучен ред. Онаму каде што има потреба ќе се воведе двосменско работење, вработените ќе функционираат во тимови со цел да се спречи појава на Ковид – 19 и да се редуцира бројот на оператори во одреден простор како и бројот на апликанти. За работа во смени помеѓу првата и втората смена ќе има празен период од половина час за да се избегне контакт меѓу двете смени и просториите да може да се дезинфицираат.

„Се подготвуваме да бидеме спремни во очекување на земјоделците кога ќе почнат да доаѓаат за аплицирање. Некој од подрачните единици ќе воведат двосменско работење. Се надеваме дека со една добра организација, нема да се создаваат гужви“ изјави министерот Димковски.

Веќе неколку години наназад на земјоделците им е овозможено и електронско аплицирање од дома. За таа цел изготвено е Упатство за електронско аплицирање со детални објаснувања чекор по чекор. За сите нејаснотии апликантите ќе можат телефонски да контактираат со вработените во подрачните едници. Упатсвото за електронско аплицирање и сите контаки со телефонски броеви и емаил адреси од вработените во Подрачните единици, ќе бидат објавени на веб страната на МЗШВ и јавно достапни.

Министерот Димковски, ги повика сите земјоделци да почнат да користат електронско аплицирање бидејќи тоа е еден современ пристап кој го користат развиените држави и со кој во услови на здравствена криза, многу ќе се допринесе за заштита на здравјето на апликантите и на вработените во подрачните единици на МЗШВ.

Министерство за земјоделство шумарство и водостопанство

Доктор за младешкиот изглед на Анџелина Џоли (48): „Тоа се должи на една операција“

Анџелина Џоли го привлече вниманиото на неодамнешната премиера на Бродвеј на мјузиклот „The Outsiders“, чиј продуцент е и таа.

Нејзините фотографии од овој настан се проширија на социјалните мрежи, а фановите ја опсипуваа со коментари и напишаа дека е „најубавата жена на светот“ и дека изгледа „се помладо“.

Британскиот пластичен хирург Џони Бетериџ, кој често ги анализира лицата на познатите на социјалните мрежи, во видео на Инстаграм ја коментираше безвременската убавина на 48-годишната актерка.

„Анџелина има неверојатно убави црти на лицето“, истакна тој.

Тој ги спореди нејзините стари и нови фотографии и заклучи дека се видливи траги од естетската хирургија. Тој верува дека младешкиот изглед на Анџелина се должи на операцијата наречена „deep plane facelift“, која дава природен изглед. Имено, се работи за хируршка процедура која се користи за подмладување на лицето и вратот.

Џони претходно го анализираше лицето на Бред Пит откако луѓето на социјалните мрежи напишаа дека не им се верува колку добро изгледа актерот на 60 години.

Извор: Индекс.хр

Ндика ја напушти болницата „без срцева патологија“

Дефанзивецот на Рома, Еван Ндика (24), кој колабираше на теренот поради болки во градите на натпреварот против Удинезе во неделата, ја напушти болницата во Удине.

„Новите прегледи покажаа дека тој не боледува од срцева патологија“, соопшти вечерва неговиот клуб.

Ндика колабираше на теренот со болки во градите во 72. минута од натпреварот. Медицинската служба веднаш влезе на теренот, опремена со дефибрилатор, кој не беше употребен. Фудбалерот од Брегот на Слонова коска беше изнесен на носилки, во свесна состојба и веднаш беше пренесен во локалната болница, а натпреварот прекинат.

- На првиот и вториот степен на кардиолошки прегледи кои беа извршени не е откриена срцева патологија. Со оглед на последните прегледи направени во понеделник наутро, клиничката слика е компатибилна со градна траума со минимален лев пневмоторакс. Нови прегледи ќе бидат направени подоцна во Рим“, соопшти Рома.

Дуелот беше прекинат при резултат 1-1, а италијанската лига до крајот на неделата мора да го објави датумот на завршување на натпреварот кој е важен за двете екипи. Рома е во трка за пласман во Лигата на шампионите, а Удинезе се бори за опстанок во Серија А. /МИА

Педри сака да остане во Барселона

Шпанскиот фудбалски репрезентативец Педри потврди денеска дека неговите планови се да остане во Барселона,

„Многу сум смирен бидејќи знам дека Барселона ќе го исполни тоа што ми го вети. Веќе разговаравме за новиот договор. Барса отсекогаш бил клубот од моите соништа“, изјави 21-годишниот шпанскиот репрезентативец.

За новиот договор меѓу Барселона и Педри, според добро информираниот италијанскиот новинар Фабрицио Романо, ќе се разговара во наредните недели.

Педри дојде во Барселона од Лас Палмас во 2020 година./МИА

притисни ентер