Димковски: Буџетот за 2022 е развоен и со фокус на капитални водостопански инвестиции

Буџетот за земјоделството за 2022 година има развојна компонента со фокус на капитални водостопански инвестиции.

Вупниот буџет, кој опфаќа неколку институции, изнесува 9,13 милијарди денари наменети за основните буџети на МЗШВ, Платежната агенција, Агенција за поттикнување и развојот на земјоделство, Агенција за храна и ветеринарство, Државниот инспекторат за земјоделство, Државниот инспекторат за шумарство и ловство и Управтаа за хидрометереолошки работи.

Заменик-министерот Трајан Димковски денеска на прес-конференција соопшти дека најголема сума во износ од 1,27 милијарда денари од буџетот на МЗШВ е наменет за Управата за водостопанство затоа што, рече, веќе неколку години го потенцираме значењето на обезбедување услови за развој на стабилно, конкурентно и модерно земјоделско производство.

-Тоа не е можно без вода. Затоа и во 2022 година продолжуваме со инвестиции во водостопанството кои опфаќаат продолжувње на започнатите проекти и изградба на нови системи. Буџетот на МЗШВ за 2022 година споредено со 2021 е зголемен за 255,7 милиони денари и овие средства се главно насочени во водостопанството, односно 165,5 милиони денари од зголемената сума во буџетот за 2022 година се наменети за проекти за водостопански капитални инвестиции. Ова е логичен чекор креиран од потребата за стабилно наводнување и во насока на намалување на влијанието на климатските промени. Институции кои функционираат со сопствен буџет продолжуваат и во 2022 година со истиот буџет како и за 2021, истакна Димковски.

Основниот буџет на МЗШВ за 2022 година е проектиран на 2,025 милијарди денари кои, како што рече, ќе овозможат континуитет во реализирање на мерките и политиките за развојот на земјоделскиот сектор.

Останатите средства од буџетот на МЗШВ се наменети за инвестиции во земјоделство и руралниот развој, во износ од 279 милиони денари, потоа во шумарскиот сектор во износ од 223 милиони денари, од кои 197 милиони денари за шумската полиција, 28 милиони денари за програма за шумарство и ловство.

Како и секоја година, најголем дел од средствата од буџетот на секторот земјоделство се алоцирани во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.

За капиталните инвестиции за руралниот развој се издвоени 1,15 милијарди денари, кои ќе бидат распоредени со цел континуирано реализирање на Програмата за финансиска поддршка за руралниот развој.

Новина што го разликува овој буџет од буџетот за 2021 година, посочи Димковски, се средствата за отпочнување мали бизниси стартап проекти со грантови до 10.000 евра, дуплиран износ за мерката „Рурална жена" од 3.000 на 6.000 евра неповратен грант и демаркација на средствата од ИПАРД-програмата за вредност од 351 милион денари насочени за зголемување на националното кофинансирање за примарното производство од 10.000 евра.

-Буџетот е креиран домаќински, без непотребни трошоци и со силен стимулативен ефект за развој и заштита на земјоделството производство и приближување до европските земјоделски политики, Искрено се надевам дека и во услови на светска здравтсвена и економска криза ќе успееме да продолжиме да го развиваме земјодлскиот сектор, рече Димковски. /MИА

Северна Кореја истрела неидентификуван проектил во Јапонското Море

Северна Кореја истрела неидентификуван проектил во Јапонското Море, соопшти Заедничкиот комитет на началници на Генералштабот на Јужна Кореја.

Пентагон соопшти дека САД сакаат да разговараат за спорните прашања со Северна Кореја.

Ова е четврто истрелување ракета од страна на Пјонгјанг оваа година. Претходните се извршени на 5, 11 и 14 јануари. Во првите два случаја, Северна Кореја соопшти дека успешно тестирала хиперсонични ракети. На 14 јануари, две балистички ракети со краток дострел беа истрелани од железнички ракетен комплекс.

Средба на претседателот Пендаровски со Ана Лирман, германска државна министерка за Европа

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Ана Лирман, државна министерка за Европа во Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

Честитајќи ѝ за преземањето на функцијата, претседателот Пендаровски оцени дека посетата на министерката Лирман набрзо по нејзиното именување, ја демонстрира јасната посветеност на германските власти за аспирациите на државите од Западен Балкан за членство во Европската Унија. Претседателот Пендаровски се заблагодари што проширувањето на Европската Унија и Западниот Балкан се меѓу клучните приоритети на новата Влада на канцеларот Олаф Шолц.

Претседателот Пендаровски истакна дека Република Македонија останува посветена на европската агенда и го реафимираше очекувањето за скорешен почеток на пристапните преговори за членство во Европската Унија. Во таа насока, претседателот Пендаровски посочи на подготвеноста на нашата држава за продолжување на дијалогот со Република Бугарија, во духот на добрососедските односи, со цел надминување на блокадата во однос на европските интеграции.

Во контекст на билатералните односи, претседателот Пендаровски оцени дека Германија е клучен политички и економски партнер на земјава и еден од најзначајните трговски партнери во годините наназад. Претседателот Пендаровски изрази очекување за натамошно јакнење на пријателството и партнерството меѓу двете држави, вклучувајќи го сојузништвото во НАТО, како и очекување за натамошно зголемување на трговската размена.

Водата во Скопје безбедна и квалитетна за пиење

Водата во Скопје изминатата недела била безбедна и квалитетна за пиење, покажуваат примероците за физичко-хемиска и микробиолошка анализа земени од 47 мерни места во Град Скопје, информираат од ЈП „Водовод и канализација – Скопје".

Ова го покажува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, во кој земените 196 примероци за физичко-хемиска и 196 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење, од 47 мерни места во град Скопје, во периодот од 10 до14 јануари 2022 покажува дека сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

притисни ентер