Димитровски: Резолуцијата, вистински чекор напред за Македонија - Канал 5

Димитровски: Резолуцијата, вистински чекор напред за Македонија

„И за Европскиот Парламент е квантен чекор напред, што порано не беше случај“

Димитровски: Резолуцијата, вистински чекор напред за Македонија

За прв пат откако Македонија е независна држава, се донесува резолуција во која што во контекст на извештајот за напредокот на евроатлантскиот пат, се споменува и нејзиниот идентитет и Македонскиот јазик кои што беа оспорувани изминатите децении. Тоа е вистински чекор напред и за Европскиот Парламент квантен чекор напред, што порано не беше случај, а тоа е меѓу другото и резултат на Владата која што целиот период се обидува да го адресира прашањето на спорот што го имаме со источниот сосед и дека е во прашање на нивен обид за промена на Македонскиот идентитет, макар и во историска смисла, иако тие велат дека го признаваат нашиот идентитет „сегашно“, такви се и амандманите од претениците во Европскиот Парламент кои што доаѓаат од Бугарија. Така, известувачот кој што изминатите месеци работеше напоредно со нашите власти и официјалните личности во ЕУ, дојдоа до еден текст кој што треба да упати и порака, дека во текот на интегрирањето нема да бидат толерирани прашања што се однесуваат на идентитетот на Македонија, вели заменик-минстерот за надрворешни работи и трговија Зоран Димитровски, во Само Вистина.

Трамп за Би-Би-Си: Разочаран сум од Путин, но сè уште не сум се откажал од него

 Американскиот претседател Доналд Трамп во ексклузивен телефонски разговор за Би-Би-Си изјави дека е разочаран, но се уште не „завршил“ со Владимир Путин.

Трамп за Би-Би-Си: Разочаран сум од Путин, но сè уште не сум се откажал од него

На прашањето дали му верува на рускиот претседател, Трамп одговори: „Не му верувам на речиси никого“.

До разговорот за британскиот јавен сервис дојде само неколку часа откако американскиот претседател ја објави најавената „важна вест“ за испорака на оружје во Украина и се закани со строги царини за Русија доколку не постигне договор за прекин на огнот во рок од 50 дена.

Во обемно интервју од Овалната соба, Трамп, исто така, ја изрази својата поддршка за НАТО, иако претходно Алијансата ја нарече застарена, и ја потврди својата посветеност на принципот на заедничка одбрана во нејзините рамки.

Разговорот, што траеше 20 минути, следеше по договорот за можно интервју на годишнината од обидот за атентат врз Трамп за време на предизборен митинг во Батлер, Пенсилванија.

На прашањето дали преживувањето на атентатот го променило, Трамп одговори дека се обидува да размислува за тоа што е можно помалку.

-Не сакам да размислувам дали тоа ме променило мене, рече Трамп. „Размислувањето за тоа може да промени цел живот.“

По средбата со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во Белата куќа, Трамп поголемиот дел од разговорот го посвети на изразување на своето разочарување од Путин.

Тој рече дека во четири наврати верувал дека договор со Русија е на повидок.

На прашањето на Би-Би-Си дали целосно се откажал од Путин, Трамп рече: „Разочаран сум од него, но не сум завршил со него. Но, разочаран сум.“

На прашањето како планира да го натера Путин да „го запре крвопролевањето“, Трамп рече: „Работиме на тоа, Гари.“

„Ќе имаме одличен разговор. Ќе кажам: Добро, мислам дека сме блиску до договор, а потоа тој ќе сруши зграда во Киев.“

Разговорот потоа се префрли на НАТО, сојузот што Трамп во минатото го нарече „застарен“.

Зпрашан дали сè уште мисли така, тој одговори: „Не. Мислам дека НАТО сега станува спротивно на тоа“, додавајќи дека членовите на Алијансата „ги плаќаат своите обврски“.

Тој, исто така, рече дека сè уште верува во колективната одбрана бидејќи им овозможува на помалите држави да се бранат од поголемите.

Прва заедничка обука на српската и кинеската армија во втората половина од месецов

 Специјални единици на кинеската и српската армија ќе спроведат заедничка обука под името „Чувар на мирот 2025“ во покраината Хебеј, во северна Кина, во втората половина на јули.

Прва заедничка обука на српската и кинеската армија во втората половина од месецов

Специјални единици на кинеската и српската армија ќе спроведат заедничка обука под името „Чувар на мирот 2025“ во покраината Хебеј, во северна Кина, во втората половина на јули, пренесоа српските медиуми повикувајчи се на изјава на Џијанг Бин, портпарол на кинеското Министерство за одбрана.

„Тоа ќе биде првата заедничка обука на кинеската и српската армија. Ќе придонесе за зајакнување на борбените способности на учесниците и продлабочување на соработката меѓу двете армии“, рече тој.

Во 2020 година, Србија купи шест нови беспилотни летала CH-92A од Кина. Две години подоцна, го купи и противвоздушниот ракетен систем FK-3. з

Последиците од случајот Епстајн претставуваат тест за лојалност: Трамп или МАГА?

Министерството за правда и ФБИ минатата недела објавија меморандум во кој заклучија дека нема докази дека Епстајн имал листа на моќни луѓе кои учествувале во неговиот наводен подземен свет на трговија со секс и педофилија.

Последиците од случајот Епстајн претставуваат тест за лојалност: Трамп или МАГА?

Си-Ен-Ен - Вашингтон

Во деновите откако администрацијата на Трамп објави меморандум за Џефри Епстајн, кој е во директна спротивност со теориите на заговор промовирани од претседателот и некои од неговите највисоки соработници, движењето на Трамп и неговите најжестоки поддржувачи се во бунт.

Министерството за правда и ФБИ минатата недела објавија меморандум во кој заклучија дека нема докази дека Епстајн имал листа на моќни луѓе кои учествувале во неговиот наводен подземен свет на трговија со секс и педофилија. Исто така, се наведува дека познатиот поранешен финансиер починал од самоубиство, а не бил убиен во неговата ќелија во затворот во Њујорк.

Сепак, после години на големи ветувања кон базата на претседателот, меморандумот не успеа да обезбеди клучен доказ, што ги поткопува зборовите на Трамп и неговиот тим. Светот на МАГА не е задоволен, што доведува до конфликт меѓу најблиските сојузници на претседателот.

Додека Трамп ги брани наодите, ситуацијата создаде невиден тест за лојалност меѓу претседателот и движењето што тој го создаде. Иако Трамп долго време имаше значително влијание врз својата база, ова е еден од првите случаи кога неговото движење не ги следи неговите насоки — можеби нудејќи рана скица за тоа како МАГА ќе еволуира во ерата по Трамп.

Внатрешните конфликти меѓу Министерството за правда и ФБИ достигнаа кулминација во средата на експлозивен состанок каде што директорот на ФБИ, Каш Пател, и неговиот заменик, Дан Бонџино, беа соочени со прашања дали стојат зад приказната дека ФБИ сакало да објави повеќе информации за Епстајн, но било попречено од Министерството за правда. По тој состанок, Бонџино им кажал на луѓето дека размислува за оставка и не се појавил на работа во петокот, додека неговиот статус во администрацијата останува неизвесен.

Трамп во неделата изјави „Мислам дека е така“ кога новинарите го прашаа дали Бонџино сè уште е заменик-директор на ФБИ, но додаде дека „е во добра форма“ откако разговарал со него претходно истиот ден. Пател, од своја страна, во саботата објави на социјалните мрежи дека ќе продолжи да служи во администрацијата на Трамп.

Иако често ги разгоруваше теориите на заговор за Епстајн, Пател во својата објава призна: „Теориите на заговор едноставно не се вистинити, никогаш не биле“.

Главната обвинителка Памела Бонди, која повеќепати ветуваше дека ќе ги објави документите за Епстајн, се соочи со најголемиот дел од фрустрацијата на поддржувачите на МАГА.Таа можеше да стане жртвен јарец, но Трамп досега јасно покажа дека ја поддржува својата главна обвинителка, изразувајќи силна поддршка во објава на социјалните мрежи во саботата и поканувајќи ја Бонди да му се придружи на финалето на Светското клупско првенство на ФИФА во Њу Џерси во неделата, каде што таа го гледаше натпреварот од ложата на претседателот, а Трамп ѝ покажа палец нагоре.

Внатрешните конфликти очигледно го изненадија претседателот, па Трамп се обиде да ги смири своите поддржувачи и да ја заштити Бонди за време на викендот.„Што се случува со моите момчиња и, во некои случаи, девојки? Сите ја напаѓаат главната обвинителка Пам Бонди, која врши ФАНТАСТИЧНА работа! Ние сме еден тим, МАГА, и не ми се допаѓа што се случува“, напиша тој на Truth Social.

Приватно, Трамп исто така ја удвои својата поддршка за Бонди. Претседателот за време на викендот телефонски разговараше со некои од најгласните критичари на главната обвинителка во обид да го спречи ескалирањето на ситуацијата околу документите за Епстајн, изјавија за Си-Ен-Ен три извори запознати со ситуацијата.

Членови од најблискиот круг на претседателот, исто така, контактирале со некои од нејзините најгласни критичари, во суштина барајќи од нив да се смират. Нејзината позиција, велат тие, е сигурна — засега.Претседателот, исто така, се врати на познатата тактика, обвинувајќи ги демократите: „Зошто овие радикални леви лудаци не ги објавија документите за Епстајн? Ако имаше НЕШТО во нив што можеше да му наштети на движењето МАГА, зошто не го искористија?“ И Епстајн, тврди Трамп, е „некој за кого никому не му е грижа“.

Но, тоа изгледа не беше доволно за да смири многу од неговите најгласни и истакнати поддржувачи, кои постојано ја покренуваа оваа тема на Самитот за студентска акција на Turning Point USA, настан насочен кон мобилизација на младите конзервативци, во Тампа, Флорида.

Бонди „никогаш не пропушти можност да се појави на телевизија и да ветува дека нешто ќе дојде. Се обидуваше да ве убеди дека го има, дека е на нејзината маса, дека утре ќе го видите, дека нешто за Епстајн доаѓа, а тоа беше мамка. Па, или верувате дека Пам Бонди тогаш ја зборуваше вистината, или дека сега ја зборува вистината, но двете не можат да бидат вистинити, рече конзервативната политичка коментаторка Мегин Кели на самитот во петокот, нарекувајќи ја Бонди „злосторник во оваа приказна“.

Пратеничката Ана Паулина Луна, републиканка од Флорида, во саботата предупреди: „Пам, ако не можеш да си ја вршиш работата, ќе најдеме некој што може“.

Иако голем дел од критиките беа насочени кон Бонди, други ја обвинија администрацијата во целина. - Не мислам дека ни ја кажуваат вистината за Епстајн. Мислам дека тој човек бил вмешан во нешто подмолно што имплицира многу луѓе. И мојата претпоставка е дека тие луѓе можеби се некои од нашите сојузниц“, рече јутјуберот и конзервативен политички коментатор Брендон Тејтум.

Поранешниот советник на Трамп, Стив Банон, го нарече Епстајн „клучот што отклучува многу работи — не само поединци, туку и институции“.

Водителката на Фокс Њуз, Лора Инграхам, направи анкета меѓу публиката на самитот: „Колку од вас се задоволни — можете да аплаудирате — задоволни со резултатите од истрагата за Епстајн?“Таа доби огромно негодување. И не се само конзервативците со јавна платформа.

Доналд О’Саливан од Си-Ен-Ен разговараше со поддржувачи на Трамп за време на викендот, кои го повикаа претседателот да ги објави документите за кои неговиот тим вели дека не постојат. - Не мислам дека луѓето ќе молчат додека навистина не го направат тоа. Но, кој знае дали некогаш ќе ја дознаеме вистинската приказна, рече Лиза Брит. - Има две работи за кои претседателот Трамп лажеше: Едната беше дека документите за Епстајн ќе бидат објавени, а тие сè уште не се објавени. Треба да се објават, рече Тејлор Шарп. „Втората работа е дека не сме уморни од победи. Тој рече дека ќе се умориме од победи. Ние не сме уморни од побед“.

притисни ентер