Димитров во Берлин: Не гледам никакви пречки за Северна Македонија да ги започне преговорите за членство со ЕУ

Во рамки на првиот ден од работната посета на Берлин, министерот Никола Димитров оствари низа активности и средби за презентирање на македонските аргументи за добивање одлука за почеток на пристапни преговори со ЕУ во октомври. 

За таа цел, Димитров најпрво имаше обраќање и размена на мислења со релевантни соговорници од неколку државни институции, членови на Бундестаг и на тинк тенк заедницата, за време на работниот појадок организиран од фондацијата Кербер. Потоа, министерот Димитров оствари средба со својот колега, министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Хајко Мас, на која беше направен пресек на постигнатото, актуелните случувања и изгледите во однос на нашите очекувања од октомврискиот Совет на ЕУ. Министерот Димитров изрази благодарност за принципиелната и конзистентна германска поддршка и пријателство и уверување дека во октомври нема да се испушти приликата за заеднички успех. Беа разгледани билатералните односи и можностите за нивно продлабочување особено во делот на економската соработка. Министерот за надворешни работи Маас ја реафирмираше поддршката за Северна Македонија, истакнувајќи дека е оптимист во однос на очекувањата од Советот на ЕУ во октомври и дека „не гледа веќе никакви пречки за Северна Македонија да ги започне преговорите за членство со ЕУ".

Димитров: „Оваа година сум чест посетител на Берлин и денес, непосредно во очи на октомврискиот Совет на ЕУ, сум дојден да разменам мислења со нашите германски пријатели и да нагласам уште еднаш дека Северна Македонија претставува недвосмислена можност за заслужен и заеднички успех со ЕУ во октомври. Благодарни сме за германската поддршка и уверени сме дека европската перспектива ќе биде наскоро валидирана и препознаена и од сите останати земји-членки на ЕУ."

Министерот Димитров се сретна и со државниот министер надлежен за Европа, Михаил Рот при што соговорниците разменија мислења околу конкретните реформски резултати што Северна Македонија ги постигна и поширокиот регионален и ЕУ контекст во пресрет на октомврискиот Совет. Агендата Министерот ја продолжи со низа средби со германски пратеници од Бундестаг и тоа: Јосип Јуратовиќ (СПД), Гунтер Крихбаум (ЦДУ, претседавач на Комисијата за ЕУ прашања), Кристијан Петри (СПД), Михаил Куфер (ЦСУ), како и со Уве Корсепиус, советник за ЕУ на Канцеларката Меркел.

На средбите со германските пратеници кои дадоа јасна поддршка, стана збор за резултатите и напредокот што земјата го оствари и аргументите зошто позитивната одлука во октомври е заслужена, особено во пресрет на претстојната дебата на Бундестаг на крајот на септември.

И утре, Димитров продолжува со средби со пратеници од германскиот Бундестаг, советникот за надворешна политика на Канцеларката Меркел, како и со претставници на германското Министерство за надворешни работи.

Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1

Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1, изјави тајландскиот премиер Срета Тависин, кој денеска оствари средба со шефот на Ф1, Стефано Доменикали.

„Тајланд има капацитет да биде домаќин на Формула 1 во Бангкок“, напиша шефот на владата на социјалната мреќа Икс, по разговорите во Бангкок.

„Ако го направиме тоа, сигурен сум дека нашата земја ќе остави неверојатни спомени за другите, бидејќи имаме добар потенцијал, капацитет и гостопримство“, наведе Тависин.

Владиниот портпарол, цитиран од локалните медиуми, рече дека трката би се организира низ улиците на стариот дел на Бангкок, познат по големиот сообраќаен метеж и проблемите со инфраструктурата.

Тајланд е домаќин на трка во Светскиот шампионат во Мото ГП која секоја година се одржува во Бурирам, сиромашен, рурален регион на повеќе од пет часа возење од главниот град. /МИА

За една недела во Грција се уапсени 379 лица за семејно насилство

Минатата седмица грчката полиција уапсила 379 лица по поднесени пријави за семејно насилство, а 23 жртви биле пренесени во центрите за згрижување, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерството за заштита на граѓаните на Грција информираше за резултатите од спроведувањето на новиот план на полицијата за справување со криминал, семејно насилство и врсничко насилство.

Согласно неделниот извештај, во периодот од 15 до 21 април, полицијата примила 1.025 повици за семејно насилство, а на 81 жена – жртва на насилство ѝ била инсталирана специјалната апликација за помош „Panic Button“ на грчката полиција .

Биле пријавени 633 случаи на семејно насилство, при што биле уапсени 379 лица, а 23 жртви на насилство биле пренесени на безбедни локации.

Во однос на малолетничката деликвенција и врсничкото насилство биле извршени проверки на 6.004 лица, од нив 344 биле приведени, а 160 уапсени и биле потврдени 270 прекршоци.

Како на младите да им се врати љубовта кон книгата?

Некогашната парола, книгата е прозорец кон светот, за младите повеќе не важи. 

За нив прозорец кон светот е интернетот, книги читаат само понекогаш, ако тоа од нив го побараат наставниците.

Дека е така потврдуваат и дел од издавачите на овогодинешниот саем на книга.

Најмалку читаат средношколците, и основците, а книги купуваат најчесто кога се на попуст. Слободното време, најчесто го поминуваат на интернет. За разлика од нив, за повозрасните, технологијата не е предизвик.

36 издание на Саемот на книга завршува утревечер, во 20 часот.

притисни ентер