Димитров: Убеден сум дека референдумот ќе успее

Убеден сум дека референдумот ќе успее, бидејќи ние секогаш кога имаме крупна историска раскрсница избираме мудро и мислам дека така ќе биде и во овој случај, рече министерот  Димитров на  тркалезната маса „Евроатлантска иднина за Мaкедонија".

Референдумот, како што посочи тој, е политичка легитимација на правецот по кој ние мислиме дека треба да одиме.

- Решивме храбро, искрено и отворено да им погледнеме во очи на проблемите. Успеавме да затвориме еден спор што не влече назад три децении и да ги отвориме вратите кон иднината. Се работи за нашата стабилност и безбедност, за нашата финансиска благосостојба и за пристап до најдобрата алатка за реформа што постои, а тоа се пристапните преговори со ЕУ. Решението е тука, до сите нас како граѓани е да одлучиме дали ќе одиме напред кон иднината и интеграциите или ќе одиме назад кон изолација, рече Димитров и додаде дека нема друга алтернатива за патот напред.

Многу важно е, како што истакна министерот, што успеавме во овој компромис да го сочуваме она што ни е најважно, а тоа е идентитетот и идентитетските прашања.

- Многу е важно оваа втора шанса на нашата генерација да се затрчаме и да го фатиме возот, додаде Димитров.

На прашање дали може да се очекуваат нови избори доколку договорот не добие поддршка, Димитров рече дека сето тоа е второстепено во однос на одлуката што треба да се донесе на референдумот.

- Мислам дека од аспект на влогот што го имаме со референдумот се друго е многу маргинално. Изборите имаат врска со партии кој е на власт, кој е во опозиција, а пред нас е едно многу важно прашање кое е за иднината на Македонија и за иднината на сите нас, рече Димитров.

Во однос на тоа што опозицијата не го соопштува својот став околу референдумот, Димитров рече дека историските одлуки бараат чесен однос кон граѓаните и одговорност.

- Не сите граѓани можат да проценат геополитички во каква состојба е Балканот и кои се можните компликации ако ние не успееме и ако се вратиме во чекалната и што ќе биде со Македонија за пет или 10 години од денес, истакна Димитров.

Тркалезната маса е во организација на Институтот за европска политика, Институтот за демократија „Социетас цивилис" и Центарот за економски анализи, а во соработка со Аспен институтот од Берлин.

РСБСП: Да придонесеме за поголема безбедност на децата во сообраќајот

Децата се една од најранливите категории учесници во сообраќајот. 

Токму затоа неопходно е да се вложат заеднички напори за унапредување на нивната безбедност во сообраќајот. Треба да се има предвид дека тие се рамноправни учесници во сообраќајот на патиштата и да се посвети особено внимание на нивната едукација од областа на сообраќајните правила и прописи. Неопходноста за помош и едукација од возрасните посебно е изразена кај децата од помала возраст. Затоа Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата советува:

· запознајте ги децата со сообраќајните правила и прописи,

· разговарајте со децата за нивното однесување во сообраќајот и за правилноста на постапките, укажете им како можат да ги намалат или избегнат ризиците по нивната безбедност во сообраќајот,

· укажете им на децата дека коловозот треба да се преминува само на обележан пешачки премин,

· помалите деца во сообраќајот треба да се движат држејќи за раката возрасен,

· децата во сообраќајот треба да се сконцентрирани (а не да користат мобилни телефони или слушалки) за да можат навремено и правилно да реагираат,

· пред да го преминат коловозот децата треба да застанат, да погледнат лево и десно, па дури откако ќе се уверат дека сите возила запреле и дека е безбедно, може да исчекорат за да преминат,

· укажете им на децата дека не е безбедно да се движат на паркинг за возила или да го преминуваат коловозот помеѓу две паркирани возила затоа што можеби возачите нема да можат да ги забележат,

· вклучете ги децата во одлучувањето кога и каде е безбедно да се преминува коловозот,

· препорачливо е децата да носат светла облека или облека со рефлектирачки делови за да бидат повидливи во сообраќајот,

· бидете пример за совесно и одговорно однесување во сообраќајот затоа што децата најчесто учат т.е. земаат пример од однесувањето на другите.

Заеднички да придонесеме за поголема безбедност на децата во сообраќајот на патиштата.

РСБСП

Санкционирани 55 возачи на мотоцикли

Санкционирани 55 возачи на мотоцикли во текот на вчерашната акција на МВР,  од 11.00 до 16.00 часот, на територијата на државата.

- Од нив, 32 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 17 возеле без возачка дозвола... За време на контролата санкционирани се и 157 други видови на сообраќајни прекршоци, соопштуваат од МВР.

Мбапе заминува од ПСЖ за четири пати помала плата

Килијан Мбапе ја заврши мисијата во Пари Сен Жермен и прашање на време е кога ќе замине во Мадрид, во тоа нема веќе дилеми, барем според Фабрицио Романо, новинар кој е најпознат за фудбалските трансфери.

- Килијан Мбапе е презадоволен од сите разговори што ги има со Реал. Се верува дека е само прашање на време кога сагата ќе заврши, напиша Романо.

Потоа продолжи да ја објаснува ситуацијата.

- Мбапе донесе одлука. Тоа е Реал Мадрид и нема дилеми. Никогаш немаше намера да преговара со други клубови од првиот ден. Неговиот целосен фокус е на Реал Мадрид, напиша Романо.

Мбапе ќе замине во Реал кога ќе му истече договорот со ПСЖ, а Французите така и не успеале да го убедат да остане.

„Марка“ претходно напиша дека Мбапе ќе потпише петгодишен договор со Реал. Мбапе ќе биде најплатен во тимот, но не драматично повеќе од останатите. Ќе заработува 20 милиони по сезона и голем дел од парите од маркетиншки права.

Тоа значи дека ќе заработува речиси четири пати помалку отколку во ПСЖ каде во последните две години земал 72 милиони по сезона. Сепак, се очекува преку маркетинг да собере огромна сума на пари, а според некои проценки тоа би можело да го направи најбогат фудбалер во светот.

На крајот на краиштата, тој направи сличен потег како Мајкл Џордан неколку децении порано, а Мајкл денес е милијардер.

Речиси би било поетско доколку Мбапе го одигра последниот натпревар во дресот на ПСЖ против Реал Мадрид во финалето на Лигата на шампионите, но дотогаш овие два тима треба да ги исфрлат Борусија и Баерн.

Оваа сезона постигна 41 гол на 42 натпревари и запиша девет асистенции. Од доаѓањето во ПСЖ, тој одигра 302 натпревари со 253 гола и 107 асистенции. /МИА

притисни ентер