Димитров на Самитот за Западен Балкан во Виена

 Крајно време е за добри вести и прогрес по европскиот пат за целиот регион​, вели Димитров.

На покана на австриската министерка Каролине Едштадлер, денеска во Виена заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров учествуваше на Самитот за Западен Балкан, на ниво на министри за европски прашања, како надополнување на пленарната сесија на шефовите на влади организирана од австрискиот канцелар Курц.

Тематскиот панел беше фокусиран на размена на мислења за процесот на проширување на Европската Унија, при што се дискутираше за предизвиците во пристапниот процес на регионот во светлото на новата методологија за преговори, користењето на фондовите од Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан и стратешката комуникација на ЕУ со регионот.

Вицепремиерот Димитров истакна дека новата методологија за пристапни преговори може да внесе нова динамика и поголема веродостојност на пристапниот процес само ако е правилно применета, за што е потребна заемна посветеност - и на земјите кандидати, и на Европската Унија.

„Ако се вратиме на основите како што предвидува и самата методологија, не смееме да го заборавиме базичното правило дека процесот на пристапување е двостран и подразбира испорачување на обете страни.

Крајно време е Унијата да испорача кон Македонија, исполнувајќи го сопственото ветување за почеток на преговори откако земјата ги исполни сите услови”, вели Димитров.

Димитров дополни дека Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан е признание од страна на ЕУ дека треба да стори повеќе за регионот за да го одржи процесот на европеизација, како подадена рака за фундаментални реформи, брза имплементација и регионална економска интеграција.

Партнерството за соочување со глобалните предизвици е важно и за подобрување на стратешката комуникација, но сѐ се заснова на тоа колку граѓаните може да веруваат на зборовите на Брисел и главните градови на ЕУ.

Учеството на граѓаните од регионот во Конференцијата за иднината на Европа ќе претставува повеќе од политички сигнал, а особено важно е вклучувањето на младите генерации кои и во буквална смисла на зборот се иднината на Европа. ЕУ нема што да изгуби, но има многу што да добие со вклучување на сите граѓани од европскиот континент во оваа пан-европска платформа за демократијата и иднината.

Алонсо: Останувам во Леверкузен, тоа е вистинското место за мене

Чаби Алонсо ја потврди својата одлука да остане на чело на Баер Леверкузен. Така, тој ја пропушта можноста да ги преземе Ливерпул или Баерн Минхен, кои уште од летото го посакуваа во своите редови и влегоа во преговори со него.

Тој во принцип има договор со „аспирините“ до крајот на сезоната 2025/26. Според информациите во летото 2025 година во неговиот договор ќе биде активирана клаузула според која тој ќе може да замине како слободен агент.

Шпанецот моментално го води Баер до титулата во Бундеслигата, со солидна предност од 10 бода пред второпласираниот Баерн на осум кола до крајот. Одделно, тимот е во четвртфиналето на Лига Европа и е во полуфиналето на Купот на Германија.

Чаби Алонсо го води Леверкузен од октомври 2022 година.

Мицкоски и Ковачевски сметаат дека е добро што ќе имаат јавно соочување на Канал 5

Очекувањата на Ковачевски се дека неговиот политички опонент ќе одговори која е неговата стратегија за деблокада на преговорите, како едно од најголемите прашања кои останаа нерешени. 

Како до подобар животен стандард, кое е најдоброто решение за евроинтеграциите и чија програма е победничка- ова се дел од темите за кои лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ Ковачевски и Мицкоски за првпат ќе ги судрат аргументите на ТВ дуел в среда во живо на Канал 5. Очекувањата на Ковачевски се дека неговиот политички опонент ќе одговори која е неговата стратегија за деблокада на преговорите, како едно од најголемите прашања кои останаа нерешени.

-Јас се радувам на овој ТВ дуел, бидејќи конечно ќе можеме да чуеме кој каков став има за најважните прашања за државата. Моите ставови веќе ги знаете, меѓутоа се надевам дека во среда ќе можеме да ги чуеме и ставовите на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во однос на интерацијата на државата во ЕУ, односите со соседите и за односите во државата виз-а-ви другите етнички заедници.- Димитар Ковачевски – претседател на СДСМ

Опозицискиот лидер Христијан Мицкоски очекува сериозна дебата за иднината на Македонија, со понуда за проекти и решенија за проблемите на граѓаните.

Очекувам на тој дуел да презентираме како ја гледаме Македонија во следните децении, барем јас така ќе бидам подготвен и така ќе настапам. Очекувам успешен дуел кој ќе го привлече вниманието на граѓаните и ќе даде одговор на многу прашања коишто досега немале можност граѓаните да ги слушнат. - Христијан Мицкоски – претседател на ВМРО-ДПМНЕ

ТВ соочувањето меѓу Ковачевски и Мицкоски ќе трае 2 часа, со еднаков простор за двајцата лидери. Досега дуели во студиото на Канал 5 меѓу лидерите на двете најголеми политички партии се одржуваа во три наврати, додека Зоран Заев беше претседател на СДСМ – во 2019, 2020та и последниот во септември 2021ва година, на еден месец пред локалните избори по кои тој си поднесе оставка од премиерската и партиската позиција.

Сиљановска: Граѓаните и Македонија треба да бидат повторни горди!

Македонија повторна горда. Ова е слоганот на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и колицијата  за претседател Гордана Сиљановска кој го презениташе предмалку. 

Таа смета дека не само државата, туку и на граѓаните треба да бидат повторно горди. Таа обвини дека во земјава се правело културоцид.

притисни ентер