Димитров: Македонските предизвици кон ЕУ се предизвици за самата Унија

Политиката на проширување со земјите од Западниот Балкан е од особена важност за адресирање на прашањата кои ја засегаат иднината на Европа, потенцираше вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров.

Димитров попладнево во Солун, се обрати на специјалната дискусија за европската перспектива на регионот „Западниот Балкан учествува во дијалогот за иднината на Европа", иницирана од страна на грчкото МНР како дел од Конференцијата за иднината на Европа.

-Главниот фокус на дискусијата беше ставен на важноста од вклучување на земјите и граѓаните од регионот во делиберативниот процес за иднината на Европа со цел заеднички придонес во дефинирањето на приоритетите на европската интеграција, соопшти МНР.

-Токму во Солун пред 18 години Европската Унија даде ветување за европска иднина на Западниот Балкан, како израз на геополитичката посветеност за комплетирање на Европа. Неисполнувањето на ова ветување има сериозни последици врз довербата на земјите од регионот, но и кон граѓаните и навистина е тешко да се одржи европскиот наратив. Евроинтеграцискиот пат на Северна Македонија е особено драстичен случај, тоа што ЕУ сé уште не е во состојба да ја спроведе минатогодишната одлука за почеток на пристапни преговори зборува многу и за предизвиците и проблемите со кои се соочува Унијата, рече Димитров.

Во тој контекст, Димитров посочи дека учеството на земјите и граѓаните од регионот во Конференцијата за иднината на Европа носи големи придобивки за сите страни во процесот како можност за обновување на заемната доверба и обединување во однос на приоритетните прашања.

-Се соочуваме со различни предизвици кои имаат глобална природа и чие справување налага заеднички одговор. Поврзаноста на Западниот Балкан со ЕУ не е само географска, овој регион има посебна важност кога станува збор за стабилноста на Европа така што пристапување на регионот не може да се третира како засебно прашање. Навистина е потребен конкретен исчекор, настрана сите дадени ветувања и зборови содржани во различни стратегии и изјави. Иднината на Европа им припаѓа на младите и наша задача е тоа да го исполниме што е можно побрзо бидејќи изгубивме многу време, рече Димитров.

На настанот организиран од алтернативниот грчки министер Милтиадис Варвициотис, учествуваа и министрите за европски и надворешни работи од регионот, како и евророкомесарот Вархеји и словенечкиот претставник на претседателство со Советот на ЕУ Гашпер Довжан, при што, наведуваат од МНР, беше испратен силен и јасен сигнал за потребата од напредок во процесот на проширување./MИА

Средба на министерот Бесими со Матуела и Худолин од ЕУ

Дизајнирањето на макроекономските политики и мерките за поддршка на стопанството клучни за остварување забрзан раст.

Дизајнирањето на макроекономските политики, јавните финансии, структурните реформи, како и поддршката што ја дава Владата на стопанството за справување со пандемијата, како и зелената и дигиталната трансформација, беше тема на дискусија помеѓу министерот за финансии Фатмир Бесими и Мишела Матуела, директор на Директоратот за проширување и соседска политика и Штефан Худолин, раководител за соработка во Делегацијата на ЕУ.

„Македонија е посветена на остварување економски раст и опоравување од пандемијата, со фокус на остварување подобар раст што би значело – зелен, дигитален, паметен, забрзан, инклузивен и одржлив раст. Планот за финансирање забрзан раст на којшто работиме има за цел да овозможи забрзан одржлив раст притоа одржувајќи финансиска стабилност преку мобилизирање капитал од приватниот сектор како дополнување на средствата од Буџетот", потенцира министерот.

На состанокот се дискутираше и за Законот за буџети, за реформата за унапредување на фискалната децентрализација којшто се подготвува во рамки на Министерството за финансии, како и за реализацијата на проектите што се финансирани од инструментот ИПА.

Во однос на преземените мерки за справување со пандемијата, Бесими истакна дека се имплементирани 6 пакети во вкупен износ од 1 милијарда и 180 милиони евра.

„Македонија се водеше од пристапот „сѐ што е потребно" – првично, финансирањето беше предизвик, но подоцна ни беа доделени меѓународни средства. Во 2021 година, беа имплементирани 2 дополнителни пакета во вкупен износ од околу 180 милиони евра, во кои беа вклучени не само интервентни мерки, туку и мерки за поддршка на закрепнувањето и растот, со потаргетиран пристап, воедно фокусирајќи се и на компаниите со добри перформанси со цел поддршка на инвестициите. Во моментов, сите показатели (раст на БДП, буџетски приходи, трговска размена, итн.) укажуваат на заздравување на економијата", потенцира Бесими.

Притоа тој нагласи дека и понатаму внимателно се следат случувањата.

„Свесни за предизвиците, продолжуваме со поддршка преку потаргетирани мерки, што се поориентирани кон пазарот, притоа фокусирајќи се на фискалната консолидација на среден рок. Политиките на Македонија ги следат овие насоки", рече Бесими.

Во пожар кај Струмица гореа стари гуми

Пожар денеска околу 14:15 часот избувна во атарот на село Костурино, каде биле запалени стари гуми и стрниште.

Според информациите од ТППЕ Струмица во гаснењето на пожарот учествувале 20 пожарникари и шест против пожарни возила, како и помош од Валандово.

Пожарот е локализиран, а црниот чад кој се издигнуваше над местото на пожарот е предизвикан од запалени стари гуми.

Радост во домот на пејачот Тони Цетински

Балканската музичка ѕвезда Тони Цетински пред бога го изговори судбинското „ДА“ на својата сопруга Дубравка.

Популарниот пејач убавата вест ја објави на социјалните мрежи. Тони на Инстаграм објави фотографија со сопругата со која ја сподели убавата вест. Веднаш по објавата Цетински доби бројни чечстики и коментари од своите фанови.

Тони инаку неодамна стана дедо на внуката Елена.

притисни ентер