Димитров: Јас не сум одговорен ако некоја земја одлучи да не го почитува договореното

 Ако на првите две интерпелации им пристапив со должна сериозност, на оваа третава не можам, а да не ѝ пријдам со индигнација. 

Димитров: Јас не сум одговорен ако некоја земја одлучи да не го почитува договореното

Токму затоа и не одговорив написмено. За што сум обвинет? Што не испорачав преговори по секоја цена? По цена на македонскиот јазик? Дали дами и господа можеби тоа го сакавте? За да можете да ја пласирате тезата за предавство на националните интереси? Оти вака таа теза не поминува. Тоа ако го барате од мене, тогаш веднаш да ви кажам – тоа никогаш нема да го испорачам.

Ова го истакна вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров во обраќањето пред пратениците по повод неговата интерпелација поднесена од опозицијата осврнувајќи се на втората причина наведена во како што го нарече, небулозно писмо е врв на апсурдот.

-Среќа не се сетивте да ѝ поднесете и на ЕК интерпелација за тоа како се дрзнале на оваа Влада да ѝ дадат безусловна препорака или пак на Европскиот совет за зеленото светло без услови за почеток на преговорите. Бидејќи за нивните зборови и за нивните одлуки се работи. Или пак мене ме обвинувате што соседна Бугарија го прекрши членот 2 од договорот, што беше не докрај коректно цитиран, каде се обврза да ни помага во евроинтеграциите? Блокирањето не е помагање. Или ме обвинувате за самиот Договор? Па од кај нив слушаме гласови дека тој треба да се измени, праша Димитров.

Осврнувајќи се на фактите, Димитров рече дека Договорот за пријателство со Софија европските лидери и САД во еден глас го оценија како инспирација за целиот регион и голем чекор кон ЕУ за нашата Македонија.

-Во март 2020, Европскиот совет ни даде безусловно зелено светло за почеток на пристапни преговори. Претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен притоа кажа дека ЕУ ги исполнува своите ветувања, за во септември во нејзиното годишно обраќање до ЕП да додаде: одлуката беше историски чекор. Во ноември по клучниот Совет за општи работи со кој претседаваше, германскиот министер за Европа Михаел Рот изрази огромна разочараност од бугарската блокада, дека тоа е горчлив удар за европските политики кон Балканот и дека сите земји членки освен Бугарија ја поддржале Преговарачката рамка за Македонија. И сега, кој кого манипулира? Јас, кој доследно ги презентирам наодите од ЕУ, секогаш до детали прецизен и за квалификациите и за одлуките и заклучоците, оценките на извештаите, акцентирајќи ги и областите каде треба да правиме напредок, или вие со очигледно елементарно непознавање на процесите, но со неизмерна желба за лоши вести за земјава и—еве уште едно признание за вас—со беспрекорна умешност да бидете први во лажното известување на јавноста за некаков си имагинативен пораз, за кој ги каните на заедничка прослава. Ние ги земаме жешките костени в раце, вие се радувате на секоја можна изгореница, рече Димитров

Тој укажа дека во договорите јасно стои дека потписниците се обврзуваат да помогнат, а не да го блокираат нашиот пат кон ЕУ и НАТО.

-Моја работа е да ги преговарам и направам договорите да бидат во најдобар можен интерес на нашата држава. Јас не сум одговорен ако некоја држава одлучи да не го почитува договореното. Второ, НАТО и ЕУ се стратешка определба на над 80% од граѓаните, како тоа работејќи на тие цели и остварувајќи ја едната – членство во НАТО, јас ги изневерувам или носам во заблуда? Не, господа, не сум јас во заблуда, ниту повеќе од 80% од граѓаните се во заблуда, ниту целиот свет е во заблуда, кога ја посочува нашата надворешна политика како светол пример за тоа како треба да се решаваат отворени прашања. Во заблуда сте вие, изолирани, сами, во мрачното самозалажување дека сопките на овој пат и саботажите на овие суштински процеси, некако ќе донесат политички поен плус, вели Димитров.

Според него, ако опозицијата навистина сакала да го адресира несреќниот развој на настаните кој настана од, вели, неевропското однесување на соседот, не требаше да прави токму од клучното прашање дневно-политички перформанс, туку да се издигне и заеднички да настапуваме во она што би сакал да верувам дека ни е заедничка цел – остварување и на втората стратешка цел – отпочнување на пристапни преговори со ЕУ, заеднички поддржувајќи ги принципиелните позиции на земјата, за кои треба да се има доблест.

-Наспроти тоа, вие продолживте да барате излез од вашиот внатрепартиски хаос преку рушење на оваа Влада и тоа за позиции или одлуки на други држави или меѓународни организации. Едвај чекате лоши вести, а кога ги нема, ги измислувате. Малку ви беа демантите од Луксембург, си рековте дајте да ги мобилизираме и Данска и Холандија, со алузија дека дискретно го поддржувале ветото на Софија. За одлуките на трети држави виновна е македонската влада, но ако случајно има добра вест од надвор заслужни сте биле вие. Па и тоа како да не беше доволно за пасионираните колекционери на деманти на вашите зборови, најдовте начин како и Словачка и Чешка да ве прозиваат дека вие ама баш никако не сте придонеле за нивната одлука да застанат на страната на европските принципи. Небаре демантите од земјите членки ви се ордени кои ги закачувате во Белата Палата, а не документиран резил од кој секој би се срамел. Ако не ја сфатите сериозноста во која се доведувате и вие како личности, партијата, но и земјата, ќе останете само она што и бевте – лажни патриоти кои за да дојдат на власт, би застапувале и антимакедонски ставови, кои впрочем можеби и ги имате, истакна Димитров.

Според него, опозицијата троши подеднаква енергија за да ја одржи пизмата кон него, како оние во другите земји во соседството во определени фази, за кои и таму бев непријател број 1.

-Ги имаше такви и во Грција, гледаме ги има и во Бугарија. За некои од нив сум, цитирам „поопасен од корона-вирусот„ во контекст на нивните позиции, човек кој низ Европа ги ослабува бугарските позиции (јакнејќи ги македонските), човек кој веднаш го одби понудениот анекс". И сега кажете ми, како тоа јас ги предадов македонските државни интереси, а Бугарија вели не попуштам и сум еден од главните проблеми за она што тие сакаат да го постигнат? Барате од мене одговорност за меѓувладина конференција со ЕУ, за која јавно кажав дека не треба да се одржи доколку услов е македонскиот јазик. Многу е тешко и самите да се разберете веројатно, но додека не си ја утврдите вашата позиција – дали сум јас во право или овие гласови кај соседите, најубаво би било до тогаш на прес-конференциите да се бавите со теми за кои имате базично познавање: штелување на анкети, обиди за анимирање на јавноста со картони или упади на прес конференции и слични активности од ваш делокруг, рече Димитров.

Во однос на поканите за учество на седница на КНП, рече лага е дека бил уредно поканет, дека бил должен да присуствувам и лага е дека одбил да присуствува. Никогаш не бегам од дебата, додаде тој, иако, вели, дебатата дали македонскиот идентитет е зачуван е бесмислена, е и секогаш ќе биде.

Посочи дека поканата за учество на комисијата, во двата наврата, пристигна попладне, за присуство утредента сабајле, без заемен договор, со најава од помалку од 16 часа пред почетокот на седницата во рок во кој не може да се подготват анализи, ниту материјали за седницата а не бил прифатен ниту неговиот предлог за дигитален формат во услови на пандемија. Очигледно е, вели, дека намерата не била да се одржи суштествена дебата, туку да се купат неколку минути и редови евтина медиумска кампања.

-Не е моја вина, што претседателот на комисијата, кој очигледно не е способен да достави навремена покана, ниту пак е способен да обезбеди елементарни услови за дигитална работа во услови на пандемија, макар и неформална со оглед на Деловникот, кога цел свет така функционира, е несреќен што во тие клучни моменти, одлучив наместо да бидам маскота за нечиј политички маркетинг, да се посветам на заштита на националните интереси меѓу другото токму околу македонскиот идентитет. За жал немам време, а уште помалку желба, да учествувам во театар на картони, за што признавам, му нема рамен – во способноста да прави циркус од државните интереси, особено во Собранието. За таков театар, не сум му потребен јас. Тоа одлично го тера и без мене.

Во однос на наводната пасивност на СЕП, Димитров посочи дека СЕП не е министерство, па со тоа нема свое автохтоно портфолио на проекти, туку координира проекти во други институции, согласно член 40-б, став 2 од Законот за Владата: координира подготовкиза членство во ЕУ, процес на подготовка на македонската верзија на правото на ЕУ и ја координира странската помош.

-Координација, координација, координација. Што ви говори фактот што земјата, во последниот Извештај за политичките критериуми е оценета најдобро од сите земји, не само кандидати, туку и од оние кои преговараат, со оценки од 3.35 за вкупен напредок, и 2.83 за вкупна подготвеност, најдобро од сите земји во тој извештај? Дали е тоа знак на пасивност, или објективен успех? Дали е потребно да се потсетиме на тоа како изгледаа извештаите во едно друго време? Како, со наводната „пасивност", изјавите за „заробена држава" се претворија во изјави за „светол пример"? Само ќе ве упатам на наративите од извештаите на ЕК до 2016 година, и потоа. Тие разлики не се нијанси, или „пасивен" минимален напредок. Неспоредливо е!. истакна Димитров

Меѓу активностите на СЕП нагласи дека Македонија прв пат после две децении обиди има позитивна политичка одлука и нацрт-преговарачка рамка. Подготвивме реформска агенда, која е план за европеизација и согласно рамката од Акција 21 каде за секој приоритет се идентификувани активности, надлежни институции и динамика на реализација. Во полето на прилагодување на правото на ЕУ, кој е нашиот втор столб, подготвивме детална анализа на наодите и препораките од Извештајот, изготвена е ажурирана Национална програма за усвојување на правото на ЕУ, која веќе овој месец, прв пат од 2017 година, и формално ќе биде усвоена од страна на Владата./МИА.

Што значи кога имате букви што се повторуваат во името

– кој е себичен, а кого го чекаат големи трошоци? Еве што открива тоа за вашата личност!

Што значи кога имате букви што се повторуваат во името

Секоја буква има своја вибрација – посочува нумерологијата.

Името на една личност може да открие многу за нивниот карактер и личност. Во многу култури, се верува дека повторувањето на одредени букви во името може да влијае на карактеристиките на една личност. Еве како, користејќи нумерологија, поединечните букви можат да го обликуваат карактерот на поединецот.

Имено, според нумеролошката интерпретација, секоја буква во името носи посебна вибрација.

Повторување на буквите A, И, Ј

Луѓето во чиишто имиња се повторуваат овие букви се сметаат за храбри, силни, се стремат кон независност и слобода, се стремат кон висок социјален статус и се склони кон борба за признавање и напредување во кариерата.

Повторување на буквите Б, К, Р

Повторувањето на овие букви во името укажува на емотивна и уметничка личност, која е тактична и им помага на другите. Таквите луѓе често се чувствителни и склони кон уметничко изразување.

Повторување на буквите Ц, Г, Л, С

Луѓето во чии имиња се повторуваат овие букви се исклучително имагинативни и талентирани во уметничкиот израз. Сепак, тие можат да бидат склони кон себично однесување и трошење енергија во потрага по задоволство.

Повторување на буквите Д, М, Т

Повторувањето на овие букви укажува на личност која напорно работи, управува со финансиите и презема одговорност за своето семејство. Сепак, ова може да го забави нејзиниот напредок.

Повторување на буквите Е, Х, Н

Луѓето во чии имиња се повторуваат овие букви може да бидат успешни во правни работи или во продажба, но истовремено може да бидат склони кон неодговорност во семејниот живот.

Повторување на буквите У, В

Повторувањето на овие букви во името, често укажува на личност со изразени уметнички таленти, која се стреми кон општествено признание и популарност, сака патувања и општествени активности.

Повторување на буквите О, З

Повторувањето на овие букви во името укажува на личност која сака длабоко размислување, истражување и медитација, и се стреми кон вистина и оддалечување од секојдневните проблеми.

Повторување на буквите П, Ф

Луѓето во чии имиња се повторуваат овие букви често се способни и моќни во бизнисот, но истоврмено може да имаат потешкотии во семејниот живот и да се соочат со големи трошоци.

Чешка испраќа медицински тим на барање на Скопје

Министерката за одбрана Јана Чернохова потсети дека Македонија веднаш и понудила помош на Чешка по големите поплави минатата година. 

Чешка испраќа медицински тим на барање на Скопје

Чешката Република со специјален лет вечерва испраќа медицински тим од Централната воена болница кон Македонија за да помогне на барање на македонските власти по трагичниот пожар во дискотека во Кочани во кој загинаа најмалку 59 лица, а 155 се повредени.

„Владата одобри испраќање медицински тим од Министерството за одбрана, поточно тим од Централната воена болница, 10 воени лекари и медицински персонал. Веста за ноќниот пожар во Кочани длабоко ме потресе. Сојузниците мора да стојат еден до друг во тешки моменти. Затоа веднаш го исполнивме северномакедонското барање", изјави вечерва чешкиот премиер Петр Фијала.

Министерката за одбрана Јана Чернохова потсети дека Македонија веднаш и понудила помош на Чешка по големите поплави минатата година.

МЗ: Сите пациенти кои се префрлени во странство се во стабилна состојба

Министерството за здравство останува во постојана комуникација со сите надлежни институции и меѓународни партнери за натамошна координација и поддршка.

МЗ: Сите пациенти кои се префрлени во странство се во стабилна состојба

Министерството за здравство информира дека од раните утрински часови во Клиничкиот центар функционира кризниот штаб, во тесна координација со Министерството за внатрешни работи и Министерството за надворешни работи. Тимовите на здравствените установи се целосно ангажирани за обезбедување соодветна медицинска нега, а состојбата на сите пациенти се следи внимателно, при што се спроведуваат конзилијарни одлуки за натамошните медицински постапки.

Во текот на денешниот ден се згрижени над 140 пациенти, распределени во здравствените установи низ земјата:

• Клинички центар – 20 пациенти

• ГОБ „8 Септември“ – 20 пациенти

• Универзитетска клиника „Св. Наум Охридски“ – 21 пациент

• Клиничка болница Штип – 20 пациенти

• Општа болница Кочани – 7 пациенти

• Клиника за токсикологија – 2 пациенти

Покрај медицинската грижа во земјата, дел од пациентите се префрлени во здравствени установи во странство, како резултат на меѓународната поддршка и соработката со партнерските земји:

• Република Турција: 3 пациенти пристигнаа во Истанбул, а дополнителни 6 пациенти се очекува да пристигнат во Анкара до полноќ.

• Република Бугарија: 14 пациенти се хоспитализирани.

• Република Грција: 4 пациенти се згрижени.

• Република Србија: 5 пациенти се веќе хоспитализирани, а дополнителни 12 пациенти со воен авион се на пат кон Белград.

• Република Хрватска и Романија: Се очекува во тек на утрешниот ден да бидат испратени по 4 пациенти во секоја од овие земји.

• Република Словенија, Унгарија и Австрија: Во текот на утрешниот ден се очекува овие земји да испратат медицински авиони за транспорт на пациенти.

Сите пациенти кои се префрлени во странство се во стабилна состојба и под континуирана медицинска нега.

Како дополнителна поддршка во справувањето со кризата, во земјата пристигна медицински тим од ВМА Белград, а се очекуваат и медицински тимови од Чешка, Израел и Белгија, кои ќе се приклучат на напорите за обезбедување соодветна здравствена грижа.

За сите информации поврзани со состојбата на пациентите кои се наоѓаат во странство, како контакт лице е именуван проф. Д-р Игор Николов, кој е достапен на телефонскиот број: +389 72 270 648.

Министерството за здравство останува во постојана комуникација со сите надлежни институции и меѓународни партнери за натамошна координација и поддршка.

притисни ентер