Димитров: И најстриктните земји членки на ЕУ се согласни дека Македонија ги исполни сите услови

Дури и најстриктните земји членки на ЕУ се согласни дека Македонија ги исполни сите услови и поддржуваат неодложен почеток на пристапни преговори со нашата земја и со Албанија, време е Софија да преземе одговорност, кажа Димитров.

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска беше говорник на панелот „Визија за Европската Унија и Западниот Балкан - Проширувањето на ЕУ на Западен Балкан: зошто е тоа критично за иднината на Европа?", а во рамки на вториот по ред Самит на Западен Балкан што се одржува во Скопје во организација на лондонски The Economist.

Главниот фокус на дискусијата беше ставен на важноста на зајакнување на односите меѓу Европската Унија и Западниот Балкан преку кредибилна политика за проширување на ЕУ со земјите од регионот, како прашање што е од клучна важност за иднината на Европа.

Вицепремиерот Димитров посочи дека за остварување на визијата за заедничка европска иднина потребни се функционален процес на пристапување и силно политичко ветување надополнето со конкретен исчекор.

„Доколку проширувањето се изземе од односите меѓу Европската Унија и регионот, тогаш на сцена доаѓаат други алтернативи какви што имавме во 90тите години, кои не носат мир, просперитет и стабилност. Ангажирањето на ЕУ за овој регион да стане навистина европски, во градењето силни демократии, владеење на правото и справување со корупцијата е многу поисплатлива инвестиција отколку неговото занемарување. За враќање на надежта на граѓаните дека европската иднина е остварлива, покрај политичко ветување потребен е и конкретен исчекор. Комплетирана Европска Унија со земјите од регионот значи подобра и посилна Унија, ние сме дел од европската куќа. Мораме да работиме на надминување на економскиот јаз и да најдеме механизам да го одржуваме процесот на трансформација", речи Димитров.

Во таа смисла, Димитров нагласи дека за европското досие на Македонија има согласност од сите земји членки на ЕУ, со исклучок на Бугарија поради што повика на одговорност и лидерство.

„Европската Унија е сложен ентитет и сите напори и заложби за креирање функционална политика на проширување можат да бидат блокирани со противење од една земја, и тоа од причини кои не се во согласност со европските вредности на кои се заснова процесот. Во однос на Македонија, постои согласност од сите земји членки на ЕУ дека условите за почеток на пристапни преговори се исполнети и немаат никакви дилеми дека е крајно време тоа да се оствари – дури и од оние кои се најстриктни во тој поглед. Затоа е потребно Бугарија да преземе одговорност и да покаже лидерство за градење на заедничката иднина. Треба да постигнеме прифатливо решение во согласност со европските стандарди и вредности, кое ќе го почитува достоинството на македонските граѓани. Да се биде земја членка на ЕУ не подразбира дозвола за поставување секакви услови – тие мора да се согласно европските вредности, ако зборуваме за пристапниот процес", рече Димитров.

На панелот учествуваа и поранешниот грчки премиер Јоргос Папандреу – актуелен претседател на Социјалистичката интернационала, поранешниот германски вицеканцелар и МНР Јошка Фишер и ЕУ амбасадорот Дејвид Гир.

Јоргос Папандреу истакна дека земјите од регионот секогаш делеле заедничка заложба за градење просперитетна иднина, мир и стабилност и токму европската перспектива е рамката за остварување на оваа визија. „И покрај поделбите и конфликтите, Балканот и тоа не само она што денес е Западен Балкан, отсекогаш споделувал визија да работи заедно за унапредување на мирот и хармонијата. Оваа заложба доби конкретна димензија во 2003 година во Солун и тоа преку европската перспектива. Мислам дека нема друг начин како тоа да се оствари и затоа Европската Унија исто така има голема одговорност како гарант на оваа заедничка иднина."

На овие ставови се надоврза и поранешниот вицеканцелар Фишер којшто подвлече дека овој регион природно припаѓа на Европа и неговата иднина е во Европската Унија: „Мирниот политички поредок на овој регион е врзан со европската интеграција, Европската Унија се соочува со многу предизвици и кризи, но токму регионот може да ја зајакне стратешката автономија и да помогне во справувањето. Но и регионот треба да работи посветено на процесот и да ги искористи придобивките."

ЕУ амбасадорот Гир нагласи дека на минатонеделниот Самит ЕУ – Западен Балкан бил испратен јасен политички сигнал за европската иднина на регионот во Европската Унија преку проширувањето: „Во Брдо беше истакната заедничката визија за интеграција на Западниот Балкан во ЕУ преку трансформација базирана на споделените европски вредности. Ниту една политика на ЕУ не е адекватна доколку не го вклучува и регионот, причините за тоа се географски, но и економски и политички, пред сé е потребно заемно справување со предизвиците."

Жена дошла во банка со мртов човек за да подигне кредит: Тој е молчелив (Вознемирувачко видео)

Неверојатна приказна доаѓа од Рио де Жанеиро, каде жена била уапсена откако наводно се обидела да добие кредит од банка, во друштво на мртов човек?!

Приказната за прв пат ја објави ТВ Глобо од Бразил, а видеото се појави на социјалните мрежи.

На видеото гледаме жена која стои покрај блед постар маж во инвалидска количка. Се гледа како го држи за врат и го нарекува „чичко“.

Таа наводно се претставила како внука на мажот и побарала кредит од 3.400 долари.

„Вујко, слушаш ли? Треба да го потпишете договорот за заем. Ако не потпишеш, нема шанси, бидејќи не можам да го сторам тоа за тебе“, вели таа.

Вработената во банката, која ја снимила снимката, одговара: „Изгледа не му е добро, неговата боја“.

Жената возврати: „Таков е тој. Тој не зборува ништо“.

Вработените во банката набрзо повикале полиција.

„Тој веќе беше мртов во банката. Главната работа е да се продолжи со истрагата за да се пронајдат членовите на семејството и да се дознае повеќе за случајот“, изјавил началникот на полицијата Фабио Луиз за ТВ Глобо.

Ако се покаже дека жената е виновна, таа може да биде одговорна за обид за измама.

Надлежните ги истражуваат околностите под кои мажот починал, а неговото тело е пренесено во Институтот за судска медицина.

Јонуз: Полека но сигурни влегуваме во „бугарско“ сценарио

„За година и пол до две сум сигурен дека ќе имаме предвремени избори“

Тоа што некој е помудар од тебе и тоа што подобро игра од шах од тебе, не значи дека ги надминал границите. Легитимно право, законско право е да се поставува услов. Алал да им е на Албанците 100:0 тепаат наспроти Македонците. Полека но сигурни влегуваме во „бугарско“ сценарио. За година и пол до две сум сигурен дека ќе имаме предвремени избори. На овие избори тврдам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе „растури“ на овие избори затоа што имаат доследност, кичмата крива ли е, ја држат, другите се камелеон. Во Македонија овде кога би не оставиле сами да го делиме парчето торта, очите ќе си ги извадиме. Албанците тоа што го имаат, Македонците го немаат, а тоа е едиство, рече Агим Јонуз во Само Вистина.

Нарко босот „Ел Чапо“ се жали дека во затворот не му дозволувале никаков контакт со семејството

Мексиканскиот нарко бос Хоакин „Ел Чапо“ Гузман, поранешен водач на картелот Синалоа, тврди дека не смее да прима телефонски повици или посети во максимално безбедниот американски затвор во Колорадо, каде што издржува доживотна затворска казна.

Гузман, кој неколкупати бегаше од затворите во Мексико, на крајот на март му напиша писмо на судијата на Окружниот суд на САД, Брајан М.

Тој е осуден за водење на операција за шверц на дрога од индустриски размери и отслужува казна во затвор со максимална безбедност во Флоренс, Колорадо, според АП.

„Во мај 2023 година, објектот престана да ми ги пренесува повиците на моите ќерки, а јас седум месеци немав повици од нив. Прашав кога ќе ми дозволат да разговарам со моите ќерки и вработените ми кажаа дека агентот на ФБИ кој ги надгледуваше повиците не одговара“, напиша Гузман.

Ел Чапо смета дека е изложен на „дискриминација без преседан“ и дека официјалните лица го казнуваат со тоа што не му дозволуваат контакт со семејството.

Гузман, исто така, побарал од судијата да ја посети неговата сопруга Ема Коронел, но не кажа кога последен пат му било дозволено да ја види.

Коронел, исто така, се изјаснила за виновна за обвиненијата за трговија со дрога во 2021 година, но подоцна беше ослободена.

„Ве молам на Коронел да ѝ дозволите да ме посети и да ги донесете моите ќерки да ме посетат, бидејќи тие можат да ме посетат само кога се на одмор, бидејќи студираат во Мексико“, додаде Гузман во писмото до судијата. .

Судијата Коган одговори минатата недела, велејќи дека по изрекувањето на пресудата на Гузман, сè е на американското биро за затвори и дека нема моќ да интервенира.

Во декември, 95-годишната мајка на Гузман почина во северната мексиканска држава Синалоа, а таа наводно не го видела својот син откако беше испратен во затвор во Колорадо во 2019 година.

Гузман го предводеше картелот Синалоа во борбата против нарко бандите, во кои загинаа илјадници Мексиканци.

Тој двапати избегал од мексиканските затвори, еднаш преку тунел долг километар ископан низ ќелијата во која престојувал.

Откако беше екстрадиран во Њујорк, неговото тримесечно судење вклучуваше приказни за убиства, политички исплати, кокаин скриен во лименки халапења и пиштоли со скапоцени камења.

Во 2023 година, Мексико екстрадираше еден од синовите на Ел Чапо, Овидио Гузман Лопез, во САД за да се соочи со обвиненија за трговија со дрога и перење пари.

Се вели дека Гузман Лопез го водел картелот Синалоа за време на операциите за производство и извоз на фентанил во САД, за кој се верува дека предизвикува 70.000 смртни случаи годишно.

притисни ентер