Димитров: Францускиот предлог ја билатерализира преговарачката рамка и не нè носи кон членство

Францускиот предлог не нè носи кон членство во ЕУ. 

Ние сакаме да ги почнеме преговорите или сакаме да ги завршиме преговорите и да влеземе во членство, затоа што не носи во едно тесно сокаче што е исклучително комплициреано, обременето со барањата на Бугарија, при што се прават преседани и за други држави кандидати што ќе следат после нас, оценува поранешниот вицепремиер за евроинтеграции и екс шеф на дипломатијата Никола Димитров.

Тој во изјава за медиумите пред панел дискусијата организирана од Институтот за демократија (ИДСЦС) и Институтот за европска политика (ЕПИ) по повод презентација на документот „Бугарското вето на македонските евроинтеграции: какво јаболко може да загризе Македонија?", оцени дека со францускиот предлог се оди под нашите позиции и цревени линии, и се весуваат билатералните прашања во преговарачката рамка. Димитров додава дека таа концесија е направена многу лесно, без притоа да се побара во најмала рака Бугарија да ја тргне унилатералната декларација од македонскиот јазик, а одговорноста за тоа ја префрла на Владата.

-Не може во Македонија ние да впишуваме бугарска заедница во Уставот на барање на Бугарија, а Бугарија за мнозинскиот народ, за македонскиот народ кој зборува македонски јазик, уште не е на чисто со македонскиот идентитет. Ние не бараме да ни го признае јазикот. Државите не признаваат јазици, но имаат обврска да го почитуваат правото на самоизјаснувње и самоопределување на македонсккиот народ. Тоа што го направи Грција со Преспанскиот договор. Проблемот на овој предлог е прво што не го решава македонско – бугарскиот проблем затоа што негирањето уште постои. Додека Бугарија не се откаже од таа агенда, да не отрезни нас Македонците, тој проблем нема да биде решен, и ние не можеме да го затвориме македонското прашање со последнта држава која што има проблем со тоа, тоа е Бугарија, оценува Димитров.

Според него, проширувањето мора да биде врзано со реформи, бидејќи ако се вметне внатре билатерална желботека, се руши целата суштина. После се што поминавме како народ и нација, додава Димитров, заслужуваме европска преговарачка рамка, процес каде што ќе се натпреваруваме со другите од Западен Балкан, па и со Бугарија во однос на демократијата, слобода на медиумите, економијата,…

– Ние имаме еден геополитички момент во Европа каде се зголемува потребата од успех. За да се испорача на Украина и Молдавија, потребно е да се мрднат работите и на Западен Балкан, пред се, околу нас и околу Албанија. Меѓутоа не може тоа се на наша глава пак да се удри – земја која најмногу се испатила и се измачила чекорејќи по европскиот пат, вели Димитров.

Прашан од новинарите за неговата работа како вицепремиер, и дали тој чувствува одговорност, Димитров нагласува дека неговиот ангажман се гледа во предлозите што доаѓаа во разговорите за надминување на спорот со Софија додека тој беше шеф на дипломатијата, односно вицепремиер.

– Предлозите не доаѓаат од небо, предлозите некој треба да ги изработи. Каков беше германскиот предлог, каков беше португалскиот предлог, и како за шест месеци од првата недела кога падна нашата нота до ОН, како стигнавме сега до ова дереџе, рече Димитров.

Леклер: Подготвен сум за сезоната, можеме да го победиме Ред Бул

Возачот на Ферари, Шарл Леклер, изјави дека е „подготвен“ за претстојната сезона во Формула 1 и предвидува дека Ферари може да се натпреварува со Ред Бул во битката за светската титула.

Во 2024 година, Шарл ја забележа својата најсилна сезона во Формула 1 – победи на 3 трки, 13 пати заврши на подиумот и собра 356 поени. На крајот на годината, ова му го донесе третото место во конечниот поредок, со 84 поени зад шампионот Макс Верстапен.

Ферари, пак, до последно се бореше со Мекларен за светската титула во конструктори, а тоа му дава надеж на тимот од Маранело да ја продолжи битката во новата кампања.

-Мислам дека сум подготвен за сезоната. На Ферари му треба болид како оној што го имавме на крајот на минатата година. Апсолутно сум уверен дека Ферари може да биде следниот тим што ќе го победи Ред Бул и ќе ја освои титулата, објасни Леклер.

За 2025 година, Ферари ќе може да смета и на Луис Хамилтон, а 7-кратниот светски шампион ќе треба да се прилагоди на новите работи за него во Скудерија, но дефинитивно ќе биде корисен за тимот од самиот почеток со огромното искуство што го има.

-Сега сум позрел возач. Порано, кога викендот не ми одеше како што сакав или автомобилот не беше како што сакав, се обидував да најдам нешто што навистина го нема. Затоа и правев многу грешки. Сега знам кога сме посилни и кога треба да ги ограничуваме загубите, тоа е чекор напред, додаде Леклер.

УНРВА да го напушти Ерусалим до 30 јануари, изјави израелски претставник во ОН

 Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци (УНРВА) „мора да ја прекине својата работа во Ерусалим и да напушти просториите во кои работи во тој град“ до 30 јануари, изјави израелскиот претставник во ОН.

За оваа одлука тој преку писмо го информирал генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Законот со кој се забранува работењето на УНРВА на израелска територија и контактирањето со израелските власти стапува на сила на 30 јануари, наведуваат светските агенции.

Израел го анектира Источен Ерусалим, кој мнозинството од меѓународната заедница не го признава.

Иднината на Кимих останува нејасна

 Иднината на капитенот на Барен М. Џошуа Кимих по крајот на сезоната останува нејасна.

Договорот на 29-годишниот фудбалер со Баерн истекува и во оваа фаза нема навестување дека ќе биде продолжен.

Според новинарот Кери Хау, Баварците остануваат фаворити за потписот на германскиот интернационалец. Од клубот се оптимисти дека повторно ќе го ангажираат Кимих, бидејќи истото го посакува и самиот играч.

За играчот од средниот ред се заинтересирани и Ливерпул и Реал Мадрид. Нивните шанси да го привлечат не се особено големи.

Се верува дека Кимих нема да се согласи на намалување на платата во Баерн и ќе биде меѓу најплатените во клубот.

Џошуа Кимих е дел од Баерн од летото 2015 година. Баварците го гледаат како следниот капитен на тимот.

притисни ентер