Димитриевски: Време е граѓаните да ја земат судбината во свои раце и да направат промена

Претседателскиот кандидат Максим Димитриевски, од  Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, вечерва се обрати пред граѓаните на Битола.

„Македонија низ својата историја водела многу борби, имала препреки и проблеми, но македонскиот народ секогаш знаел да изнајде соодветно решение и да стави крај на тоа што го тишти. Во овој момент најголемиот проблем се оние што народот ги бира во континуитет од 30 години. Тамам ќе ги смениш едните, ќе дојдат дабетер другите. И дојде време, невреме кадешто граѓанинот е на дното, а елитата на врвот. Си седат по кабинетите и си се договараат со својот вечен партнер ДУИ за ситните цели“, рече Димитриевски и додаде:

- По дваесет години потпишавме Меморандум за соработка со Здружението на бранителите „Братство 2001“ за да може да тргне работата за нивните права. Жално е ова што се случува“, рече Димитриевски. „Сакам да ветам дека како иден Врховен командант ќе се заложам да се остварат нивните права. Македонија во оваа 2024 година има можнност да избира помеѓу веќе виденото и нешто ново, Движењето ЗНАМ –За наша Македонија, кое доаѓа од граѓаните, е со граѓните и ќе биде со граѓаните.

Да ја направиме Македонија маскимална и да го дадеме својот максимум за наша Македонија, зашто друг а држава немаме“, потенцира тој. Димитриевски порача дека со него како Претседател на државата и со Движењето ЗНАМ, никогаш повеќе ниту еден Македонец нема да мора да бега од своето парче земја и продолжи: „Мора да сме свои на своето и да бидеме како и другите во оваа држава, граѓани од прв ред. Доста гледаме како ДУИ ги врти околу малиот прст и заедно и со едните и со другите градат биетничко општество.

Е има и други!

Оваа држава ја направил македонскиот народ. И затоа Македонецот треба да се крене, да се одважи да каже - Доста е! Време е за суштинска промена. Време е граѓанинот да ја земе судбината во свои рвце“, рече тој.

„Јас ќе бидам Претседател кој доаѓа од вас граѓаните, ќе биде со вас, граѓаните и ќе работи за вас, граѓаните. Бидете одважни, не потпаѓајте на притисоци, зашто сите се видени. Сите се веќе прочитан буквар. Суштинските промени доаѓаат со Движењето ЗНАМ и бројот седум“, рече Димитриевски вечерва, пред граѓаните на Битола. На митингот пред битолчани се обрати и носителката на кандидатската листа за пратеници од ИЕ 5, госпоѓа Весна Бендевска. Таа рече дека ЗНАМ ја гледа Македонија како држава со силна економија, со производство, со храна доволна за сите. Земја во која се изедначени минималната плата и минималната пензија.

„ Ќе ги укинеме сите етнички клучеви и квоти. Во Македонија нема веќе да има енклави кои нема да плаќаат сметки. Сите имаат еднакви права, но и обврските се исти за сите. Движењето ЗНАМ нема да прифаќа уцени ниту од внатре ниту од надвор, рече Бендевска и додаде:

„Битола се буди и ги води сите. Време е да го дадеме својот максимум за наша Македонија“. Караванот на претседателскиот кандидат Максим Димитриевски денеска ги посети и Ресен, Новаци и Могила.

Инаку денеска Движењето ЗНАМ– За наша Македонија и Здружението на Воени ветерани и Воени инвалиди „БРАТСТВО 2001“ Битола потпишаа Меморандум за соработка и реализирање на повеќе договорени цели од интерес на челновите на Здружението.

Меморандумот го потпишаа Претседателот на ЗНАМ и негов кандидат за Претседател на државата, Максим Димитриевски и Претседателот на Здружението, Владо Томески.

Папата Франциск повика на слобода на печатот и ослободување на затворените новинари

 Папата Франциск укажа денеска на тешката состојба на затворените новинари ширум светот, за кои рече дека ги „има „многу“ и повика на почитување на слободата на печатот на глобално ниво.

„Сакам да се сетам на сите оние кои се затворени само затоа што останаа верни на професијата новинар, фотограф, снимател, затоа што сакаа да одат да видат со свои очи и се обидоа да раскажат што виделе“, рече папата во Ватикан во говор по повод Светскиот ден на комуникациите, пренесе италијанската новинска агенција АНСА.

Папата Франциск истакна дека слободата на новинарите е „слобода за секој од нас“.

„Барам од оние кои имаат моќ да овозможат сите неправедно затворени новинари да бидат ослободени. Нека им се отвори „вратата“ преку која ќе се вратат на слободата, бидејќи со слободата на новинарите се зголемува и слободата на сите нас“, рече папата Франциск.

Тој упати нов апел за одбрана и зачувување на слободата на печатот и слободата на мислата, заедно со правото на информирање.

„Бесплатното, одговорното и точното информирање се наследство на знаење, искуство и доблест кои мора да се чуваат и унпаредуваат. Без тоа, ризикуваме повеќе да не ја разликуваме вистина од лага. Без тоа, ние се изложуваме на пораст на предрасудите и поларизацијата, кои ги уништуваат врските на граѓанскиот соживот и го спречуваат обновувањето на братството“, рече папата Франциск.

Во Пакистан четири лица осудени на смрт поради бласфемија

Судот во пакистанскиот град Равалпинди денеска осуди четири лица на смртна казна поради богохулење откако наводно на социјалните мрежи објавиле навредливи содржини за исламските верски личности и куранот.

Нивниот адвокат најави жалба на пресудата.

Согласно пакистанските закони, секој што ќе биде прогласен за виновен за навреда на исламот или неговите религиозни личности може да биде осуден на смрт.

Судијата Тарик Ајуб изјави дека бласфемија непочитувањето на светите ликови и сквернавењето на Куранот се непростливи злосторства и не оставаат простор за милост.

Покрај смртните казни, судот на обвинетите им изрече парични казни во вкупна вредност од околу 16.500 американски долари, како и затворски казни во случај повисокиот суд да ја укине смртната казна.

Законот против богохулење, воведен во Пакистан во 80-тите години од минатиот век. Оттогаш, многу луѓе се обвинети за навреда на религијата, сквернавење на нејзините свети текстови или пишување навредливи пораки на ѕидовите на џамиите.

Критичарите на законот сметаат дека тој често се злоупотребува за решавање на лични конфликти.

Леклер: Подготвен сум за сезоната, можеме да го победиме Ред Бул

Возачот на Ферари, Шарл Леклер, изјави дека е „подготвен“ за претстојната сезона во Формула 1 и предвидува дека Ферари може да се натпреварува со Ред Бул во битката за светската титула.

Во 2024 година, Шарл ја забележа својата најсилна сезона во Формула 1 – победи на 3 трки, 13 пати заврши на подиумот и собра 356 поени. На крајот на годината, ова му го донесе третото место во конечниот поредок, со 84 поени зад шампионот Макс Верстапен.

Ферари, пак, до последно се бореше со Мекларен за светската титула во конструктори, а тоа му дава надеж на тимот од Маранело да ја продолжи битката во новата кампања.

-Мислам дека сум подготвен за сезоната. На Ферари му треба болид како оној што го имавме на крајот на минатата година. Апсолутно сум уверен дека Ферари може да биде следниот тим што ќе го победи Ред Бул и ќе ја освои титулата, објасни Леклер.

За 2025 година, Ферари ќе може да смета и на Луис Хамилтон, а 7-кратниот светски шампион ќе треба да се прилагоди на новите работи за него во Скудерија, но дефинитивно ќе биде корисен за тимот од самиот почеток со огромното искуство што го има.

-Сега сум позрел возач. Порано, кога викендот не ми одеше како што сакав или автомобилот не беше како што сакав, се обидував да најдам нешто што навистина го нема. Затоа и правев многу грешки. Сега знам кога сме посилни и кога треба да ги ограничуваме загубите, тоа е чекор напред, додаде Леклер.

притисни ентер