Димитриевски: Во политиката не е ништо гарантирано - Канал 5

Димитриевски: Во политиката не е ништо гарантирано

„На крајот од месецот ќе ја имаме за нас најважната сондажа“

Димитриевски: Во политиката не е ништо гарантирано

Сите опции се во можност, во политиката не е ништо гарантирано, позициите ни ги ностат гласовите на граѓаните, а столчињата не ни се во наследство. Имаме интензивни анализи и сондажи, на крајот од месецот ќе ја имаме за нас најважната сондажа, а тоа е што граѓаните посакуваат, а во случајот со мене е што посакуваат сите оние 87 илјади гласачи кои што пред една година ми ја дадода поддрршката за Претседател на државата. ЗНАМ кој што е нов политички субјект за една година успеа да креира 50 општински организации во државата и целта ние е да се држиме до програмските определби и од позиција на власт да ги реализираме целите и да го направиме поедноставен животот на граѓаните и да се избориме конечно со корупцијата, а состојбата во државата од „минус сто“ да ја доведеме до позитивна нула, исто кога во 2017-тата кога дојдов на чело на општината Куманово и од длабоко задолжена, денеска е една од најдобростоечките општини во државата, вели Максим Димитриевски во Само Интервју.

Нови инциденти и утрово пред суд во Нови Сад

Нови инциденти беа регистрирани утрово во Нови Сад откако полицијата употреби бибер-спреј за да растера група студенти и граѓани кои од вчера ја блокираат зградата на Вишиот суд, недозволувајќи им на вработените да влезат.

Нови инциденти и утрово пред суд во Нови Сад

Припадници на жандармеријата и интервентната полициска бригада пристигнаа утрово во дворот на зградата на судот каде што блокадата трае од вчера наутро.

Таму ги пречекаа голем број граѓани кои ја поминаа ноќта блокирајќи го влезот во зградата.

На повик на студентите во блокада граѓаните останаа во блокадата на зградата во текот на целата ноќ, дежурни во смени.

Зградата каде што се наоѓаат судовите и обвинителствата е блокирана бидејќи активисти на Движењето на слободни граѓани (ПСГ) и неформалната студентска организација СТАВ се притворени до 30 дена.

Марија Васиќ, професорка по социологија во средното училиште „Јован Јовановиќ Змај“, по продолжувањето на притворот по третпат, почна штрајк со глад, а вчера беше префрлена во болницата во Централниот затвор во Белград во тешка состојба.

Блокадата на судот и обвинителството продолжи со барањето за ослободување на сите притворени лица.

Граѓаните се повикани денеска да ја блокираат зградата и да не им дозволат на вработените да влезат во неа, откако вчера, со помош на полицискиот кордон, прво влегоа, а потоа си заминаа од работа.

Рубио: САД се вознемирени од хуманитарната ситуација во Појасот Газа

Американскиот државен секретар Марко Рубио по разговорот со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека Вашингтон е загрижен поради хуманитарната ситуација во Појасот Газа.

Рубио: САД се вознемирени од хуманитарната ситуација во Појасот Газа

- САД не се имуни или на кој било начин нечувствителни на страдањето на луѓето во Газа, каде не е доставена хуманитарна помош од 2 март, наведе Рубио.

Тој го повтори ставот на администрацијата на САД дека милитантите од Хамас се виновни за ситуацијата во палестинската енклава.

- Мислиме дека со елиминација на Хамас ќе се постигне мир. Вознемирени сме поради хуманитарната ситуација, посочи Рубио.

Рубио се осврна и на Хуманитарната фондација за Газа, која е поддржана од САД и Израел и треба да почне да работи до крајот на месецот.

Фондацијата би овозможила луѓето да добијат хуманитарна помош, а Хамас да не ја украде. Ќе продолжиме конструктивно и продуктивно да работиме на, посочи Рубио.

Обединети нации вчера соопштија дека нема да учествуваат во хуманитарната операција во Појасот Газа, поддржана од САД, бидејќи не е непристрасна, неутрална или независна. Додека Израел вети дека ќе ја олесни дистрибуцијата без да учествува во испораката на помош. /МИА

Герасимовски: Улицата „Дебарца“ готова до крајот на месецот, се работи со полна пареа

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, изврши увид во градежните активности за реконструкција на улицата „Дебарца“, каде се работи со засилена динамика.

Герасимовски: Улицата „Дебарца“ готова до крајот на месецот, се работи со полна пареа

Во оваа фаза се врши гребење на старата и дотраена асфалтна подлога во должина од 240 метри, по што ќе следи поставување на нов асфалт. Завршена е и реконструкцијата на тротоарот со поставување нов бекатон, на површина од 900 квадратни метри, а поставени се и нови рабници од двете страни на улицата.

„Во моментов сме на терен, каде интензивно се изведува реконструкција на улицата ,,Дебарца”. Очекуваме работите целосно да завршат до крајот на месецот, согласно планираната динамика", порача градоначалникот Горан Герасимовски.

Aктивностите се дел од пошироката реконструкција на улицата „Дебарца“, на потегот од улицата „Ленинова“ до студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“. Станува збор за целосна санација на коловозната површина од 1.700 квадратни метри.

Овој дел од улицата беше во многу лоша состојба, со сериозни оштетувања кои го отежнуваа нормалното одвивање на сообраќајот.

,,Со реконструкцијата, ја подобруваме безбедноста и условите за движење, но даваме и нов, поуреден изглед на просторот“, посочи Герасимовски.

Оваа интервенција се реализира во рамки на инвестиција вредна 40 милиони денари, обезбедена од претходната Влада, со намена за обнова на улиците „Светозар Марковиќ“ и „Дебарца“.

Со почит,

Општина Центар

притисни ентер