Димитриев: Мислите и молитвите на македонските граѓани се со граѓаните на Белгија

Телеграма со сочувство до белгискиот премиер Шарл Мишел и до народот на Белгија упати премиерот Емил Димитриев.

„Во овие тешки мигови на тага на пријателскиот народ на Белгија, дозволете ми да изразам сочувство на семејствата на жртвите на овој варварски и антицивилизациски чин, а на повредените да им посакам брзо закрепнување.   Мислите и молитвите на македонските граѓани се со граѓаните на Белгија. Република Македонија остро ги осудува и се спротивставува на секаков вид на терористички напади и стои рамо до рамо со Белгија и со нашите сојузници во борбата против тероризмот, со кој сите се соочуваме. Нападите во Брисел не се само напади врз мирот и слободата, туку претставуваат и атак на идејата за обединета Европа, на принципите и вредностите на кои се темели заедницата на европски народи и држави. Тероризмот ќе го победиме со заедништво, солидарност и одлучност во борбата против оние кои преку насилство сакаат да внесат страв и омраза, и кои ги загрозуваат цивилизациските придобивки на целото човештво“, се наведува во телеграмата на Димитриев.
притисни ентер