Димитриеска-Кочоска: Проектираме реален раст на БДП, инвестиции за да ја подигнеме економијата - Канал 5

Димитриеска-Кочоска: Проектираме реален раст на БДП, инвестиции за да ја подигнеме економијата

Имаме реална проекција на БДП, иако и таа е проследена со ризици. 

Димитриеска-Кочоска: Проектираме реален раст на БДП, инвестиции за да ја подигнеме економијата

Важноста на реалните проекции произлегува од тоа што нереалниот БДП продуцира и нереални расходи во буџетите на корисниците, кои на крајот се трошат непродуктивно. Ова го посочи министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска на средба со новинари.

„Првиот квартал и индикаторите од вториот квартал не упатуваа на тоа дека нема да се оствари проектираниот раст со иницијалниот Буџет од 3,4%. Затоа проекцијата за раст на БДП за 2024 година е ревидирана на 2,1%. Преземаме активности и насочени сме кон реализација на капитални инвестиции, вршиме притисок да се реализираат проекти за да ја поттикнеме економијата. Економијата е приоритетот и нашиот интерес е насочен кон тоа“, истакна Димитриеска-Кочоска.

Министерката рече дека ова е важно од аспект дека многу од расходите во Буџетот зависат од процентот на БДП. А од друга страна, како што беше појаснето на средбата со новинарите, има корисници кои не успеваат да ги реализираат буџетските средства, но и буџетски корисници кои поради несоодветно постапување предизвикуваат огромни штети врз буџетот, како што се исплатата на извршни решенија и кои само од Европскиот суд за човекови права годинава се на ниво од над 3 милиони евра, како и провизии во износ од 27 милиони евра кои се платени од 2017 година наваму за нереализирани проекти, а за кои се земени кредити. Вакво однесување, како што порача министерката, нема да се толерира.

„Расходите во Буџетот за 2024 година се поголеми и затоа и се пристапи кон ребаланс во кој се тргна од тоа да се обезбедат пари за она што е законска обврска и доспеани обврски за сервисирање. Расходите и во наредните години се очекува да се високи, за тоа и при проектирање на наредниот буџет за 2025 година ќе треба да се постават приоритети за кои ќе се обезбедат средства“, рече министерката за финансии.

Таа додаде дека во првата половина од оваа година се собрани приходи за 3,5 % пониски од планираното, но оти во јули има добра наплата.

„Кај приходите по основ на ДДВ заклучно со јули има повисока наплата за 20,8%, данокот на добивка 20,1%, данокот на личен доход 18,1%. Дадени се насоки на институциите што се под надлежност на Министерството за финансии дека треба да се преземат одредени мерки коишто се во насока на подобри услуги и поефикасна наплата на приходите“, рече министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, соопштуваат од МФ.

Сообраќајот тековно, без застои

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. 

Сообраќајот тековно, без застои

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

„Златен објектив“ за 2025 за доајенот Петар Богоевски

Наградата „Златен објектив“ за 2025 година денеска ќе му биде доделена на  светло-мајсторот Петар Богоевски (1952). 

„Златен објектив“ за 2025 за доајенот Петар Богоевски

Ова признание Кинотеката го доделува на филмски автори и културни работници кои преку својот професионален ангажман придонеле во создавањето, развојот, промовирањето и популаризацијата на македонската кинематографија.

Со одлука на Управниот одбор на институцијата, годинешниот „Златен објектив“ ќе му биде доделен на Петар Богоевски, светло-мајстор, кој со својот децениски ангажман, работејќи со своите колеги директори на фотографија и камермани, придонел во визуелизацијата на режисерските замисли.

Петар Богоевски (1952) професионално се посветил на филмот во 1970-тите години, најпрвин како светло-мајстор во Македонската телевизија, за веќе во 1976 година да се приклучи на екипата во „Вардар филм“ кадешто го минува сиот свој работен век, инволвиран во проекти од секакви филмски родови и жанрови. Работел речиси на сите играни филмови снимени од 1980 до 2010, со Ценевски, Гапо, Столе Попов, Манчевски, Црвенковски, Османли, Митревски, Митриќески, Блажевски, Ристески и други (од „Оловната бригада“ и „Време, води“ (1980) до „Балканкан“ и „Илузија“ (2004), „Контакт“ (2005) и „Тајната книга“ (2006)), како и на голем број документарни и краткометражни играни филмови.

Досегашни добитници на ова признание беа режисерите Столе Попов, Бранко Гапо, Трајче Попов, Кирил Ценевски, Коле Ангеловки, Мето Петровски и Коле Манев, тонскиот снимател Глигор Паковски, аниматорите Дарко Марковиќ и Тонкица Митревска, директорите на фотографија Драган Салковски, Љубе Петковски и Благоја Дрнков, филмскиот работник Коста Крпач, продуцентот Панта Мижимаков, филмските критичари Илинденка Петрушева и Благоја Куноски-Доре, монтажерите Димитар Грбевски, Олга Лукова-Дончиќ и Спасе Тасески, костимографите Елена Дончева и Зорка Тодорова-Младеновиќ, како и композиторот Љупчо Константинов.

„Златниот објектив“ традиционално се доделува на 29 април, бидејќи на тој датум во 1974 година е објавен Законот за формирање на Кинотека во „Службен весник“, како институција од општ интерес за Републиката, со задача да прибира, обработува, чува, заштитува и презентира филмови и филмски материјали од посебно уметничко, културно, научно, историско и друго општествено значење.

Прв протестен марш во Скопје на семејствата на настраданите во кочански „Пулс“

Во Скопје денеска ќе се одржи „Марш за ангелите“ што го организираат семејствата на загинатите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Прв протестен марш во Скопје на семејствата на настраданите во кочански „Пулс“

Организаторите најавуваат дека маршот ќе почне пред Oбвинителството во 12 часот и 5 минути, како симболика за, како што велат, задоцнетата реакција на институциите, ќе продолжи кон плоштадот „Македонија“ и ќе заврши пред Собранието.

- Ние заслужуваме одговори, ние не сме познавачи на правото и на законските процедури и затоа не разбираме како познавачите на правото притвораат, па пуштаат. Свесни ли се за и онака целосно разнишаната доверба во досегашното институционално работење со „фати, па пушти“, без да има јасно образложение за таа законска процедура, и што се создава во нашите мисли кои се на работ на себеуништување, се истакнува во пишаното известување од семејствата.

Во повикот тие нагласуваат дека и понатаму ќе бараат одговори за смртта на нивните деца, а за учество на маршот ги повикуваат сите граѓани на државата.

Од Обвинителството вчера упатија повик до семејствата на настраданите доколку сакаат подетално да се запознаат со сите аспекти од истражната постапка, во текот на денешниот ден да остварат средба со јавниот обвинител и со обвинителите кои постапуваат по предметите.

- Доколку кај блиските на жртвите постои таков интерес, тие можат да определат свои претставници (најмногу по еден член од семејство на секоја од жртвите) кои ќе остварат средба со Јавниот обвинител на Република Северна Македонија и обвинителите кои постапуваат во предметите, се наведува во информацијата од Обвинителството.

Семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ досега одржаа четири протестни марша во Кочани на кои ги повикаа институциите кои се одговорни за функционирање на системот во државата, да не ја одбегнуваат одговорноста.

Во пожарот на 16 март загинаа 62 лица, од кои првично 59, а уште тројца како последица на тешките повреди здобиени во несреќата. Повредени беа близу 200 лица од кои најголем дел по првично укажаната помош, беа препратени на лекување во странство. Дел од загинатите и повредените беа и членовите на бендот „ДНК“ кој настапуваше таа вечер.

За трагедијата се води опсежна истрага во која се вклучени 13 обвинители и според надлежните, извршени се голем број претреси, сослушани сведоци и собрани над илјада материјални докази.

Со истрагата се опфатени над 60 физички и три правни лица меѓу кои поранешни министри за економија, актуелни и поранешни градоначалници на Кочани, поранешни директори на Пазарниот инспекторат полициски службеници, актуелни и поранешни директори на Дирекцијата за заштита и спасување....

притисни ентер