Димитриеска Кочоска: Повторно задолжување за непродуктивни трошења

Според неа, тоа што државните записи се со рочност од 12 месеци јасно укажува дека станува збор за тековно финансирање трошоци.

Првата аукција на државни записи за 2020 година на износ од 500 милиони денари со рочност од 12 месеци што се одржа денеска во Министерството за финансии е ново зголемување на јавниот долг, рече денеска на прес-конференција дополнителната заменик-министерка за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.

Според неа, тоа што државните записи се со рочност од 12 месеци јасно укажува дека станува збор за тековно финансирање трошоци.

– Оваа власт во заминување и понатаму продолжува да ја задолжува државата. Повеќе од јасно е дека денешното ново задолжување ќе го зголеми јавниот долг, но она што мене повеќе ме загрижува е фактот дека ние имаме повторно задолжување за непродуктивни трошења, потенцира Димитриеска Кочоска.

Таа истакна дека не е инфромирана за денешното задолжување и не се согласува со истото.

– Денес се задолживме за некои трошења кои нема никако да влијаат на поквалитетен живот, ние денес ги задолживме нашите деца за работи кои нема ниту да го подобрат нивниот живот ниту да ја подобрат економијата, наведе Димитриеска Кочоска.

На прашање колку е нето задолжувањето со ова задолжување вкупно и колку пари излегуваат за раздолжување таа рече дека нема никакво раздолжување, а нето има 500 милиони денари нов долг.

Прашана во однос на нова еврообврзница, таа рече дека додека е техничка Влада не би потпишале, образложувајќи дека за толку краток период не би било возможно да се погледнат сите проекти кои би биле финансирани од тие средства.

– Кога имаме еврообврзница јасно треба да ни биде за што се задолжуваме, притоа секогаш мора да се водиме од фактот кога инвестираме да знаеме што инвестираме и какви ефекти имаме, имаме ли додадена вредност од тие капитални инвестиции или не. За еврообврзница дека се многу пари во прашање секогаш не се оди така едноставно за издавање, така да тука сигурно би требало многу подлабоки анализи, подетално да се погледнат сите проекти кои би биле финансирани од тие средства и во овој краток период тоа не е возможно да се направи, рече Димитриеска Кочоска.

Фото: Лепа Брена не е баш вешта во користење на Фотошоп

Последната фотографија која ја постави на својот Инстаграм профил покажува дека ни таа не е во целост задоволна со својот изглед.

Лепа Брена од секогаш важела за една од најубавите и најзгодни пејачки на овие простори. Дури и на 60 години, Брена ги воодушевува сите со својот изглеед.

Многумина и завидуваат на витката фигура, меѓутоа последната фотографија која Брена ја постави на својот Инстаграм профил покажува дека ни таа не е во целост задоволна со својот изглед.

Имено, на фотографијата се гледа не баш професионално користење на Фотошоп кое разоткрива дека дури и Брена сака да го подобри својот изглед.

ВМРО-ДПМНЕ: Промените во ВМРО-ДПМНЕ не им се допаѓаат само на Заев и хотелската коалиција

Новите одлуки на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ единствено не им се допаѓаат на Заев и хотелската коалиција која одработува за него.

Не ни очекуваме да ги поздрават одлуките, затоа што тие се насочени кон победа над мафијата и организираниот криминал на власта.

За разлика од Заев кој не најде сила за никакви промени по драматичниот пораз од 200 илјади гласови разлика во 2014 година и поразот во 2016 година, ВМРО-ДПМНЕ покажа сила за катарза и промени.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

НАТО домаќин на петтата рунда технички преговори меѓу турската и грчката делегација

Во седиштето на НАТО пактот во вторник ќе се одржи петтата рунда на технички преговори меѓу турската и грчката воена делегација, изјави Хулуси Акар, министерот за одбрана на Турција, пренесе „Анадолија“.

-Ни сме, се разбира, за мир, стабилност, преговори и дијалог. Ги подржуваме преговорите, но нема да дозволиме било какови свршен чин- рекол Акар на видеоконференцијата на која присуствувале турските генерали.

Техничките преговори имаат за цел намалување на ризикот од инциденти во екот на растот на тензиите во источниот Медитеран.

Одржувањето на технички состаноци меѓу турските и грчките воени делегации е договорено по неодамнешниот разговор на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтемберг.

Првиот технички состанок на турските и грчките воени делегации беше одржан на 10 септември, исто така во седиштето на НАТО.

Акар повтори дека Турција е одлучна и способна да ги заштити правата и интересите и на Турција и на Турската Република Северен Кипар во истокот на Медитеранот.

Грција ги оспорува моменталните активности на Турција околу енергетското истражување во источниот Медитеран.

Турција, земјата со најдолгиот брег на Медитеранот, прати наменски бродови за извршување на енергетски истражувања во својот континентален појас, велејќи дека Анкара и Турската Република Северен Кипар имаат права во тој регион.

Од дијалогот за праведната распределба на ресурсите, корист ќе имаат сите страни, истакнуваат турските власти.

притисни ентер