ДИК ги објави целосните резултати за 27 општини

Државната изборна комисија ги објави резултатите за 27 општини каде целосно се обработени податоците од сите избирачки места. Комисијата се уште целосно ги нема обработено податоците за општините Струга, Студеничани, Центар и Чаир и за градот Скопје.

Арачиново - Победи Брахим Ајваз од ДУИ со 52,11 проценти освоени гласови пред независниот кандидат Бастри Барјами со 47,14 освоени гласови

Берово - Победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Драги Наџински со 51,97 освоени гласови пред Ѕвонко Пеќески од СДСМ со 45,77 проценти од гласовите.

Битола - Победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Талески со освоени 54,93 проценти од гласовите, наспроти Менде Диневски од СДСМ со освоени 41,37 проценти

Богаднци - Победи Анасатасија Олумчева од ВМРО-ДПМНЕ со 52,48 проценти освоени гласови пред Зоран Прочков од СДСМ 45,34.

Брвеница - Победи Енвер Пајазити од ДУИ со 51,92 проценти од гласовите пред Стојан Тодоровски од ВМРО-ДПМНЕ со 46,93 проценти.

Бутел - Победи Петре Латиновски од ВМРО-ДПМНЕ со освоени 65,13 проценти од гласовите, пред Коста Начевски од СДСМ со освоени 31,14 проценти

Велес - Победи Славчо Чадиев од ВМРО-ДПМНЕ со 54,4 проценти освоени гласови пред Аце Коцевски од СДСМ си 43,41 процент

Врапчиште - Победи Бајрам Кадрија од ДУИ со 51,25 проценти од гласовите пред Исен Шабани со 47,04 проценти

Гостивар - Победи Невзат Бејта од ДУИ со освоени 50,5 проценти од гласовите пред Руфи Османи од НДП со 47,51 проценти

Дебарца - Игор Трајковски од ВМРО-ДПМНЕ со 51,59 пред Љупчо Којчиновски од СДСМ со 46,72

Делчево - Победи Дарко Шехтански од ВМРО-ДПМНЕ со 57,18 пред Голупчо Ангелов од СДСМ со 37,54

Ѓорче Петров - Победи Сокол Митровски од ВМРО-ДПМНЕ со освоени 50,39 проценти од гласовите наспроти Александар Наумовски од СДСМ со освоени 46,43 проценти

Јегуновце - Победи Тони Коцески од ВМРО-ДПМНЕ со 54,97 освоени гласови пред Дарко Блажески од СДСМ со 42,85 проценти

Кавадарци - Победи Александар Панов од ВМРО-ДПМНЕ со 56,66 освоени гласови пред Бетијан Китев со 41,09 проценти

Карбинци - Зоран Минов од ВМРО-ДПМНЕ со освоени 58,78 проценти од гласовите пред Ристе Бањеглав од СДСМ со 37,75 проценти

Капош - Победи Стевчо Јакимовски од СНС со освоени 63,36 проценти од гласовите, пред Андреј Петров од СДСМ со 28,15 проценти

Кочани - Победи Ратко Димитровски од ВМРО-ДПМНЕ со освоени 52,48 проценти, пред Миле Андонов од СДСМ со освоени 43,85 проценти од гласовите

Куманово - Победи Зоран Дамјановски од СДСМ со освоени 50,77 проценти од гласовите пред Зоран Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ со 47,28 проценти

Лозово - Победи Орце Цветковски од ВМРО-ДПМНЕ со 54,33 освоени гласови пред Ацо Велковски од СДСМ со освоени 43,64 проценти

Могила - Победи независниот кандидат Стево Пивковски со 52,56 освоени гласови пред Славко Велевски од ВМРО-ДПМНЕ со 46,24 проценти

Ресен - Победи Ѓоко Стрезовски од ВМРО-ДПМНЕ со освоени 64,91 процент од гласовите пред независниот кандидат Димитар Бузлевски со освоени 35,09 проценти

Старо Нагоричане - Победи Милован Стојковски од ВМРО - ДПМНЕ со освоени 51,98 процент од гласовите пред Власте Димковиќ од СНС со 45,34

Теарце - Победи Исен Асани од ДУИ со 55,87 проценти освоени гласови пред Рухан Илази од ДПА со 42,8 проценти

Тетово - Победи Теута Арифи од ДУИ со освоени 55,54 проценти од гласовите пред Сади Беџети од ДПА со 41,93 проценти

Чешиново - Облешево - Победи Костадин Личков од ВМРО-ДПМНЕ со освоени 55,75 проценти од гласовите пред Горанчо Крстев од СДСМ со освоени 41,54 проценти.

Во Струмица по прегласувањето на три избирачки места на првиот круг од локалните избори победи Зоран Заев од СДСМ со освоени 51,56 проценти од гласовите пред Васил Пишев од ВМРО-ДПМНЕ со освоени 45,85 проценти од гласовите.

Во општина Долнени по денешното прегласување на едно избирачко место побединкот ќе се знае во вториот круг за две недели бидејќи ниту еден од кандидатите не го освои потребниот број гласови.

Во вториот круг одат Боше Милошески од ВМРО-ДПМНЕ со 28,83 и Абдула Бајрамовски од ДУИ со 27,31 процент.

Аустриан ерлајнс го започна својот штрајк кој ќе трае 36 часа

Триесет и шестчасовниот штрајк на вработените во Аустриан Ерлајнс (Austrian Airlines) почна денеска и веќе има откажани летови, јавија австриските медиуми. 

Според одлуката на синдикатот „Вида“, денеска и утре ќе бидат откажани вкупно 400 летови. Најмногу беа погодени аеродромите во Виена, Инсбрук, Грац и Клагенфурт, како и околу 50 илјади патници, според податоците на авиокомпанијата.

Аустриан Ерлајнс проценува 24 милиони евра загуби предизвикани од откажување летови во текот на тековните колективни преговори за договарање. Спорот за колективниот договор за труд трае веќе со недели, а досега 17 рунди преговори се без резултат. Синдикатот најави нова работна средба за 4 април.

Стотици летови се откажани од почетокот на преговорите. Откажани се и летовите од Виена до Скопје и обратно. На официјалната веб страница на Меѓународниот аеродром Скопје не се ставени ниту полетувањата, ниту слетувањата со оваа авиокомпанија.

Дебата на тема„Има помош за живот без насилство“ во организација на УНФПА

Веќе трета година по ред во Македонија се спроведува  проектот „Превенција и заштита од родово-базирано насилство во Македонија“ под покровителство на министерството за труд и социјала, британската амбасада и УНФПА.

Во рамки на проектот досега функционира програмата за реинтеграција на жртви, моделот за шелтер-засолниште на жртви на семејно насилство, а се даваат и препораките за подобрување на услугите на сос линиите за помош на жртвите.

Продолжува ископувањето со багер на страната на куќата каде што исчезна 2- годишната Данка

Уште едно потресно видео од Бањско Поље денеска.

Заврши ископувањето на едната страна од куќата во која завчера исчезна малата Данка Илиќ (2).

Како што јави репортерот на Телеграф од местото на настанот, копањето со багер продолжило од другата страна на куќата.

Екипата на порталот Телеграф.рс и денеска е пред куќата на семејството Илиќ каде во вторникот околу 13.45 часот исчезна Данка Илиќ (2) и се уште се трага по неа. Полициски екипи ја опколиле куќата на семејството Илиќ во Бањско поле, а пред неа пристигнал багер.

Полицијата претходно отворале шахти околу куќата на семејството Илиќ.

Како што дознаваме, полицијата и работниците од ЈКП од утрово го расчистуваат теренот.

Да потсетиме, Данка исчезнала во моментот кога нејзината мајка му давала вода на другото дете. Носела виолетови панталони, маслинесто сако, а косата и беше врзана во опавче. По исчезнувањето на Данка, за прв пат во Србија беше објавен Алерт наречен „Најди ме“.

По девојчето 27 часа трагаа припадници на жандармеријата, полицијата, пожарникари, спасувачи на ГСС, како и бројни мештани. По 27 часа МУП го прекина пребарувањето на теренот во Бањско Поље.

притисни ентер