Дигиталната наставна платформа E-училница достапна за учениците

Дигиталната платформа Е-училница со видеонастава и активности за учење преку игра  попладнево е достапна на интернет-адресата: www.eduino.gov.mk. 

Оваа национална платформа за далечинско учење се става во функција за да овозможи продолжување на воспитно-образовниот процес за основците и средношколците во услови кога поради КОВИД-19 редовната настава е во прекин.

Платформата е изработена и се организира преку соработка на министерствата за образование и наука и труд и социјална политика, Бирото за развој на образованието и УНИЦЕФ.

Наставниците преку Е-учлницата добиваат алатки за поддршка на учењето од далечина за децата кои привремено не одат на училиште. Од Канцеларијата на УНИЦЕФ посочуваат дека платформата веќе била планирана да се пушти кон крајот на оваа година, но по затворањето на училиштата на 10 март, УНИЦЕФ и партнерите ги мобилизирале сите достапни ресурси за платформата веднаш да ја стават на располагање, додавајќи дополнителни функции, заедно со видеа на предавања од наставници.

Иако првично наменета за предучилишна возраст и ученици од основно училиште, опфатот на платформата сега е проширен на основно и средно образование. Материјалот што се поставува во моментов е фокусиран на материјалот што треба да се опфати до крајот на учебната година. Понудени се видеолекции односно разработка не методски единици за сите одделенија и сите задолжителни предмети, кои траат 15-ина минути и се придружени со презентација, нарација и објаснување од наставник.

-Нашите тимови деноноќно работеа во изминативе две недели за да изнајдат решенија со кои ќе се овозможи да не се наруши правото на образование на децата поради новововедената мерка за спречување на ширењето на корона вирусот во земјата. Степенот на солидарност кај сите што работат во образовниот сектор заедно со наставниците кои волонтираа за да ја поддржат иницијативата е доказ дека во време на криза луѓето се обединуваат, изјави Патриција ди Џовани, претставничка на УНИЦЕФ во земјава.

Повеќе од илјада наставници од целата земја одговориле на повикот на Министерството за образование и наука и УНИЦЕФ да волонтираат при снимањето наставни часови на сите наставни јазици, вклучувајќи македонски, албански, турски, босански и српски. Досега се добиени над 400 видеочасови и секојдневно се поставуваат на платформата.

Министерот Арбер Адеми денеска на прес-конференција соопштувајќи за националната дигитална платформа за едукација соопшти дека е голем интересот за пријавување виделекции, тие се разгледуваат внимателно по содржини за тематски да не се повторуваат.

– Имаме пријави за над 1000 лекции, а пристигнати се досега околу 400 лекции. Секако очекуваме бројката драстично да расте во следните денови, а во меѓувреме апелираме на трпеливост до целосно пополнување со содржини за сите одделенија и по сите предмети, рече Адеми, кој истакна дека очекува од утре платформата да биде достапна и да се применува од училиштата за онлајн-едукација на учениците.

Овој начин на образование додека трае кризниот период станува формален и од наученото ќе зависи исходот со кој секој ученик ќе ја заврши учебната година.

Од УНИЦЕФ посочуваат дека првично платформата била замислена да служи како простор каде што наставниците, воспитувачите и родителите ќе најдат идеи за спроведување нови начини за учење преку игра и креативни алатки со кои се поттикнува социоемоционалниот развој на децата од 3 до 10 години.

Освен видеочасовите, на платформата Е-училница наскоро ќе бидат ставени на располагање сите планирани ресурси и функционалности, вклучувајќи наставни активности преку игра изработени од просветните работници низ повеќе континуирани краудсорсинг-настани.

Платформата ќе биде дел од ресурсите на Бирото за развој на образованието во поддршка на наставната програма и професионалниот развој на наставниците и по привременото затворање на училиштата.

Е-училница ја надополнува иницијатива за ТВ-училница што почна една недела по затворањето на училиштата и која се емитува на МРТ, како и другите алатки во кои спаѓаат разновидни дигитални платформи и апликации за учење дома кои МОН веќе ги препорача.

Е-училница е дел од иницијативата на УНИЦЕФ, финансирана од Владата на Обединетото Кралство преку Британската амбасада во Скопје, во соработка со Министерството за труд и социјална политика, Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието, а ја имплементира СмартАп-Лабораторија за социјални иновации.

Избори во Хрватска: По преброени 98 отсто од гласовите-ХДЗ има 60, а СДП 42 пратенички мандати

 Хрватската демократска заедница (ХДЗ) освои 60, а Социјалдемократската партија (СДП) 42 мандати на парламентарните избори во Хрватска одржани вчера, покажуваат податоците на Државната изборна комисија, по преброени 98 отсто од гласовите.

За формирање влада потребна е поддршка од најмалку 76 од вкупно 151 пратеник во Саборот.

Гласале 61,99 отсто од избирачите. Право на глас на изборите имаа околу 3,7 милиони луѓе, што е за 127.000 помалку од пред четири години.

Следи Движењето Татковина со 14 мандати, Мост со 11 мандати, а петти се „Можеме“ со 10 освоени пратенички мандати.

Истарското Демократско Собрание (ИДС) освои три мандати, независната платформа „Север“ освои две места, а коалицијата Фокус-Република освои еден мандат.

Премиерот на Хрватска и претседател на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) Андреј Пленковиќ најави дека од дeнеска ќе започне разговори за формирање ново парламентарно мнозинство заради формирање на третата влада на ХДЗ.

„ХДЗ убедливо победи на парламентарните избори третпат по ред“, изјави Пленковиќ во изборниот штаб на ХДЗ во Загреб по парламентарните избори одржани вчера, на кои победи ХДЗ, но со недоволно гласови за самостојна влада. Пленковиќ оцени дека опозициската Социјалдемократска партија не заслужува да формира влада, туку тоа треба да го направи ХДЗ како победник на изборите.

Од друга страна, и претседателот на најголемата опозициска партија СДП, Пеѓа Грбин, најави дека од денеска ќе започне разговори за можна постизборна коалиција со партиите кои најавија дека нема да коалицираат со ХДЗ.

- Изборните резултати не се онакви какви што посакувавме, но покажаа дека граѓаните на Хрватска сакаат промени и дека не се задоволни од она што се случува во Хрватска, истакна Грбин во изборниот штаб на СДП во Загреб.

Грбин рече дека на Хрватска и претстојат денови, недели, а можеби и месеци на разговори за формирање влада. - Тие разговори ќе завршат добро, со промена што ќе ја направи Хрватска подобра земја, земја без корупција која се грижи за својот народ, рече Грбин.

Кандидат за премиер на СДП е претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ, поранешен лидер на таа партија. Тој не беше на листата на СДП, бидејќи Уставниот суд му забрани да го стори тоа, со оглед на тоа што претходно не поднесе оставка од функцијата претседател на државата.

Променливо облачно со повремен дожд, на планините и снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, особено во северозападните делови каде ќе има услови за ретки грмежи. 

На планините врнежите повремено ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а во западните делови засилен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и посвежо со услови за повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Како што соопштија од УХМР, времето во наредните денови до почетокот на следната седмица ќе биде променливо облачно и посвежо, наместа со повремени врнежи од дожд. Во петок пообилни врнежи се очекуваат во јужните делови, а во недела на повеќе места. Поради спуштање на постудена воздушна маса на планините врнежите повремено ќе преминуваат во снег и на повисоките планини ќе се формира нова снежна покривка.

Сообраќајот по влажни коловози, одрон на патот Берово - Будинарци

На патниот правец Берово - Будинарци има одрони од камења каде се зафатени двете коловозни ленти од патот, при што сообраќајот се одвива со наизменично пропуштање на возилата, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 01.04.2024 е пуштен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3.5 тони.

притисни ентер