Деветнаесетгодишно момче е рането во синоќешното пукање во Чаир - Канал 5

Деветнаесетгодишно момче е рането во синоќешното пукање во Чаир

А.Б. (19) од Скопје, е лицето што синоќа беше повредено од огнено оружје на улицата „Цветан Димов“ во Чаир, откако во него било пукано од лице кое излегло од возило.

Деветнаесетгодишно момче е рането во синоќешното пукање во Чаир

-Утврдено е дека повреденото лице е А.Б. (19) од Скопје, кој во службен разговор со полициските службеници појаснил дека додека се движел пеш по ул. „Цветан Димов“, од возило излегол Б.Б. и пукал кон него со пиштол неколку пати. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, соопшти денеска МВР.

Синоќа МВР информираше дека околу 20.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. „Цветан Димов“ во Скопје имало повредено лице од огнено оружје, кое било пренесено во ГОБ „Св.Наум Охридски“ во Скопје за укажување помош. Според пријавеното, во повредениот било пукано од возило „пасат“.

ВМРО-ДПМНЕ: Заев му издиктира на Филипче кадри кои ќе загубат на изборите

​Ова не се кандидати на партиската база на СДС, туку тоа се кандидати на Заев издиктирани на Филипче.

ВМРО-ДПМНЕ: Заев му издиктира на Филипче кадри кои ќе загубат на изборите

Ова се кадри на другарите на Заев со кои убедливо ќе загуби и на овие локални избори. Луѓе од истата матрица која тепа жени како советникот на Филипче во Кочани, која измислува без докази и клевети, креира хаос и тоне во безидејност.

Нема ниту еден кредибилен предлог за градоначалник и ниту еден кадар кој претставува додадена вредност.

Заев му издиктира на Филипче кадри кои ќе загубат на изборите, обременети со скандали и приказ на хаосот во СДС.

Антиизраелски протести во повеќе држави

Во главниот град на Иран, Техеран, но и во другите блискоисточни држави, како и во Малезија и Јужна Кореја денеска имаше протести поради израелскиот напад врз Иран.

Антиизраелски протести во повеќе држави

По петочната молитва илјадници луѓе излегоа на улиците на Техеран извикувајќи пароли за поддршка на лидерите на Исламска Република и веејќи ирански и знамиња на Хезболах.

„Ќе го жртвувам животот за мојот лидер“, пишуваше на еден од транспарентите, алудирајќи на иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи.

Стотици поддржувачи на проиранската група Хезболах се собраа на улиците на главниот град на Либан, Бејрут во знак на солидарност со Иран. Тие извикуваа „Смрт на Израел, САД и претседателот Доналд Трамп“. Тие вееја знамиња на Хезболах, како и на ирански и палестински знамиња.

За време на митингот израелски дронови го надлетуваа Бејрут.

Десетици илјади Ирачани денеска протестираа во повеќе ирачки градови, меѓу кои и Багдад, поради израелскиот напад врз соседен Иран и побараа од Владата на Ирак да му забрани на Израел да го користи ирачкиот воздушен простор за напади. Демонстрациите беа организирани на повик на влијателниот ирачки шиитски лидер Муктада ал Садр.

Илјадници поддржувачи на Хутите денеска демонстрираа во главниот град на Јемен, Сана во знак на солидарност со иранскиот народ: Лидерот на Хутите, Абдул-Малик ал-Хути вети целосна поддршка за Иран и за Појасот Газа како одговор на израелските воени операции. Тој најави ракетните напади врз Израел, како и дека Хутите ќе продолжат со поморските акции.

И пред Амбасадата на Израел во главниот град на Малезија, Куала Лумпур беше организиран протест поради израелскиот напад врз Иран.

Протести имаше и пред Амбасадата на Израел во главниот град на Јужна Кореја, Сеул. Демонстрантите држеа транспаренти на кои пишуваше „Не за нападот на Израел врз Иран“.

Сеноќно бдение во Бигорски во чест на чудотворната икона „Достојно ест“

На 23 јуни (понеделник) 2025 лето Господово, во Свештената бигорска Обител во 22 часот ќе започне сеноќното бдение во чест на празникот на Пресвета Богородица.

Сеноќно бдение во Бигорски во чест на чудотворната икона „Достојно ест“

Свештената бигорска Обител традиционално и годинава ќе го одбележи празникот на Пресвета Богородица, во чест на нејзината икона „Достојно ест“, која во овој божји храм пристигна кусо по пожарот на 30 септември 2009 година, кога пламените јазици целосно го пеплосаа Горни Палат.

-На 23 јуни (понеделник) 2025 лето Господово, во Свештената бигорска Обител во 22 часот ќе започне сеноќното бдение во чест на празникот на Пресвета Богородица, во спомен на Нејзината чудотворна икона „Достојно ест“. Благослов да присуствуваат имаат сите коишто молитвено сакаат да го прослават сечесниот спомен на Мајката Божја, стои во соопштението.

Архимандрит Кирил за МИА изјави дека Бигорскиот собир се закитил со копијата од оваа прекрасна икона во 2009 година, како „една слатка утеха после страшното огнено искушение врз обителта".

-Со тоа Богомајката им покажа на своите чеда монаси, дека е тука со нив и во најтешките мигови, за мајчински да ги поткрепи и да им вдахне нови сили за духовна борба. А благодарното монашко срце непрестајно ја искажува својата верност и благодарност, плетејќи сеноќни славословија во чест на Царицата и на нејзината икона „Достојно ест“. Така и сега неизмерната синовска љубов ќе ги собере сите во Бигорското светилиште на уште една духовна средба со Мајката на животот, во чиишто прегратки сите таги и неволи исчезнуваат, вели архимандрит Кирил..

Според црковниот календар и преданијата на црквата, на 24 јуни се празнува иконата „Достојно ест“ заради чудото кое се случило пред неа во времето на патријархот Никола Хрисоверг (983-996).

Традиционално во Бигорскиот манастир се очекува големо присуство на верници кои ќе присуствуваат на одбележувањето на денот на иконата „Достојно ест.

притисни ентер