Седум пожари се уште се активни низ Македонија–најсериозно и натаму е на планината Серта - Канал 5

Седум пожари се уште се активни низ Македонија–најсериозно и натаму е на планината Серта

Продолжува борбата со пожарите во Македонија. На територијата на државата активни се уште 7 пожари, а најсериозно и натаму е на планината Серта, каде беа насочени и два ер трактори.

Седум пожари се уште се активни низ Македонија–најсериозно и натаму е на планината Серта

Изминативе денови се гаснеше и со хеликоптери од земјите од регионот откако владата побара помош. Но, во моментов дејствуваат само македонски летала, односно двата ер-трактори на дирекцијата за заштита и спасување, два хеликоптери на МВР, како и два хеликоптери на армијата.

Активни седум пожари, изминатото деноноќие регистрирани 29 пожари на отворено.

Центарот за управување со кризи утринава информира дека изминатото деноноќие имало вкупно 29 пожари на отворено од кои седум се уште се активни.

Активен е пожарот меѓу селата Селце и Пухче во општина Штип каде гори мешана шума и пожарот во реонот на армискиот полигон Криволак кон Пенуш каде има многу голема „фронтова“ линија и гори ниска вегетација.

Во општина Македонски Брод меѓу селата Брезница и Тажево гори квалитетна борова шума. Интервенираат 15 вработени од националниот парк „Јасен“ помогнати од 30-тина припадници на Армијата кои деноноќно се борат огнот да не се пробие кон внатрешноста на заштитено повеќенаменско подрачје „Јасен". Вчера, армискиот хеликоптерот „Ми 17“ во два наврата не можел да дејствува од густиот чад.

Активен е и пожарот во општина Чашка меѓу селата Габровник и Мокрени каде гори мешана шума и ниска вегетација Линијата на огнот со повремени прекини и појаки жаришта е голема се до Мукос, над Богомила.

Пожар има и кај селото Небрегово во општина Долнени каде гори нискостеблеста шума, како и кај селото

Гостиражни. Се работи за префрлен пожар од селото Богомила.

Според информациите на ЦУК, под контрола се седум пожари кои се настојува да се доведат во фаза на локализирање. Изгаснати се 15 пожари на отворено.

Енрике: ПСЖ има амбиција да продолжи да победува за да им го отежни животот на противниците

 Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, изјави дека играчите на тимот се решени да го освојат Светското клупско првенство.

Енрике: ПСЖ има амбиција да продолжи да победува за да им го отежни животот на противниците

- Ако ги погледнете четирите тренинзи што ги имавме во Лос Анџелес, можам да ве уверам дека желбата за победа е присутна. Тоа е нормално за овој тип играчи. Ќе покажеме многу добар резултат. Имаме амбиција да продолжиме да победуваме за да им го отежнеме животот на нашите противници, вели Енрике во интервјуто за „Марка“.

Светското клупско првенство во 2025 година се одржува од 15 јуни до 13 јули во Соединетите американски држави. ПСЖ ќе игра во група со Ботафого, Сиетл и Атлетико.

Иран: Нападите врз Израел се чин на самоодбрана

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека воените напади врз Израел се акт на самоодбрана и дека Иран не сака проширување на конфликтот кон соседните земји, освен ако не биде присилен.

Иран: Нападите врз Израел се чин на самоодбрана

- Нашата воена реакција е базирана на правото на самоодбрана, рече Арагчи, нагласувајќи дека нападите се одговор на претходните израелски воздушни напади, вклучувајќи и врз нуклеарниот објект во Натанц.

Тој побара од САД да ги осудат израелските напади и изрази сомнеж во тврдењето дека Вашингтон не бил вмешан. - Ние не веруваме дека САД немаат улога во нападите врз нашиот нуклеарен објект, изјави шефот на иранската дипломатија.

Арагчи нагласи дека Иран останува цврст во ставот дека не поседува нуклеарно оружје, но истовремено го брани своето право на мирнодобска нуклеарна програма. Тој исто така откри дека шестиот круг преговори со САД бил откажан, но Иран бил подготвен да даде гаранции.

- Израел е противник на секое дипломатско приближување меѓу Иран и САД, додаде тој.

Германија, Франција и Велика Британија нудат итни преговори со Иран за нуклеарната програма

Германија, Франција и Велика Британија се подготвени веднаш да започнат разговори со Иран околу неговата нуклеарна програма во обид да се намали тензијата на Блискиот Исток, изјави германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул.

Германија, Франција и Велика Британија нудат итни преговори со Иран за нуклеарната програма

- Се надевам дека ова сè уште е можно, изјави Вадефул за германската јавна телевизија АРД, додавајќи дека Техеран претходно ја пропуштил можноста за конструктивни разговори.

Тој нагласи дека деескалацијата и долготраен мир во регионот се можни само ако Иран престане да биде закана за регионот, Израел и Европа.

притисни ентер