Градоначалникот Китански вели дека располагаат со доволно механизација и луѓе иако дел од мештаните и доброволците по неколку дневната битка поради истоштеност се повлекле.. Сепак уверува дека бројноста на терен е задоволителна и се надева дека во текот на денот дека најголемиот дел од жариштата ќе бидат ставени под контрола.
-Имаме критични точки каде што гори, се трудиме да ги ставиме под контрола ама еве овие часови од десет наутро до шест попладне се најкритичните, бидејќи знаете температурите се високи и во текот на денот со овие температури е најподложно за разгорување на пожарот. Во наша полза е што е мирно, немаме ветер па се надеваме дека ќе немаме, нови и нови жаришта, а во момент знаете, се става една критична точка под контрола, за неколку минути имате нова. - Александар Китански – Градоначалник на Пехчево.
Во меѓувреме, на утринскиот брифинг на главниот кризен штаб учествувала и офицерот за врски на ЕУ механизмот за цивилна заштита Клер Ковалецки, откако по барање на ЦУК европската помош е повторно активирана. Како што дознаваме, во Старо Нагоричане ќе дејствува хеликоптерот од Србија, во Кратово хеликоптер од МВР, армиските ќе во околината на Пробиштип, а трите Ер-Трактори кај Св. Николе. дополнително во гаснење на пожарите ќе бидат вклучени повеќе од160 војници. Денеска активни се 9 пожари, а 4 од нив се ставени под контрола.