Деспотовски: Со „Концепт 28“ СДСМ ќе зајакне и ќе биде водечка политичка сила

Видео обраќање на Јован Деспотовски по повод кандидатурата за претседател на СДСМ.

„Kaко претседател на СДСМ - Социјалдемократски сојуз на Македонија нагласувам дека ниту сам, а најмалку во мал круг луѓе можам или сакам да работам и носам било какви одлуки. Токму затоа ве повикувам да ја прочитате Програмата наречена #Концепт28, но и да ми се приклучите, да ги споделите сите ваши предлози, идеи, а се разбира и критики.

Само со ваков пристап може да успееме и да докажеме дека не случајно СДСМ го носи приматот на најпрогресивна партија. Со „Концепт 28“ СДСМ ќе зајакне и ќе биде водечка политичка сила и во мандатот 2024 – 2028 година“, вели кандидатот за претседател на СДСМ, Јован Деспотовски во своето прво видеообраќање до членовите на партијата.

Фото: Прва објава на Кејт Мидлтон на Инстаграм по дијагнозата

Принцот Луис го слави својот шести роденден, а по тој повод неговиот портрет е објавен на официјалниот Инстаграм профил на принцезата и принцот од Велс.

Портретот го направи принцезата од Велс Кејт Мидлтон, а тоа е нејзина прва објава откако објави дека и е дијагностициран рак. „Среќен 6-ти роденден на принцот Луис! Ви благодариме за сите убави желби“, гласеше натписот.

Да потсетиме, за Денот на мајката, Кејт Мидлтон објави заедничка фотографија со своите деца, принцовите Џорџ и Луис и принцезата Шарлот, а фотографијата крена голема прашина поради многуте монтирани детали. Откако светските медиумски агенции ја повлекоа фотографијата, таа призна дека фотографијата е фотошопирана и се извини за хаосот што го направила. Не долго потоа, Кејт ја објави веста за дијагнозата.

Инаку, Кејт во претходните интервјуа откри дека родендените на своите деца ги слави точно на полноќ и дека секогаш им подготвува торта, а многумина се прашуваат дали оваа година ќе успее да ја задржи традицијата.

Извор: Индекс.хр

Газета: Конте тешко во Милан, тројца кандидати во преден план

По уште еден разочарувачки резултат во дербијата против Интер, јасно е дека Стефано Пиоли повеќе нема да биде тренер на Милан на крајот од сезоната. И тоа е можност медиумите да шпекулираат со различни кандидати.

Долго време како прв избор се споменуваше Антонио Конте. Наводно за него сериозно се залагал и Златан Ибрахимовиќ. Но, како што пишува „Газета дело Спорт“, поранешниот тренер на Интер, Јувентус, Челси, Тотенхем не изгледа како веројатна опција.

Според истиот весник, во моментов најсериозно се разгледуваат тројца кандидати. Во прашање се селекторот на Белгија, Доменико Тедеско, тренерот на Порто, Серхио Консеисао и Марко Розе.

Но, тоа не се единствените имиња во оптек. Како „втор ешалон“ кандидати сеспоменуваат и Кристоф Галтие и Марсело Гаљардо. /MИА

Канал 5 со отворено студио „Македонија одлучува“ ќе ги следи изборните резултати

Канал 5 веќе е подготвен за повеќе часовното отворено студио, кое ќе следува веднаш по овие вести..

Александар Видиновски е дел од тимот од отворената програма „Македонија одлучува“... Александар што се ќе опфати отвореното студио..

притисни ентер