Деспотовски:Финансиска поддршка за технолошки развој за 87 компании

Вкупно 87 компании ќе добијат финансиска поддршка за технолошки развој за надминување на последиците од Ковид -19 како дел од третиот пакет мерки на Владата.

Буџетот за реализација на оваа мерка е околу три милиони евра од кои 1,7 милиони евра се средства на Фондот за иновации и технолошки развој, а 1,3 милиони евра се сопствени средства на компаниите.

Најголем дел од компаниите или 60 проценти се мали претпријатија, 33 се микро и 7 проценти се фирми со средна големина.

Поголем процент, односно 76 отсто се компании кои за првпат аплицирале, 15 проценти се компании кои и претходно конкурирале на некои од јавните повици на ФИТР, но не добиле средства, а само девет проценти се компании кои досега користеле средства од ФИТР.

На јавниот повик аплицирале 166 компании, а во финална фаза влегле 123 компании. Оние чии проекти не се одобрени, ќеможат да ги образложат своите аргументи и да добијат можност за поддршка.

– Од 123 компании кои влегоа во финална фаза, Комитетот за одобрување на инвестиции достави свои коментари и до останатите 35 компании кои ќе имаат рок до крајот на месецов да достават свои аргументи во однос на она што Комитетот смета дека недостасува во нивните инвестициски планови, така што и тие ќе имаат можност да бидат дел од одобрените средства од првиот инвестициски циклус, истакна директорот на ФИТР, Јован Деспотовски на денешната прес-конференција.

За првпат откога ФИТР објавува јавни повици, не е доминантен ИТ секторот, односно на овој јавен повик најголем дел од одобрените средства се за приватните здравствени установи, за компаниите од трговијата, машинската индустрија ……

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи се надева дека со оваа мерка ќе се поттикне иновативноста и креативноста кај компаниите.

– Преку овој инструмент ја поттикнуваме иновативноста и креативноста на компаниите и очекуваме тие да ја препознаат можноста за трансформација, брзо да реагираат, да се прилагодат на новите услови и најбрзо можно да се вратат на патеките на успехот, рече вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи, додавајќи дека се поддржуваат и 1 296 работни места.

Мерката е дел од третиот сет мерки што Владата ги креира за ублажување на последиците од Ковид кризата. Како дел од досегашните мерки се двете бескаматни кредитни линии Ковид 1 и Ковид 2 реализирани преку Развојната банка со кои беа вбризгани околу 15 милиони евра во стопанството, како и субвенционирањето на минимална плата од 14.500 денари со кое просечно во трите месеци – април мај и јуни биле поддржани околу 20 илјади компании со околу 120 илјади вработени. За граѓаните беа изработени 309 илјади платежни картички во вредност од 26,8 милиони евра. /МИА

Застрелани се две воспитувачки, кои спречиле вооружен напаѓач да влезе во градинка во САД

Повеќе од 70 деца биле на дневен престој во Спрингфилд, Вирџинија, во моментот на пукањето, но ниту едно не е повредено, соопшти полицијата на округот Ферфакс.

„Ни олесна што денеска нема повредени деца“, изјави за новинарите заменик-началникот на полицијата Брук Рајт, според NBC Вашингтон.

Осомничениот Хулио Пасквал Сејас (41) од Арлингон е уапсен по повеќечасовна потера.

Напаѓачот испукал три куршуми низ вратата од градинката, изјави Рајт.

Се обидел да разговара со жената со која имал врска, но таа не му ја отворила вратата.

„Таа беше од внатрешната страна на вратата и не ја отвори“, рече Рајт.

Сехас ги застрелал жената и колешката со пиштол, соопшти полицијата.

Полицијата била повикана во градинката околу 14 часот и 15 минути и пристигнале за неполни две минути, додаде Рајтова.

Силни полициски сили ја опколиле градинката. Ранетите жртви од престрелката се пренесени во болница со повреди кои не се опасни по живот.

Децата во градинката не биле „на повидок“ на пукањето и се чини дека не ни знаеле за тоа, рече Рајт.

„Се чинеше дека ниту едно од децата нема знаци дека нешто се случило овде денес. Тие беа среќни. Беа изнесени надвор. Се чини дека не ја видоа вратата скршена или дека имаа знаци дека нешто не е во ред“, рече таа.

Полицијата им кажала на родителите да одат во полициската станица во Западен Спрингфилд за да ги земат своите деца.

„Зошто ова се случува на дневен престој?

„Веднаш реагирав. Скокнав во автомобилот и дојдов овде“, рече тој.

„Зошто ова се случува во дневен центар? Што му направило едно четиригодишно дете на возрасен или на некој друг за да се оправда ваква ситуација?“, праша тој, задржувајќи ги солзите.

Пукањето ги потресе и полицајците, рече Рајт.

„Речиси сите сме родители. Целосно разбираме како се чувствува јавноста и сакаме да направиме сѐ што можеме за да ја фатиме оваа личност или било кој друг кој е опасен, што е можно поскоро за да ги заштитиме нашите деца“, рече таа пред Сехас.

Осомничениот за пукањето во градинката Спрингфилд е лоциран и уапсен од полициската единица за приведување бегалци, соопшти полицијата. Информациите за тоа каде е пронајден не се веднаш објавени.

Секој кој има информации за неговата локација беше замолен да се јави на 911.

„Веруваме дека е опасен, затоа ве молиме не се обидувајте да воспоставите контакт со него“, рече Рајт.

Сехас се бара по седум обвиненија за тешки телесни повреди, вклучително и употреба на огнено оружје. Веднаш не било јасно дали тој имал адвокат.

Градинката ќе остане затворена барем до крајот на неделата, се вели во соопштението на компанијата KinderCare Learning.

„Ни крши срцето што насилник дојде во нашиот центар и застрела двајца наши учителки. Нашите мисли се со нив и нивните семејства. Разбираме дека наставниците се во стабилна состојба и благодарни сме за тоа. нема повредени деца.сведок на ова насилство, ниту пак било повредено дете“, се вели во соопштението.

Битиќи и Деспотовски: Kреираме развој со поддршка на инвестиции

Можностите за инвестиции и поддршка од државата особено за домашните компании, идни мерки како и презентација на примери на македонски компании .

Можностите за инвестиции и поддршка од државата особено за домашните компании, идни мерки како и презентација на примери на македонски компании кои со поддршката од државата градат успешни приказни беше во фокусот на денешната панел дискусија посветена на економијата и инвестициите. Настанот го организираа заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски, а на панелот учествува и стопанственици и поранешниот премиер Димитар Ковачевски. Заменик-премиерот Битиќи нагласи дека за првпат домашните компании имаат поголема финансиска поддршка споредено со странските инвеститори, како и дека поддршката во последниве шест години е порасната за речиси 13 пати.

„Со гордост можам да кажам дека нашите напори во поддршка на домашните компании преку Законот за финансиска поддршка на инвестиции покажуваат конкретни резултати. Прво што направивме е изедначување на условите за финансиска поддршка на домашните со странските компании. Од нула поддржани компании во 2016 година до 919 денес, нашата заложба за економски развој и иновации станува реалност. За шест години, Владата ги има поддржано со околу 100 милиони евра за нивните инвестиции кои се над 500 милиони евра".

Овој панел на кој учествуваа и стопанственици и експерти, стави акцент на синергијата меѓу Владата и приватниот сектор за стимулирање на економскиот раст. Учесниците имаа ретка шанса не само да се запознаат со најновите трендови во инвестициите, туку и активно да учествуваат во креирањето на стратегија за иднината на македонската економија.

Директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски посочи дека само во ТИРЗ во последниве три години се постигнати договори во вредност од една милијарда евра што е еднакво на нивото на инвестиции во ТИРЗ од 2006 до 2020 година.

„Покажавме дека знаеме и дека можеме. Од револуционерни до стратешки инвестиции, одново и одново докажавме дека не само што ја разбираме играта, туку и одлично ја играме постојано, не само на полувреме. Почнавме да играме и во европска и светска лига, со Јагео, Гересхајмер и други, а имаме и многу домашни успешни приказни“.

Сања Лазаревска сопственичка на компанијата Фор Лејди и Филип Арсов, ко-сопственик на Синапс Авиејшн ги споделија своите успеси и предизвици, давајќи увид во реалното влијание на владините политики врз домашните компании. И двајцата посочија дека програмите за поддршка на домашните компании им помогнале во реализација на плановите и развој на компаниите.

Поранешниот премиер Ковачевски истакна дека - „економската стабилност и поддршката на инвестициите секогаш беа на врвот на нашите приоритети, и денес можеме да ги видиме плодовите од тие напори“.

„Владата која ја предводев вложи значителни ресурси во приватниот сектор, што овозможи раст на инвестициите и зголемување на платите, дури и во време на големи предизвици. Поставивме таргет за 500 вера просечна плата, денеска е 650 евра или 290 евра повеќе од времето пред 2017 година. Нашата евроатлантска ориентација донесе највисоко ниво странски директни инвестиции од 754 милиони евра затоа што инвеститорите сакаат стабилен и безбеден амбиент за вложувања. Можностите за развој на компаниите ќе се зголемат уште повеќе со членството на Македонија во ЕУ и затоа е важно да се продолжи европскиот пат. Овој пат носи подобар животен стандард за граѓаните, подобра работа за компаниите, дополнителни фондови за развој на нашата економија. Има уште многу што да се сработи“.

На оваа панел дискусија стопанствениците дадоа свои предлози за идни мерки кои им се потребни на домашните компании, како и конкретните чекори што треба да се преземат за да се осигура одржлива економска иднина за земјата, соопштуваат од Владата.

Ковачевски: Ќе поднесеме финансиски извештаи за чинењето на кампањата

Јас за мене знам кој ја работи мојата политичка кампања, изјави денеска претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, потенцирајќи дека за потрошените пари ќе бидат поднесени финансиски извештаи од партијата онака како што налагаат законите. 

Одговарајќи на новинарско прашање поврзано со тоа колку ќе чини кампањата на претседателскиот кандидат и за тоа кои стратези се ангажирани, Ковачевски посочува дека дека опозицијата бега од точните прашања.

-Сите одговори нашата политичка партија ги дава во делот на институционалната поставеност на државата. Опозицијата нема што да прави бидејќи бегаат од точните прашања. Сега прашуваат кој со кого се среќавал. Јас за мене знам со кого се среќавам и кој мене ми работи политичка кампања. А тоа кој ќе ги подготвува сите материјали што се однесуваат на изборите што ќе ги гледаме на билбордите на телевизија тоа ќе биде одлука на штабот и секако дека тоа ќе биде поднесено во финансиските извештаи на партијата согласно закон за политички партии и за избори, рече Ковачевски.

Во медиумите пишува, вели тој, за тоа кои стратези се во Македонија.

-Тие стратези се познати во светот на маркетингот. Секој може да се среќава со секого, дали со некого ќе работи или нема да работи, тоа е избор на тимовите кои учествуваат во подготвувањето на кампањите. Меѓутоа сите оние кои што се бават со политика декада-две и три знаат дека во светот, во регионот и во нашата држава постојат политички стратези и агенции кои се бават со политички маркетинг кои се ангажирани за различни изборни циклуси, така што сметам дека не се работи за никаква посебна тема. Тоа е најнормална тема, која е дел од секое предизборие, рече Ковачевски.

притисни ентер