Десет години се премногу за временото решение на мостот на Гемиџиите

Овие железни шипки, десет години, го потпираат мостот Гемиџии во Велес.

 Монтирани се поради оштетување кое се појави токму на спојката  на мостот со железничката пруга  Скопје -  Гевгелија.  Тогаш соопштија дека железните потпирачи ќе се користат како времено решение кое ќе го запре пропаѓањето додека мостот не биде реконструиран. Но тоа не се случи до денеска, велат граѓаните.

Мостот Гемиџии е дел од најфрекфентната сообраќајница во градот. Граѓаните минат и под мостот бидејќи таму има улица. На јужната страна на конструкцијата, по цела должина, е закачена цевка низ која мине водата од десната на левата страна во градот. Мостот има пукнатини и на уште неколку други места. Од јавното претпријатие  за државни паришта велат дека општината од нив веќе побарала помош. Тие испратиле проектанти и сега се чека да дадат решение .

Стручната проверка на состојбата на мостот Гемиџии ја направиле професори oд машински и градежен факултет од  Скопје. Со проектот што тие ќе го подготват ЈП ќе бара пари за реконструкција од државниот буџет.



притисни ентер