Денот на Армијта одбележан во касарните низ земјава

 Денот на Армијата, припадниците на Министерството за одбрана и Генералштабот, како и во командите и единиците во касарните низ Републиката, со свечени церемонии се одбележа празникот на Армијата.

Обраќајќи се на припадниците на Армијата, Генералот Ѓурчиновски истакна: „Во изминатата година, во која ја извршувам должноста началник на генералштабот, заеднички со Вас и поддршка од Министерството за одбрана ги реализиравме сите планирани задачи."

Притоа најавуви дека во периодот кој претстои, ќе се продолжи со спроведување на започнатите реформски процеси со поинтензивно темпо, со што ќе ги исполниме очекувањата од државното раководство и граѓаните кои несебично ни ја даваат довербата.

На денешната свеченост во генералштабот и командите и единиците по повод Денот на Армијата се соопштија наредби за унапредувања и беа врачени плакети, значки, благодарници и други стимулативни мерки за припадниците на Армијата и организации кои допринеле за развојот на МО и Армијата.

Во командите и единиците на Армијата беа организирани и тактичко технички зборови на која поканетите гости имаа можност да се запознаат со дел од оружјето, опремата и средставата со кои располагаат единиците.

Во склоп на свеченоста делегации предводени од Министерката за одбрана, Началникот на генералштабот и претставници од семејствата на загинатите бранители положија свежо цвеќе пред спомен обележјето на загинатите бранители пред Министерството за одбрана, а во касарните делегации положија свежо цвеќе пред бистите на Народните Херои чии имиња ги носат касарните.

Исто така, во текот на денот од страна на делегации од кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, министерсвото за одбрана и генералштабот со воени почести се положија венци со свежо цвеќе на партизанските гробишта, на гробот на загинатиот претседател Борис Трајковски, поранешниот претседател Киро Клигоров, како и на гробот на генерал Михаило Апостолски.

На свечениот собир на вработените Министерството за одбрана и Генералштабот присуствуваа: министерката за одбрана Радмила

Шекеринска и началникот на генералштабот, генералот Ѓурчиновски, заменикот на министерот за одбрана Беким Максути, заменикот на началникот на генералштабот, генерал-мајор Азим Нуредин, државниот секретар Драган Николиќ, НАТО канцеларијата за врски во Скопје, воени аташеи акредитирани во Македонија и други гости.

Централната свеченост по повод Денот на Армијата ќе се реализира на 18 август во Центарот за Обука на вода во Охрид, на која ќе присуствува највисокиот воен и државен врв, а пред присутните ќе се обратат Претседателот на Македонија и Врховен командант на Армијата, Стево Пендаровски и Министерката за одбрана Радмила Шекеринска./МИА

Волф ги кажа кандидатите од кои ќе ја бира замената за Хамилтон

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, изјави дека размислува за четири кандидати кои се потенцијална замена за Британецот Луис Хамилтон во 2025 година, пренесува „planetf1.com“.

- Оваа одлука нема да биде донесена во наредните недели или месеци. Сакам да ја следам ситуацијата на пилот-пазарот. Верстапен? Да, размислувам и за него, се гледа на нивото на неговите настапи. Но, не би сакал да ги намалувам шансите на другите, рече Волф.

Според изворот, покрај за Верстапен, станува збор за шпанските возачи Фернандо Алонсо од Астон Мартин и Карлос Сајнц од Ферари, како и за младиот Италијанец Андреа Кими Антонели, кој се натпреварува во Формула 2.

Хамилтон ќе му се приклучи на Ферари следната сезона. Тој ќе го заземе местото на Карлос Сајнц.

Триесет и деветгодишниот Британец вози за Мерцедес од 2013 година.

Вокер неизвесен за дербито со Арсенал

 Манчестер сити би можел да остане без дефанзивецот Кајл Вокер за неделниот натпревар од Премиер лигата против Арсенал.

Според „Sky Sports“, Вокер ќе биде подложен на проценка на тетивата. Првично се мислеше дека проблемот не е премногу сериозен, но се чини дека тоа не е така.

Во Сити исто така не се сигурни дали Џон Стоунс и Мануел Аканџи ќе бидат способни да играат.

Манчестер Сити ќе му гостува на Арсенал на 31 март во натпреварот од 29. коло на Премиер лигата.

Арсенал е лидер на табелата со 64 бодови, исто толку има и второпласираниот Ливерпул, Манчестер сити е трет со 63.

Почнува пријавувањето за 20. издание на Виз Ер Скопски Маратон

Пријавувањето за 20. јубилејно издание на Виз Ер Скопски Маратон почнува утрово во 9 часот и ќе трае до 20 септември до 23:59 часот. Право на учество имаат сите македонски и странски државјани. 

- Трката има ограничен број на учесници и пријавувањето може да се затвори, доколку се пополни предвидениот број на бројот на учесници, затоа побрзајте и пријавете се уште денеска, апелира организаторот на манифестацијата Сојузот на спортови на Скопје

Маратонот ќе се одржи 6 октомври со почеток во 8 часот.

Учесниците на маратон и полумаратон на стартот ќе бидат распоредени во четири стартни боксови според времето кое ќе го одберат при процесот на

пријавување, додека учесниците во штафетниот маратон и трката на 5км ќе бидат распоредени во стартни зони кои ќе бидат означени во зоната на старт со името на трката.

Трката има сертификат од Асоцијацијата за улични трки (AIMS) и се одвива според правила на Светска Атлетика (WA), и АФСМ.

Секој учесник што ќе стартува на Виз Ер Скопски Маратон ќе добие вредносен ваучер од 20 ЕУР од насловниот спонзор на трката, Виз Ер. Во стартниот пакет за сите трки е вклучена и маица, но ја добиваат само оние кои ќе се регистрираат до 29 август 2024.

притисни ентер