Денеска се регистрирани 72 нови случаи на Ковид 19, нема починати

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 5.759 тестирања, а регистрирани се 72 нови случаи на КОВИД-19.

Во Скопје – 20, Куманово – 14, Тетово – 10, Гостивар – 9, Битола – 7, Струмица – 5, Охрид – 3, Кавадарци, Струга, Кичево и Берово - по 1

Регистрирани сe 9 оздравени пациенти од: Скопје – 3, Куманово и Штип – по 2, Струмица и Кочани – по 1.

Не се пријавени починати лица.

Направени се 5.759 тестови преку: ИЈЗ-57, ЦЈЗ Скопје-37, ЦЈЗ Битола-107, ЦЈЗ Прилеп-39, ЦЈЗ Тетово–21, ЦЈЗ Куманово–50, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ 8-ми Септември-8, Институт за микробиологија–18, Жан Митрев (Филип Втори)-73, Авицена-193, Биотек-152, Систина-71, лабораторија Лаор-653, Синлаб-4, Ремедика-9, Плодност–40, Генеа–18, Никоб лаб-1.306, ВФВ Медикал-75, Ели Медика-13, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.814.

Досега во земјата се направени вкупно 982.469 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.452 бројката на оздравени пациенти е 150.371, на починати е 5.493, а бројот на активни случаи изнесува 588.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) , Активни случаи (вкупно)

Скопје 68917, Активни 183

Куманово 8959, Активни 71

Прилеп 8340, Активни 11

Тетово 7464, Активни 149

Битола 6335, Активни 25

Велес 5479, Активни 5

Гостивар 5235, Активни 45

Кавадарци 5160, Активни 4

Охрид 5030, Активни 11

Штип 4966, Активни 3

Струмица 4144, Активни 17

Струга 2988, Активни 7

Кочани 2799, Активни 5

Кичево 2617, Активни 16

Гевгелија 2197, Активни 2

Неготино 2184, Активни 0

Свети Николе 1528, Активни 3

Ресен 1234, Активни 0

Крива Паланка 1227, Активни 0

Радовиш 1164, Активни 3

Берово 1035, Активни 3

Делчево 974, Активни 1

Дебар 961, Активни 17

Виница 886, Активни 0

Пробиштип 789, Активни 0

Валандово 672, Активни 5

Богданци 494, Активни 0

Крушево 490, Активни 0

Демир Хисар 400, Активни 0

Демир Капија 396, Активни 0

Кратово 377, Активни 0

Македонски Брод 359, Активни 0

Пехчево 271, Активни 2

Македонска Каменица 249, Активни 0

Дојран 132, Активни 0

Одделение за односи со јавност

Министерство за здравство

Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци

 Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди швајцарски франци или 5,95 милијарди евра, соопшти денеска Државниот секретаријат за економски прашања на земјата (СЕКО).

Оваа бројка се однесува на вкупната вредност на руските средства замрзнати од Швајцарија од почетокот на војната во Украина до крајот на 2023 година.

Вредноста на замрзнатите руски средства во Швајцарија е помала отколку на крајот на 2022 година, кога изнесуваше 7,5 милијарди швајцарски франци.

„Вредноста на финансиските средства замрзнати во врска со санкциите против Русија изнесуваше 5,8 милијарди швајцарски франци на 31 декември 2023 година. Ова е за 1,7 милијарди швајцарски франци помалку од бројката пријавена за декември 2022 година. Покрај тоа, сега се блокирани 17 имоти во 7 кантони“ се вели во соопштението на СЕКО. /МИА

Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела

Хрватскиот министер за одбрана, Иван Анушиќ, денеска соопшти дека неделава во Хрватска ќе пристигнат првите шест од вкупно 12-те купени борбени авиони „Рафал“.

„Со историски прелет од Бордо до Загреб, пилотите на хрватското воено воздухопловство, кои беа обучени Франција, в четврток ќе ги донесат моќните ловци и нови заштитници на хрватскиот воздушен простор“, напиша Анушиќ на социјалната мрежа Х.

Тој додаде дека модернизацијата на воздушната флота е најголемата инвестиција на Владата и Министерството за одбрана во безбедноста на државата.

Во 2021 година Хрватска потпиша договор со Франција за купување на 12 половни француски борбени авиони „Рафал“ во вредност од 999 милиони евра.

Првиот авион беше преземен во октомври минатата година во француската воена база во Мон де Марсан.

Во Франција на обука беа испратени околу 90 членови на техничкиот и летечкиот персонал. /МИА

Рикен нов генерален директор на Борусија Дортмунд

 Поранешниот германски фудбалер Ларс Рикен (47) е назначен за нов генерален директор на Борусија Дортмунд, соопшти бундеслигашот

Рикен речиси целата своја играчка кариера ја помина во Борусија Дортмунд, а од 2001 година е на чело на клупскиот тренинг центар. На новата должност ќе стапи на 1 мај.

Рикен доаѓа на местото на Ханс-Јоаким Вацке, кој претходно оваа сезона најави дека ќе се пензионира на крајот од сезоната.

„Уверен сум дека со неверојатната сила на овој клуб ќе оствариме големи победи“, порача Рикен.

Борусија Дортмунд во моментов е петтопласирана во Бундеслигата, а на почетокот на мај ќе игра против Пари Сен Жермен во полуфиналето од Лигата на шампионите. /МИА

притисни ентер