Денеска се регистрирани 247 нови случаи на Ковид 19 , починати се 15 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 737 тестирања, а регистрирани се 247 нови случаи на ковид-19 

Во: Скопје-116, Куманово-4, Штип-12, Прилеп-23, Тетово-10, Струга-12, Велес-7, Битола-8, Охрид-14, Кавадарци-2, Гостивар-10, Струмица-6, Крива Паланка-3, Радовиш-2, Кочани-3, Пробиштип-5, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Кичево-6 и Ресен-2

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 321 оздравени пациенти од: Скопје-189, Куманово-12, Дебар-1, Штип-9, Прилеп-15, Тетово-8, Струга-5, Велес-1, Битола-3, Охрид-7, Кавадарци-5, Гостивар-3, Гевгелија-7, Струмица-16, Крива Паланка-6, Кочани-11, Пробиштип-2, Берово-3, Валандово-5, Свети Николе-4, Кичево-6, Ресен-2, Неготино-1.

Починати се 15 лица, двајца пациенти од Скопје (73 и 78г), еден од Куманово (68г), тројца пациенти од Тетово (60, 70 и 77г), двајца од Струга (73 и 75г), еден од Велес (58г), еден од Охрид (69г), еден од Кавадарци (71г), еден од Гостивар (71г), еден пациент од Гевгелија (76г) и двајца пациенти од Кочани (49 и 68г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 27199, бројката на оздравени пациенти е 18948, на починати е 934, а бројот на активни случаи изнесува 7317. Денеска се евидентираат два контролни теста од вчера, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 11592, активни 3490

• Куманово 2128, активни 322

• Дебар 321, активни 56

• Штип 1560, активни 204

• Прилеп 1110, активни 324

• Тетово 1932, активни 406

• Струга 785, активни 82

• Велес 514, активни 155

• Битола 550, активни 187

• Охрид 615, активни 170

• Кавадарци 431, активни 172

• Гостивар 1115, активни 150

• Гевгелија 332, активни 172 (18 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 47 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 742, активни 424

• Крива Паланка 207, активни 72

• Радовиш 203, активни 76

• Крушево 22, активни 2

• Кочани 648, активни 203

• Пробиштип 164, активни 32

• Демир Хисар 73, активни 11

• Македонски Брод 101, активни 5

• Пехчево 57, активни 9

• Берово 192, активни 53

• Валандово 92, активни 35

• Виница 163, активни 59

• Делчево 227, активни 128 (47 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 37, активни 11

• Свети Николе 452, активни 66

• Кичево 487, активни 124

• Ресен 226, активни 55

• Неготино 121, активни 62 (17 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 737 теста се преку: ИЈЗ-241, ЦЈЗ Скопје-42, Авицена-0, Биотек-0, МАНУ -129, Жан Митрев (Филип Втори) -146, Систина со PCR метода -142 , лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-24, Инфективна клиника-4, ГАК-9, Синлаб-0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 235.775 тестирања на Ковид -19.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 15 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 146 пациенти. На кислородна поддршка се 110 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 6 деца и 9 позитивни мајки, 5 деца и 4 мајки суспектни на ковид-19

Во ГОБ „8 Септември" има 2 приеми, а вкупно хоспитализирани се 47 пациенти. На респиратор се 2 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 60, а во болницата во Штип се 50 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија и Кавадарци се хоспитализирани 295 позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 171

• Гази Баба – 437

• Аеродром - 675

• Карпош – 528

• Центар – 508

• Кисела Вода – 413

• Ѓорче Петров – 287

• Бутел - 157

• Шуто Оризари – 28

• Студеничани – 9

• Сарај – 23

• Арачиново – 10

• Илинден – 60

• Сопиште – 31

• Чучер Сандево – 15

• Петровец –21

• Зелениково - 9

• Странец – 22

• Нераспределен- 86

Ковид Центарот на Клиничка Болница во Битола доби најсовремена опрема од Ротари Клубот

Донирани се пет хемодинамиски монитори за возрасни, деца и новородени, два бронхоаспиратори со вакум и четири протокомери за кислород во вредност од 2.144 390.00. 

Ротари Клуб Битола Широк Сокак, предаде во употреба најсофистицирана опрема во Ковид Центарот на Клиничка Болница Битола, а ова е најголемата донација во своето 12-годишно постоење, а воедно и една од најголемите донации на опрема во Ковид Центрите во земјава.

Донирани се пет хемодинамиски монитори за возрасни, деца и новородени, два бронхоаспиратори со вакум и четири протокомери за кислород во вредност од 2.144 390.00. Со оваа опрема пациентите згрижени во Ковид Центарот во Битола ќе добијат можност нивната состојба да се следи со помош на врвна медицинска апаратура на реномираниот производител Дрегер Германија .

Средствата се обезбедени од лични донации на членови на клубот кои се мечирани во Ротари Интеранационал , донации од партнерски Ротари клубови Логатец, и Љубљана 25 од Словенија, Галезбург Санрајз САД , Ротари Дистрикт 1912 , Ротари Дистрикт 2483 Р. Србија како и средства на граѓаните на Битола кои беа донирани за време на минатогодишниот Втор Битолски Новогодишен базар.

Инспирирани и поттикнати од оваа голема донација на Ротари Клубот Битола Широк Сокак , добавувачот Винора одлучи кон оваа донација да се приклучи и да ја надгради со донирање на опрема која е од витално значење во справување со пандемијата со Ковид 19 и тоа два апиратори на струја, два протокомери за кислород со овлажнувач, ларингоскопски сет, 20 маски за висока концентрација на кислород.

Еден од клучните елементи што оваа донација ја прави уште по значајна е фактот што се работи за апаратура која после завршување на пандемијата ќе биде ставена во функција во операционите сали на Клиничка Болница Битола.

Бурла: До крајот на 2021 год. ќе има повеќе вакцини против коронавирус отколку што се потребни

Извршниот директор на компанијата „Фајзер“ Алберт Бурла изјави дека е убеден дека до крајот на 2021 година ќе има повеќе дози на вакцини против коронавирус отколку што се потребни за борбата против пандемијата.

Правиме се што можеме да ги зголемиме производните капацитети, но проблемот е што мораме да ги зголемиме во наредните неколку месеци, вели Бурла на онлајн конференција.

Тој предупреди владите се уште да не ги олеснуваат мерките.

– Важно е да ја користиме вакцината како едно средство, рекол тој и додал дека несомнено е дека таа ќе биде најефикасна, со најдолг траен ефект.

– Времето кога ќе може да се вратиме во нормала не е далеку, но дефинитивно не е сега, навел тој.

Фајзер минатиот месец објави дека нивната вакцина е ефикасна околу 95 отсто. Велика Британија е првата држава на светот која ја одобри употребата на вакцина против коронавирус на Фајзер и Бионтек.

Канабисот отстранет од списокот на најопасни дроги на Обединетите нации

Комисијата на Обединетите нации за наркотици го отстрани канабисот од списокот на најопасни дроги, на кој се наоѓаат и хероинот и синтетичките опијати.

Одлуката ја поддржаа 27 земји, 25 беа против, а една беше воздржана.

Канабисот е опфатен со Единствената конвенција за опојни дроги во 1961 година. Тој беше вклучен во категорија што дозволува национални забрани за дроги со „особено опасни својства“.

Потегот на Комисијата на ОН за наркотици, чие седиште е во Виена, е преземен врз основа на препорака на Светската здравствена организација (СЗО).

Сепак, Комисијата не го легализира канабисот. Тој сè уште е наведен меѓу дрогите кои предизвикуваат „голема зависност и злоупотреба“.

Тоа значи дека производството и трговијата со канабис сè уште е ограничено на употреба во научни и медицински цели според меѓународното право.

притисни ентер