Денеска се одржува часот за планетата Земја и покрај пандемијата

Часот на планетата Земја, за време на која се гасат светилките на познатите згради и милиони домови ширум светот за да се подигне свеста за климатските промени, денеска повторно ќе се одржи, и покрај пандемијата на коронавирус.

Иницијативата беше покрената во 2007 година од страна на организацијата за животна средина WWF, со барање од жителите, деловните субјекти и локалните власти да ги исклучат светлата во 20:30 часот по локално време на еден час во нивниот град.

Организаторите одлучија дека иницијативата ќе продолжи и оваа година, иако светот е под влијание на пандемијата на коронавирус. Карантините ширум светот доведоа до големо намалување на загадувањето.

„За време на часот на Земјата 2020 година, луѓето ширум светот ќе го кренат својот глас за да повикуваат на еколошка акција во нивните земји“, соопштуваат од организацијата.

„Невидени дигитални настани ќе мобилизираат милиони луѓе преку интернет да учествуваат во часот на планетата Земја како никогаш досега“.

За да се придржуваат кон правилата за изолација, WWF предлага активности од дома, како што се друштвени игри под светло од свеќи.

Во Торонто промоција на книги на Крисанта Јанкула од Мала Преспа

 Во организација на литературното друштво „Браќа Миладиновци“ од Торонто, Канада, одржана е промоција на  три книги на наставничката по македонски јазик Крисанта Јанкула од Горна Горица, Мала Преспа, Албанија, јави весникот „Македониум“.

Станува збор за „Записи од мојот крај“, „Преспа под Албанија, Божја убавина“ и „Поезија и проза од мојот крај“.

Според весникот, промоцијата побудила голем интерес и внимание од македонската заедница во Торонто.

- Не можам да го опишам големо задоволство што сум меѓу Македонците во Канада. Горда сум што во текот на целиот мој работен век, но и сега со целото мое битие се залагам за заштита на мајчиниот македонски јазик, идентитет и традиции, рече таа на промоцијата.

Додаде дека записите од Преспа почнала да ги собира со цел традициите на Македонците да останат во наследство на другите генерации.

- Во мојата работа, голема помош имав и од моите ученици, кои помогнаа во прибирањето на метеријалот со изкази на нивните дедовци и баби, посочи таа.

Се до пензионирањето, Јанкула, наставник по македонски јазик, била во деветтолетката „Отпорот на Горичаните“ во Долна Горица, каде во одреден период била и директор.

Гризман се враќа на тренинзите во Атлетико Мадрид

Напаѓачот Антоан Гризман се врати на тренинзите со Атлетико Мадрид, објави „Marca“.

Триесет и двегодишниот Французин поради повреда ги пропушти мартовските натпревари на неговата репрезентација. За прв пат по 2017 година Гризман не играше за „триколорите“.

Оваа сезона Гризман одигра 38 натпревари на кои постигна 19 голови и имаше 7 асистенции.

Договорот на Французинот со Атлетико Мадрид е до крајот на јуни 2026 година.

Вулканот Ибу во централна Индонезија повторно исфрли пепел во висина од два километри

 Повторно е регистрирана ерупција на вулканот Ибу во провинцијата Северно Малуку во централна Индонезија, јавија индонезиските медиуми.

Вулканот исфрли пепел во висина околу два километри. Претходната ерупција беше на 26 март.

Локалните власти им забранија на жителите од регионот да се приближуваат до кратерот на растојание помало од два километри и ги повикаа луѓето да носат заштитни маски за да спречат респираторни заболувања.

Индонезискиот архипелаг, кој е најголем во светот, се состои од 18 илјади острови. Се наоѓа во таканаречениот огнен прстен на Пацификот, па во регионот е забележана силна сеизмичка активност. Во Индонезија има повеќе од 500 вулкани, од кои 130 се активни.

притисни ентер