Денеска се одбележува и слави споменот на Свети Климент, архиепископ Охридски

Духот на големиот верски празник се чувствуваше уште на портите на Соборниот храм, амбиенталната христијанска музика го исполни просторот на храмот со благосостојба и смиреност.

Денот на Св. Климент Охридски собра стотици верници на едно место, во добро расположение, дојдоа на литургија да го одбележат празникот на својот патрон.

Здравјето, среќата и бериќетот се најгласни во молитвите, но се повеќе се слушаат и оние за мирот... Верниците со длабок наклон се прекрстија, барајќи од Светецот и Бога благосостојба во животот.

-Се помоливме за здравје, за мир да има насекаде, низ целиот свет и за нашиот народ, македонскиот, за сите словенски народи и за сите други народи, за сиот свет, да нема војни./ Многу убаво, величенствено, ако сака човек да се почуствува исполнет треба да дојде во светиот храм да се помоли за здравје за сите, за фамилијата./

Близината до Бога е клучот за среќен живот, бидејќи не учи на вистинските вредности, па битно е децата уште од малечки да го разберат тоа, велат дел од верниците.

-Ако сведочиме ние лично како родители со наш пример, тогаш ќе ги почувствуваат и ќе ги разберат нашите деца, ако не сведочиме, се е попусто ако одиме во црква.

А, со по некоја молитва на литургијата беа и најмалечките верници.

-За здравје, среќа и успех./ Се помолив веќе, за здравјето, мое и на мојата фамилија/ – Исто како него за сите.

Светец и просветител, прв македонски архиепископ и творец на охридската школа, Св. Климент Охридски има посебно место во срцата на верниците од земјава. Велат овој празник е свет за сиот македонски и православен народ, го одбележуваат со децении, а неговото негување не смее да застане.

-Го одбележувам секоја година, 85 години го одбележувам – Писмото, зборот, тоа е Св. Климент наш, како Бог што е за сите луѓе, Св. Климент е за нас, македонците./ Тоа е наш светец, наш, македонски светец, тоа највише ми значи мене./

Свети Климент е просветител, но пред се е светител и чудотворец, Бог по заслуга им дава на светците моќ да прават чуда, а Св. Климент со својот начин на живот тоа го заслужил, вели Отец Сашо.

-Ширењето на верата и мисионерската дејност на Св. Климент била рамна на рамноапостолите кои ја ширеле.

Празникот го одбележа и државниот врв во универзитетската библиотека која го носи името на светецот, а на неговиот споменик пред објектот беше положено и свежо цвеќе.

Израел потврди дека ја добил листата на заложници

Израелската влада потврди дека добила список на заложници кои треба да бидат ослободени во текот на денот.

Хамас претходно објави дека денеска им ги предал на посредниците имињата на тројцата израелски заложници кои групата ќе ги ослободи во Газа.

-Бригадите Ал-Касам одлучија денеска, недела, 19 јануари 2025 година, да ги ослободат следните израелски затвореници, објави вооруженото крило на Хамас, објавувајќи ги имињата на трите млади жени киднапирани на 7 октомври 2023 година.

Камион натоварен со јаглен направи хаос во село во БиХ- урнати бандери, огради, куќи (ВИДЕО)

Невообичаена сообраќајна несреќа се случи денеска во Масловаре кај Котор Варош во БиХ, кога камион натоварен со јаглен изгубил контрола и оштетил делови од дворови на неколку куќи.

Како што може да се види на снимките, урнати се огради во неколку дворови, во еден од нив настрешница, а срушена е и бандера, што им направи дополнителни проблеми на мештаните, објави Независне.

Според локалните жители, се чини дека камионот превезувал руда од локалниот рудник, кој бил затворен со години, но неодамна повторно започнал со работа.

Во оваа несреќа за среќа нема повредени, а полицијата извршила истрага за утврдување на околностите на несреќата.

Министерот Минчев со честитка по повод Богојавление – Водици

Во мое лично име и во име на Министерството за јавна администрација, дозволете ми да Ви го честитам големиот христијански празник Богојавление – Водици.

Овој празник нè потсетува на значењето на верата, единството и љубовта меѓу луѓето.

Нека Богојавление донесе мир, здравје и благосостојба во Вашите домови.

Нека овој ден биде поттик за заедништво и зацврстување на врските во нашите заедници.

Со најискрени желби за радост и благосостојба,

Горан Минчев

Министер за јавна администрација

притисни ентер