Денеска пресуда за „Монструм"

 Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да биде изречена пресудата за случајот „Монструм", за петкратното убиство кај Смилковското Езеро на 12 април 2012 година.

Случајот „Монструм" го води судијата Огнен Ставрев, а застапници на обвинението се Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

Во завршен збор, обвинителката Фатиме Фетаи, побара максимални казни за обвинетите Халил Демири и браќата Африм и Агим Исмаиловиќ, обвинети за кривичното дело „тероризам”, односно директно извршување на петкратното убиство на пет лица кај Смилковското Езеро на 12 април 2012 година. За обвинетиот Фејзи Азири, пак, обвинителката Фетаи побара од Судот тој да биде прогласен за виновен за две кривични дела помагање на сторител во извршено кривично. За исти кривични дела, како Фејзи Азири, обвинет е и Хаки Азири. Во недостиг на докази дека го извршил кривичното дело „тероризам” од обвинение е ослободен Сами Лута.

Одбраната на обвинетите, во заврешен збор, рече дека случајот „Монструм" е целосно исконструиран и синоним на случајот „Драјфус", со тоа што има подалекусежни последици бидејќи шест невини лица беа осудени на доживотен затвор. Според нив, очигледно е дека обвинителството не обезбедило доволно докази и има само голи индиции и не ги докажува претпоставките за можен мотив.

Од друга страна, одбраната на семејствата на жртвите, во завршен збор на Судот му порача дека има обврска и кон семејствата, но и кон целата јавност да дадат одговор што се случило на 12 април 2012 година, и повторно побара екстрадиција на двајцата обвинети од Косово.

По завршните зборови на обвинителството, во Скопје се одржа протест на членови на семејствата и поддржувачи на обвинетит, на кој беше побарано разрешување на обвинителката Фатиме Фетаи и меѓународната заедница да интервенира за да има правда во „Монструм", каде според демонстрантите, се гонат невини луѓе.

Во претходна постапка за убиството на момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута. Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост.

По укинувањето на пресудите, предметот беше вратен на повторно судење и случајот во март 2018 гдина го презеде поранешното СЈО. Во септември 2019 година предметите на СЈО ги презема Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и беа доверени на јавните обвинители кои дотогаш постапувале по конкретните предмети.

Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога

Денеска во 00.55 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Н.(33) од Охрид, соопшти МВР.

Откако бил забележан од полициските службеници во неговото возило, тој фрлил кесичка со бела прашкаста материја која била пронајдена и одземена. Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

„Гответе со Дракче“ - Тортиљи со ајвар

Во петок (19.04.2024) во емисијата гостин ни беше Ленче Кукиќ.

Состојки за денешниот рецепт:

3 тортиљи

3 јајца

200 гр. сирење

100 гр. ајвар

зачини по желба

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Нападната база на проиранските милиции во Ирак, САД и Израел негираат вмешаност

ПМФ веднаш ги обвини Американците за нападот, кои исто толку брзо одговорија дека „коалициските сили во Ирак немаат никаква врска со оваа акција“.

Серија експлозии го разнеле штабот на Народниот фронт за мобилизација (ПМФ) на 50 километри јужно од ирачкиот главен град Багдад, само неколку часа откако припадници на проиранските милиции лансирале беспилотни летала кон израелската воздухопловна база во близина на Елиат.

Според првичните информации што ги објавија медиумите во Ирак, најмалку еден член на Народниот фронт за мобилизација, проиранска милиција која е дел од ирачките вооружени сили, е убиен, а десетина биле ранети во нападот на неидентификувани авиони врз базата во близина на Багдад.

ПМФ веднаш ги обвини Американците за нападот, кои исто толку брзо одговорија дека „коалициските сили во Ирак немаат никаква врска со оваа акција“.

И израелските власти негираат дека стојат за нападот, но офицери на ирачките воздухопловни сили изјавиле дека авионот, кој истрела проектили врз базата на проиранската милиција, најверојатно летал од правец на Јордан.

Израел вчера изврши напад на иранска територија, неколку дена откако Иран го нападна Израел со беспилотни летала и проектили кои главно беа пресретнати и уништени.

Техеран, пак, објави дека воената база во Исфахан била нападната со беспилотни летала лансирани од локација во Иран, поради што нема намера да изврши нов одмазднички напад против Израел.

САД, кои се обидуваат да ги убедат двете страни да го запрат бранот одмазднички напади, по израелската акција во Иран, оценија дека таквите операции завршиле. /МИА

притисни ентер